Леброн Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на НБА


САД – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се запиша во историјата на НБА-лигата како најефикасен играч. Триесет и осумгодишниот Американец постигна 36 поени на натпреварот со Оклахома одигран изутринава во Лос Анџелес. Леброн сега има 38.388 поени на своето конто. Тој го собори рекордот на Карим Абдул-Џабар од 38.387 поени во текот на неговата кариера. […]

Сообраќајот тековно и без застои


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Трамп за говорот на Бајден: Не води до работ на Трета светска војна


САД–  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изнесе салва од напади врз претседателот Џо Бајден, остро осудувајќи го неговото обраќање за состојбата на нацијата. Додека салата во Претставничкиот дом полека се празнеше, тимот на Трамп објави на Твитер претходно снимено видео од неговиот „одговор“ за состојбата на нацијата. Трамп го обвини Бајден дека „не доведе до работ […]

Без струја делови од повеќе скопски општини, без вода дел од Карпош


Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Бутел, Сарај, Кисела Вода, Аеродром и Петровец. Од 11 часот до 12 часот […]

Министерот Сали во посета на Универзитетските клиники за хируршки болести и за неврологија


Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе ги посети Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ и Универзитетската клиника за неврологија.   Како што соопштија од Министерството за здравство, посетата на министерот Сали е по повод обезбедена нова медицинска опрема со поддршка од Светска банка.

Бајден во говорот до нацијата повика на единство во остро поделениот Конгрес и вети поддршка за Украина колку што и ќе и биде потребна


САД– Американскиот претседател Џо Бајден во својот редовен годишен говор за состојбата во нацијата ноќеска повика на единство во остро поделениот Конгрес, го пофали зголемувањето на работните места, а ги допре и темите за војната во Украина и стратешката конкуренција со Кина. На големиот годишен говор за општата политика, во кој секој американски претседател ја […]

Сончево и студено


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен […]

НОБ со балетот „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив


Во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, синоќа гостуваше Националната опера и балет на Република Северна Македонија со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”.   На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.   Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, […]

Денови на канадската литература


Издавачката куќа Феникс во соработка со Канадската амбасада од денеска до 15 февруари организира „Денови на канадската литература“.   Како што е најавено, на денешното свечено отворање на манифестацијата во Друштвото на писателите на Македонија, ќе присуствуваат високи претставници од Канада и Канадската амбасада, како и претставници од повеќе македонски издавачки куќи. Притоа, ќе бидат претставени […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 8 февруари 2023 година, 39-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 326 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 39 минути, а ќе зајде во 16 часот и 57 минути. Денов трае 10 часа и 17 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее […]

Салман Ружди за „Њујоркер“: Среќен сум што преживеав


САД- Благодарен сум и среќен што го преживеав нападот, вели славниот ирански писател Салман Ружди во првото интервју по нападот на 12 август лани во Њујорк, кога на сцена за време на предавање беше прободен од еден маж. Денеска излезе неговиот нов роман „Градот на победата“ , а Ружди на Твитер ја објави првата фотографија […]

Ѓоргиевска: Со поврзување на жените научнички во општеството, до синергија и нивна поголема застапеност


На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а по повод Меѓународниот ден на жените и девојките научнички, денеска се одржа панел дискусија во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ во рамки на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ при УКИМ. Обраќајќи се пред присутните, сопругата на претседателот изрази задоволство […]

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка


Англија – Поранешниот премиер на Велика Британија сер Џон Мејџор (79) денеска пред Вестминстерскиот комитет изјави дека Британија направила „голема грешка“ кога ја напуштила Европската Унија. Мејџор рече дека иако не е „голем еврофил“, тој верува дека Британија била посилна кога била во ЕУ, објави Блумберг. Заменик-претседателот на Алијансата Стивен Фери го праша Мејџор дали би […]

Попова Шапка домаќин на државното првенство во сноуборд и “ФИС Сноуборд Куп 2023”


Денес и утре (07 и 08.02.2023), Попова Шапка е домаќин на државното првенство во сноуборд на Македонија и “ФИС Сноуборд Куп 2023”, во организација на Скијачката федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (ФИС), и сноуборд клубот XMKD. На државното првенство ќе учествуваат повеќе од 50 натпреварувачи од повеќе земји, меѓу кои се: Македонија, Србија, Бугарија, […]

Донации во Скопје по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија


На пункт на плоштадот Македонија отворен по разорниот земјотрес во Турција и Сирија, граѓани можат да донираат облека, храна, хигиенски средства и се она што им е неопходно на луѓето погодени во земјотресот. Пунктот е отворен 24 часа. МИА беше во посета на пунктот, каде разговараше со Ердем Демирел, кој има 22 години и е […]

УНЕСКО ги проценува оштетувањата на локалитетите на културно наследство во Турција и Сирија


Франција – Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) денеска соопшти дека започнала прелиминарна проценка на оштетувањата на локалитетите на културното наследство во областите на Турција и Сирија погодени од разорниот земјотрес, со цел нивно брзо стабилизирање. Агенцијата на ОН изрази „посебна загриженост“ поради ситуацијата во древниот сириски град Алепо, кој е на листата […]

Граѓаните од Автокоманда попладнево ќе го блокираат булеварот Александар Македонски, сакаат греење 24 часа


Жителите од Автокоманда своето незадоволство поради изменетите услови во испораката на топлинска енергија и поради промената на снабдувачот, денеска попладне ќе го искажат со блокада на булеварот Александар Македонски. Граѓаните повикуваат на масовно присуство на протестот, кој започнува во 18 часот на семафорите кај “Бакс“. оради протестот, МВР извести дека денеска во периодот од 18 […]

УНЕСКО ќе отвори канцеларија во Охрид


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во рамките на официјалната посета на Париз, оствари средба со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура, и со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо.  „Во Охрид ќе отвориме канцеларија на УНЕСКО со што ги потврдуваме нашите заложби за јакнење, управување и промоција во зачувувањето на статусот на […]

Хари Стајлс со четири номинации за „Брит-наградите“ на 11 февруари: Еве ја целата листа


Англија– Номинациите за овогодишните „Британски музички награди“ (Brit Awards) предизвикаа лавина коментари на интернет, откако ниту една жена не беше номинирана во категоријата „Најдобар изведувач“. Во трката за тоа признание се Стормзи, Централ Си, Фред Аген, Џорџ Езра и Хари Стајлс. „Брит-наградите“ одлучија да ги укинат родовите категории од 2021 година, заради поголема „инклузивност“, што беше […]

Почина Хилари Александер, легенда на британското модно новинарство


Англија– Хилари Александер, ветеран на британското модно новинарство и поранешен моден уредник на Дејли Телеграф, почина на 5 февруари, на нејзиниот 77-ми роденден. Британскиот Вог ја објави веста, а главниот уредник Едвард Енинфул ја опишува Хилари како една од „оригиналните модни новинари од старата школа“. “Се сеќавам дека беше многу љубезна кон мене кога првпат […]