Настапи на Игор Џамбазов, Петар Грашо, Ареа, Љубојна и Нокаут во Македонска Каменица


Во Македонска Каменица во тек се завршните подготовки за тридневниот спортско-музички настан што ќе се одржи од 7 до 9 октомври годинава, а на кој се предвидени неколку концерти на познати музички имиња од земјава и странство.

Настанот како што информираа организаторите е продолжение на најаваните концерти во рамки на Каменичко културно лето, кои поради тридневната жалост во Македонска Каменица на крајот од август, беа презакажани за овој месец.  

  – Во рамки на настанот на градскиот плоштад, на 7 октомври концерт ќе одржат  Игор Џамбазов и Гуру Харе и главната ѕвезда ма вечерта, хрватскиот поп пејач Петар Грашо. Следниот ден на 8 октомври се концертите на Ареа, Љубојна и Нокаут. Настанот ќе го отворат КУД „Вера Јоциќ“ и група „Ајдара“, информираа организаторите.

Следниот ден, како што додадоа ќе биде резервиран за спортските настани, кои исто така беа одложени.

– На 9 октомври ќе се одржат велосипедската тура Tour the Kalimanci Lake и првата градска ноќна трка на 5 и 10 километри Kamenica Night Run. На посетителите од Македонска Каменица и регионот им ветуваме добра забава со познатите музички изведувачи. Настаните се во организација на Културно-информативниот центар ,,Романса”, со поддршка од Рудник „Саса“ и Општина Македонска Каменица.