Невремето го одложи доделувањето на наградата „Роман на годината“


Фото: Б. Грданоски

Силното невреме во Скопје проследено со обилни врнежи и грмежи кој ги блокираше улиците во главниот град, го одложи вечерашното доделување на наградата „Роман на годината“ од 20 часот во кафе барот „Филхармонија“ (во зградата на Филхармонија на РСМ). 

Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021).
 
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ кој ја доделува наградата, дополнително ќе го соопшти новиот термин на врачување на наградата која годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари, а Генерален покровител, веќе петта година по ред е „Комерцијална банка“ АД Скопје.