Гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе се обрати на панелот „Мерливоста на вредностите: економски визури“


Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска ќе се обрати на првиот панел од дебатата „В/РЕДНОСТИ и ВРЕДНОСТИ“, насловен „Мерливоста на вредностите: економски визури“. Панелот, како што информира Народната банка, ќе биде посветен на процесот на досегашната економска трансформација и создадените вредности низ тој процес, улогата на меѓународните финансиски институции, како и идните перспективи и предизвици во контекст на забрзаната инфлација и забавувањето […]

Мајката на Северина: „Милан објаснува што се случи во мојата куќа. Срам да му е“


„Сето тоа ме боли бидејќи гледам како живее. Демнење, малтретирање, тужби, поткупување луѓе, најлошите методи КБГ ги применува за мојата Северина и луѓето околу неа“, го обвини Ана Вучковиќ Милан Поповиќ. Линк до целиот текст на Глориа.хр тука  

„Mини Ирина Тошева“ – прв моден бренд за миленици кај нас


ЈП Лајка и македонската модна дизајнерка и огромен љубител на животни, Ирина Тошева потпишаа меморандум за меѓусебна соработка. Во текот на следните месеци во соработка со Тошева ќе се организираат неколку активности, меѓу кои и моден настан на уникатни парчиња облека и додатоци за миленици изработени од текстилни остатоци и рачни доработки, со што ќе […]

Најмногу дожд во Крива Паланка 33 литри, 16 во Скопје


Во текот на ноќта времето беше претежно облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено во источните делови, процесите беа поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и електрични празнења. Утрово е облачно со слаб локален дожд, информира УХМР. Најмногу дожд наврна во […]

Бајден ќе го открие портретот на Обама во Белата куќа. Традицијата ја прекрши само Трамп


САД-  Помина повеќе од една деценија откако претседателот Барак Обама и неговата сопруга Мишел ги пречекаа Џорџ В. Буш и неговата сопруга Лора за откривањето на нивните портрети од Белата куќа, дел од саканата традиција на Вашингтон што за децении успеаја да ја надминат партиската политика. Претседателот Џо Бајден и неговата сопруга Џил се подготвени […]

Брод со жито од Украина го запре сообраќајот на Босфор


Турција – Товарен брод со повеќе од 3.000 тони пченка од Украина вчера се насука во Истанбул, поради што беше запрена пловидбата во Босфор. Ова е прв ваков инцидент по потпишувањето на договорот во јули за извоз на жито од блокираните украински пристаништа. Канцеларијата на гувернерот на Истанбул и бродската компанија соопштија дека 173-метарскиот брод „Лејди Зехма“ бил безбедно закотвен […]

Влатко Стефановски специјален гостин на Македонската вечер во рамки на Отворен Балкан во Белград


  Лидерски самит на претседателот Република Србија Александар Вучиќ и на премиерите на Република Северна Македонија и на Албанија Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и Македонска вечер, чиј домаќин е македонскиот премиер, ќе се одржат денеска во рамки на иницијативата Отврен Балкан, што втор ден се одржува во Белград. Како што јави дописникот на […]

Денови на македонска култура во Шибеник


Почнувајќи од денеска, па во наредните четири денови, ќе се одржат бројни содржини од културен карактер, во рамките на програмата Денови на македонска култура во Шибеник. -Невладината организација Хрватско-македонска тангента на јавноста ќе и понуди вистинско книжевно, музичко и ликовно уживање. Отворањето ќе се случи на 2 септември во Музејот на град Шибеник со промоција […]

Продолжува дебатата за предлозите за уставни судии пред матичната собраниска Комисија


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Вчера попладнето членовите на Комисијата ја завршија расправата за предлогот за судија во Уставниот суд Татјана Васиќ Бозаџиева, третиот од вкупно девет кандидати. За предложената кандидатка […]

Голем интерес за „Најсреќниот човек на светот“ во Венеција – продадени сите карти за проекциите


  Македонскиот игран филм „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска е селектиран во програмата Хоризонти на филмскиот фестивал во Венеција, информираат од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. По премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски во 2001 година, ова е прв македонски филм што ќе доживее своја премиера во една од официјалните натпреварувачки програми. Филмот […]

Украина, намалување на последиците од кризата и енергетската безбедност – приоритети во претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 година


  Конфликтот во Украина, намалување на последиците од кризата, енергетската безбедност, како и безбедноста на храна и вода се главни приоритети во претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера во Виена претставувајќи ги приоритетите на нашето претседавање со Организацијата рече дека прелиминарните приоритетни цели се […]

Патнички хаос за илјадници луѓе поради штрајкот на пилотите на Луфтханза


Германија– Германската авиокомпанија Луфтханза ги откажа скоро сите свои закажани летови за денеска поради штрајк на нејзините пилоти. Со штрајкот се погодени околу 130.000 патници на повеќе од 800 летови од центрите на авиокомпанијата во Франкфурт и Минхен. Од патниците е побарано да не патуваат до аеродромот, туку да се префрлат на воз или да ги пререзервираат летовите на некој друг ден. […]

Државата апелира да се штеди струја, обезбедени 50 милиони евра за поголемо производството


  На ЕСМ од вчера и се на располагање 3,1 милијарда денари или околу 50 милиони евра за да го зголеми производството и да обезбеди дополнителни количини електрична енергија. Компанијата апелира да се почитуваат мерките за штедење струја. Секој заштеден киловат час, укажува ЕСМ, ќе значи помалку трошење јаглен, мазут и гас. И државата повикува […]

Изложба на фотографии „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски


Концептуалната изложба на фотографии „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје. Според Валентина Матовска, песната „Убавите жени“ на Блаже Конески за Славчо Максимовски претставува мотив за создавање на овие дела. – Следејќи го академскиот пат на Славчо Максимовски низ мојата перцептивна призма преточена низ збор, […]

Променливо облачно и нестабилно, локално со дожд, град и силен ветер


  Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе опадне за 5 до 7 […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 2 септември 2022 година, 240-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 125 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 58 минути, а ќе зајде во 19 часот и 8 минути. Денов трае 13 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

ЕМА одобри две верзии вакцини против Омикрон сојот на коронавирусот


  Белгија– Агенцијата за лекарства на Европската унија (ЕМА) денеска одобри верзии на вакцини против коронавирусот прилагодени на омикрон сортата, развиени од фармацевтските компании „BioNTech/Pfizer“ и „Moderna“. Агенцијата појасни дека Комитетот за хумани медицински производи на ЕМА препорачал одобрување две вакцини приспособени да обезбедат поширока заштита од Ковид-19 како засилувачка доза. Вонредната седница на Агенцијата […]

Силна и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на нашата земја


Министерот за надворешни работи Бујар Османи,  денеска за време на работната посета на Виена, оствари билатерална средба со сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг. На средбата, како што соопшти МНР, беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји како и заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските […]

Од струен удар животот го загуби 22 годишник од тетовско Боговиње


Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај на 22 годишник од Боговиње, кој животот го загубил поради повреди здобиени од струен удар. Трагичниот настан се случил во соседното Камењане, каде 22 годишниот работел како градежен работник. – Денеска (1 септември) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека […]

Јубилејното издание на ФКТ “Ристо Шишков“ ќе се одржи од 8 до 13 септември


Триесеттото, јубилејно, издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања, седум од земјава и две од странство, Бугарија и Косово. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, варијација на […]