Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието


  Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава. Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната […]

Фестивалот „Литера“ почна со Летен креативен камп во Богданци


Со летен креативен камп вчера во Богданци почна четвртиот Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Летниот креативен камп е најава за годинашниот патувачки карактер на „Литера“, како и за идејата за децентрализација на фестивалските настани, низ повеќе градови и населени места во земјава. Летниот камп се одржува во просториите на Графичката работилница во […]

Јакимовски најави инвестиции од 1,5 милијарди евра во Карпош


По речиси пет години, Општина Карпош од 10 август има деблокирана сметка, соопшти денеска градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски во обраќање во живо на Фејсбук. Првиот човек на Карпош информираше дека за овие девет месеци откако е повторно на функцијата, исплатени се 154.235.000 денари блокади, како и 2 милиони евра друг долг. – Во моментов […]

Регистрирани 590 случаи на Ковид-19, починати две лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на КОВИД-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, […]

(Фото) Мукаетов лично ги дочека и им честита на кадетите за успехот во Рига


Кадетската репрезентација на Македонија успеа да го освои ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија, откако во финалето триумфираше против Швајцарија. Избраниците на Раде Стојановиќ одиграа убедлив турнир, без пораз дојдоа до златото, а со тоа си обезбедија пласман на кадетските Европски и Светско првенство.  Овој пласман беше главната цел на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), поради […]

„Simply quartet“ вечер на „Охридско лето“


  Квартетот „Simply quartet“ вечер ќе настапи во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Членовите на ансамблот, виолинистите Данфенг Шен и Антониа Ранкенсбергер, Ксианг Лју на виола и виолончелистот Иван Валентин Холуп Роалд, како што соопшти националната установа „Охридско лето“, доаѓаат од Кина, Норвешка и Австрија. – Иако се релативно млад, интернационален […]

Чешка е земја во фокусот на „МакеДокс“ – пресек на документаристичката сцена


  Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје. Во рамките на програмата Земја во фокус е Чешка, а почесен гостин на фестивалот е познатата чешка документаристка Хелена Тшештикова, која ќе одржи и мастерклас на 20 август во „Europe House Скопје“. Програмата Земја во фокус ќе се […]

Тешко повредена 23 годишна девојка-пешак во која удрило возило „БМВ“


Тетовската полиција информира дека ноќеска тешко е повредна 23 годишно женско лице откако во неа удрило патничко моторно возило. Настанот се случил околу 21 часот и 50 минути на булеварот „Видое Смилевски-Бато“. -Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино.Во […]

Холивуд ѝ се извини на Домородната Американка која беше понижена на „Оскарите“ 1973 година


  САД– Академијата за филмски уметности и науки, којашто ги доделува „Оскарите“, ѝ се извини на Домородната Американка која беше исвиркана и исмејувана пред речиси 50 години на свеченоста на доделувањето, каде што дојде наместо Марлон Брандо. Апачи глумицата и активистка Сачин Литлфедер, била понижена на доделувањето на „Оскарите“ во 1973 година кога појасни дека […]

Изложба со слики на канадскиот уметник и охридски зет Мајкл Клос во Охрид


  Сликарството на патот на хуманоста“ е насловена изложбата со слики на канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос, што утре ќе биде отворена во „Прличевата одаја“ на охридската библиотека „Григор Прличев“. Десетина слики на платно за публиката, како што соопшти Библиотеката, ќе бидат достапни до петок. На македонската турнеја ова лето Клос своите уметнички […]

Истражување: Вегетаријанките имаат поголеми шанси да скршат колк


  Англија – Жените кои претпочитаат вегетаријанска исхрана имаат поголеми шанси и опасност да го скршат колкот во подоцнежна возраст во животот, покажува ново истражување. Според научниците, вегетаријанската исхрана е „често поврзувана со помал внес на хранливи материи погодни за здравјето на коските и мускулите“, откако нивните испитувања покажаа дека вегетаријанките имаат 33 отсто поголем ризик од […]

Се самоуби познатиот доктор кој сексуално злоставуваше пациенти


  САД- Некогаш истакнат невролог, осуден минатиот месец за сексуално злоставување на пациенти, се самоуби во понеделникот во затвор во Њујорк. Д-р Рикардо Кручиани (68) беше пронајден како не реагира во туш кабината во центарот Ерик М. Тејлор, затвор во озлогласениот комплекс на островот Рикерс, велат анонимни извори. Адвокатот на Кручиани, Фредерик Сосински, во изјава […]

Ентони Дод Ментл влегува во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“


Четириесет и третото издание на фестивалот „Браќа Манаки“ го наградува со Златна камера 300 за животен опус, истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл. Со изборот да му ја додели оваа престижна награда на Дод Ментл, фестивалот доследно продолжува да гради традиција – на предходни лауреати на Специјалната Златна Камера 300, кои ја освоиле во својата […]

Паѓа бројот на новозаразени од Ковид-19


  Минатата недела се регистрирани сe 3.477 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е намалување за 8,7 отсто во споредба со претходната седмица. Направени биле 7.682 тестови, а процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4, просечно 43,6 отсто. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 8 до 14 август, […]

Адвокатите на Асанж ја тужат ЦИА


САД–   Американските адвокати на основачот на Викиликс Џулијан Асанж објавија дека поднеле тужба против ЦИА и нејзиниот поранешен директор Мајк Помпео, обвинувајќи ги дека ги снимале нивните разговори и копирале содржина од нивните телефони и компјутери. Адвокатите и двајцата новинари кои се приклучија на тужбата се Американци и тврдат дека ЦИА им го прекршила уставното […]

Американското Министерство за правда се спротивстави на објавување документ со причините за претресот на имот на Трамп


  САД –    Американското Министерство за правда се спротивстави на објавувањето на судски документ со кој на јавноста би и биле презентирани причините за претресот на имотот на Доналд Трамп на Флорида. Операцијата на федералната полиција во Мар а Лаго создаде политичка бура во САД. Тоа е првпат да се случи вакво нешто со […]

Скандинавските земји ќе ја продлабочуваат соработката на полето на безбедноста мотивирани од руската агресија


  Норвешка– Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да градат уште поблиска соработка на полето на безбедноста и одбраната во иднина, а на тоа ги поттикна руската инвазија на Украина, јави ДПА. – Веруваме дека нордиската интеракција е поважна од кога било во овие времиња, изјави  норвешкиот премиер Јонас Гаре Сторе по состанокот со неговите […]

На ГП Богородица и на Табановце се чека до 40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30-40 минути. На ГП Табановце се чека околу 20-30 минути за влез во државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. […]

Турската централна банка повторно ќе одлучува за каматните стапки в четврток


Турција –  Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер. Банката од почетокот на годината ја задржа основната каматна стапка непроменета на ниво од 14 отсто. Финансиската институција минатиот месец повторно одлучи да не ја менува основната […]

Нов закон за помилување за да нема политички злоупотреби


  Во Министерството за правда во завршна фаза е текстот на новиот закон за помилување, за којшто, како што се најавува, во најскоро време ќе биде подготвена драфт – верзија. Најзначајната измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени […]