Топ-25 листа најпривлечни туристички знаменитости во Европа


 Списанието „Травел & лејжр“ (Travel & Leisure), со мрежа од стотици објавувачи и фотографи ширум светот, редовно на своите читатели им овозможува увид во најдобрите места за туризам, престој, јадења, истражување… На топ-листите, покриени се големи и мали градови, докажани дестинации, плажи и езера, планини и долини, национални паркови, можности за крстарења, врвни гастрономски искуства. …

Топ-25 листа најпривлечни туристички знаменитости во Европа Read More »

Принцот Хари може да ја загуби американската виза


САД– Признанието на британскиот принц Хари дека во минатото користел дрога, може да ја загрози неговата американска виза и престојот во САД, тврди американскиот адвокат и поранешен федерален обвинител Неама Рахмани. Како што пишува „Дејли мејл“ (Daily Mail), принцот во своите Мемоари признава дека земал кокаин, марихуана и халуциногени печурки. Конзервативната тинк-тенк фондација „Херитиџ“ од Вашингтон …

Принцот Хари може да ја загуби американската виза Read More »

(Во живо) Годишна конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа


 Народната банка денеска и утре ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите. Настанот се одржува во Скопје, а поздравни обраќања ќе имаат гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Хрватска Народна банка Борис Вујчиќ. Настанот првпат се организира во Република Северна Македонија …

(Во живо) Годишна конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа Read More »

На американскиот Самит за демократија ќе учествуваат 120 лидери


САД – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испрати покани до 120 светски лидери за вториот Самит на демократијата, што е закажан за следната недела. Неименуван претставник на американската администрација изјави дека поканети се и претставници од осум земји кои не беа на првиот Самит на Белата куќа во 2021 година. Босна и Херцеговина, Гамбија, Хондурас, Брегот на Слоновата Коска, Лихтенштајн, …

На американскиот Самит за демократија ќе учествуваат 120 лидери Read More »

50 години од постоењето на Лекторатот по македонски јазик во Париз


 Лекторатот по македонски јазик во Париз, кој е најстар и постои 50 години, денеска ќе го одбележи јубилејот со меѓународен симпозиум на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во француската престолнина. Како што соопшти Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), на симпозиумот ќе …

50 години од постоењето на Лекторатот по македонски јазик во Париз Read More »

Најскапиот дворец во светот се наоѓа во Лондон, чини 285 милиони евра


Англија – Замокот „Холм“ во Лондон, Велика Британија, е ставен на продажба. Се нуди за 250 милиони фунти, т.е. речиси 285 милиони евра, што го прави најскапиот имот во светот. Дворецот се наоѓа во Риџентс Парк – еден од осумте кралски паркови во англиската престолнина. Ако замокот се продаде по оваа цена, тоа ќе биде најпрофитабилниот …

Најскапиот дворец во светот се наоѓа во Лондон, чини 285 милиони евра Read More »

Самит на ЕУ посветен на Украина


Белгија – Претседателот на Советот на Европска Унија, Шарл Мишел испрати писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ, во кое ги покани на Самитот закажан за денеска и утре во Брисел. Мишел преку писмо ги информира лидерите на ЕУ дека главна тема на разговор денеска ќе биде Украина. Самитот ќе почне на работен ручек со генералниот …

Самит на ЕУ посветен на Украина Read More »

Најбрзиот пат кон ЕУ напредокот во реформите, повици за вклученост во процесите од сите партии


Пристапувањето во Европската унија мора да биде процес во кој има согласност меѓу сите политички партии, и од власта и од опозицијата, а најбрзиот пат кон Унијата се напредок во реформите, уставните измени се суверена одлука на државата, порачуваат претставниците на ЕУ. Од Владата, пак, порака дека одговорност за овозможување продолжување на пристапниот процес има …

Најбрзиот пат кон ЕУ напредокот во реформите, повици за вклученост во процесите од сите партии Read More »

Детска балетска претстава Петар Пан во НОБ


Во Националната опера и балет на 31 март премиерно ќе биде изведена детската балетска претстава Петар Пан во режија и кореографија на Ирена Лозинска. Детали за претставата ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција. Сценариото и сонговите за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо …

Детска балетска претстава Петар Пан во НОБ Read More »

Отворање на изложбата „Современа скулптура“ на ДЛУМ


Изложба „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер ќе биде отворена во Уметничкиот центар „Арт Хаб“. Изложбата е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи за современата скулптура. Како што соопшти ДЛУМ, уметниците истражуваат и експериментираат низ формата и изразот, а нивните креативни …

Отворање на изложбата „Современа скулптура“ на ДЛУМ Read More »

Неделата на франкофонски филм ја отвора романскиот „Радио Метроном“


Со прикажувањето на романскиот филм „Радио Метроном“ (2022), на режисерот Александру Белк, вечер во Кинотеката на Северна Македонија, во рамките на месецот на Франкофонијата, почнува Неделата на франкофонски филм.  Манифестацијата е во организација на амбасадите на Франција, Романија, Швајцарија, Белгија и  Луксембург, како и на Францускиот институт во Скопје, Романскиот културен институт и Валони-Брисел Интернационал …

Неделата на франкофонски филм ја отвора романскиот „Радио Метроном“ Read More »

УЕФА ја демантира Унгарија и се закани со санкции


Франција– УЕФА експресно ги демантираше тврдењата на Унгарската фудбалска федерација дека дала дозвола за користење навивачки знамиња со карта на „Голема Унгарија“ и притоа се закани со можни санкции. „На наше изненадување, во медиумите пронајдовме информација дека УЕФА дозволила користење на такво знаме или транспарент на своите натпревари. За да избегнеме какви и да е несогласувања, …

УЕФА ја демантира Унгарија и се закани со санкции Read More »

Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција


Настан за промоција на Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција, инициран од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, и поддржан од UN WOMEN, RAI и UNODC ќе се одржи денеска во Скопје. Како што информираат од Владата, целта на форумот е да се создаде регионална мрежа …

Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција Read More »

„Иднината на времето, климата и водата низ генерациите“ во фокус на Светскиот метеоролошки ден


Иднината на времето, климата и водата низ генерациите е темата на годинашниот Светски ден на метеорологијата што се одржува за време на 150-годишнината на Светската метеоролошка организација и ги истакнува минатите достигнувања, сегашниот напредок и идниот потенцијал на метеоролошките сервиси. Свеченоста по повод Светскиот ден на водите – 22 март и Светскиот метеоролошки ден – …

„Иднината на времето, климата и водата низ генерациите“ во фокус на Светскиот метеоролошки ден Read More »

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе …

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 23 март 2023 година,  82-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 283 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 17 часот и 49 минути. Денов трае 12 часа и 16 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 6 часот и 29 минути, а …

Астрономски календар Read More »

Почна Рамазан, светиот месец на постот во исламот


Рамазан, светиот исламски месец на постот, започна синоќа, поради што муслиманите ќе се воздржуваат од храна и пиење од изгрејсонце до зајдисонце во следните 30 дена. Верниците  ќе се молат во одредено време за нивно физичко и душевно прочистување, ќе го читаат Куранот и ќе донираат средства во добротворни цели, а членовите на семејството и пријателите ќе …

Почна Рамазан, светиот месец на постот во исламот Read More »

Косово воведе санкции за групата Вагнер


Косово – Владата на Косово ја дополни одлуката за санкции против руската платеничка група Вагнер во согласност со одлуката на Соединетите Американски Држави кои ја означија како „транснационална криминална организација“ поради тоа што до почетокот на војната во Украина дејствуваше како инструмент на руската моќ во десетици земји. Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими изјави дека санкциите …

Косово воведе санкции за групата Вагнер Read More »

Слика на Полок пронајдена во Бугарија, била дел од личната колекција на Чаушеску


Бугарија- Слика на Џексон Полок, откриена во Бугарија од страна на Генералниот директорат за борба против организираниот криминал, била дел од личната колекција на романскиот комунистички лидер Николае Чаушеску, објави бугарската национална телевизија од извори запознаени со истрагата. Тоа се гледа од печатот на романски на задната страна на сликата, објави порталот Новините. Според информациите, …

Слика на Полок пронајдена во Бугарија, била дел од личната колекција на Чаушеску Read More »

Бил Гејтс: Започна ерата на вештачката интелигенција


САД– Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс смета дека развојот на вештачката интелигенција (ВИ) е најважниот технолошки напредок во последните децении. На неговиот блог, Гејтс го нарече развојот на ВИ исто толку фундаментален како создавањето на микропроцесорот, персоналниот компјутер, интернетот и мобилниот телефон. „Тоа ќе го промени начинот на кој луѓето работат, учат, патуваат, добиваат здравствена заштита …

Бил Гејтс: Започна ерата на вештачката интелигенција Read More »