Состојба на патиштата


ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБА НА ПАТНИ ПРАВЦИ И ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ 06:00 часот ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Магистралниот пат Струмица – Радовиш пат е во прекин и се пренасочува по регионален пат, поради случена сообраќајна незгода. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Крива Паланкa кој не се задржува на […]

Лајчак и Ескобар денеска во Белград


Србија – Во Белград денеска ќе престојуваат специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар. Лајчак ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа ќе им се придружи и Ескобар, специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан. По […]

Репортери без граници: Зголемен бројот на новинари во затвори, годинава 533


Франција – Бројот на  новинари во затвори годинава е 533, се наведува во годишниот извештај на невладината организација „Репортери без граници“. За споредба, лани бројот на новинари кои завршија во затвор беше 488. Зголемен е и бројот на убиени новинари. Годинава се 57. Лани беа 48, а во 2020 година – 50. Повеќе од половина од […]

САД обвинија пет Руси и двајца Американци за заговор во интерес на руската Влада


САД – Американските власти обвинија пет Руси и двајца Американци за заговор за снабдување и перење пари во име на Владата во Москва. Министерството за правда во Вашингтон соопшти дека осомничените се обиделе да добијат од американски компании технологија за воена употреба за рускиот одбранбен сектор. Тие, исто така, се тврди дека заговориле шверц на снајперска […]

Словенечко-македонски форум за економска соработка


Словенечко-македонски форум за економска соработка денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Стопанската комора на Северна Македонија по повод  30 години економска соработка меѓу двете држави. На бизнис форумот ќе учествуваат и министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за стопанство и технолошки развој на Република […]

Завршна изложба на инклузивниот проект „Замисли желба“


Во просториите на Чифте амам денеска ќе се одржи завршна изложба на инклузивниот проект „Замисли желба“. Едукативното одделение на Национална галерија на Република Северна Македонија изминатиов период организираше креативни работилници со тема врзана со претстојните празници. Тематски мотив на работилниците, како што велат од Националната галерија, беше изработка на лампиони и други декорации. -Материјалите за […]

Стратегија за борба против корупцијата има, недостига пракса и ефикасен правосуден систем 


Од 2021 година има сеопфатна државна стратегија за борба против корупцијата, една од ретките која што ја усвои Собранието, но јасно е оти не е се до стратешките документи, туку е до праксата што се применува во институциите. Работата на обвинителството и особено на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е […]

Промоција на кумот и здравичарот за Бадник 2023


Здружението на граѓани – Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, денеска во салата за состаноци на Советот на Општина Центар ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2023. Промоцијата, како што велат организаторите, ќе биде можност за дружење и запознавање со членовите на Одборот, кои ги прават завршните подготовки за 31-та средба […]

Облачно и студено


Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во западните делови, врнежите наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал […]

(Фото) Новогодишна магија во еден македонски град – дали ова е единствената украсена општина во Македонија?


Сивилото во македонските општини и градот Скопје од кои најголем дел не се украсени го отскокна општина Крива Паланка која буквално блесна во новогодишната магија.   Линк до овој текст тука

Астрономски календар


Денеска е среда, 14 декември 2022 година, 348-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 17 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 54 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа 8 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее […]

Марго Роби и Том Круз се најплатени актери во Холивуд за 2022


САД- Со месеци се зборува за новиот филм на Грета Гервиг, Барби. Откако беа објавени тие првични фотографии од сетот, вознемирените обожаватели се обидуваат да откријат за што точно ќе биде овој филм (а во меѓувреме дури и се облекуваа како легендарната кукла на Mattel). Но, има друга причина поради која Барби ги фаќа насловите, […]

Тејлор Свифт, Ријана и Леди Гага номинирани за „Златен глобус“


САД– Три од најголемите ѕвезди во поп пантеонот – Тејлор Свифт, Ријана и Леди Гага – ќе се натпреваруваат една против друга не на Греми следната година, туку на Златните глобуси, за најдобра оригинална песна. Категоријата ја предводат „Hold My Hand“ на Леди Гага од „Top Gun: Maverick“, „Lift Me Up“ на Ријана од „Black […]

Од Леди Гага до Били Ајлиш: 82 песни во трката за Оскар 2023


САД– Осумдесет и две песни од овогодинешните филмови се квалификуваа за учество во конкуренцијата за Оскар во 2022 година, дознава Variety. Речиси сите најзборувани песни се најдоа на листата, вклучувајќи ги „Hold My Hand“ на Леди Гага од „Top Gun: Maverick“, „Lift Me Up“ на Ријана од „Black Panther: Wakanda Forever“, „Ciao Papa“ од „ […]

Хрватски вицепремиер: Годинава евидентирани десет проценти повеќе кибер напади 


Хрватска –  Во првите 11 месеци од годинава се забележани 10 отсто повеќе кибер напади во споредба со истиот период лани, изјави денеска хрватскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Давор Божиновиќ на Конференцијата за безбедност на информациските системи. – Опасноста од кибер закани постојано расте, имајќи предвид дека криминалците истражуваат нови техники и процедури за […]

Лондон воведува дополнителни санкции против руски команданти и ирански бизнисмени


Англија– Велика Британија објави нов пакет од 16 санкции насочени кон командни офицери на руската армија и ирански бизнисмени, соопшти денеска Владата во Лондон. Одлуката доаѓа во мигови на засилени руски напади врз Украина, насочени кон клучната енергетска инфраструктура. Новите санкции се насочени кон „високи руски функционери поради нивната улога во руската армија и нејзината […]

Министерството за труд и социјала добива најмногу пари од Буџетот, во 2023 пензиите ќе се зголемат два пати


Планот на Министерството за финансии за трошење на парите од државната каса е пред пратениците, а документот кој ги содржи деталите за парите кои државата планира да ги собере, но и да ги потроши во текот на следната година, ќе се разгледува на пленарна седница. Линк до текстот тука

Последниот танц на легендарниот Лука Модриќ


Лука Модриќ повторно ја доведе хрватската репрезентација до полуфиналето на едно СП. И на 37 години, тој и натаму е играч на одлука. А против Аргентина, неговите „Огнени“ немаат од што да се плашат. Линк до текстот тука

Намален бројот на заразени со Kовид-19, растат бројките на заболени од грип


Минатата недела за 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип, во споредба со претходната недела, а највисока инциденца е регистрирана кај возрасната група од 5-14 години, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во периодот од 28 ноември до 4 декември регистрирани се 58 случаи на групни пријави за заболени од […]

Лајчак во посета на Белград и на Приштина


Србија – Специјалниот претставник на ЕУ за Дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак доаѓа во Белград за да разговара со Александар Вучиќ и претставници на властите во Србија за актуелните тензии на Косово. После тоа со истата задача тој патува во Приштина, јави дописникот на МИА од Белград. Лајчак во текот на денот во Брисел […]