Почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница
По кусо боледување денеска почина Виктор Мизрахи (1950), долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Северна Македонија и поранешен почесен конзул на Израел. Тој активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски […]