Српска вечер на „Охридско лето“: Виртуозно музичко патување со Немања Радуловиќ и „Double Sensе“ 


Концерт за паметење донесе вчеравечер фестивалот „Охридско лето“ во рамките на Српската вечер на фестивалот на која настапи извонредниот српски виолинист Немања Радуловиќ во придружба на камерниот оркестар „Double Sensе“. Под ѕвезденото небо на Долни Сарај и пред бројната публика, Радуловиќ со неговата уникатна енергија и искреност во изведбите, како и со возбудливата виртуозност, длабочина […]

Тропски температури и во наредните денови


До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, соопшти УХМР. Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 15 до 24, а максималните дневни ќе достигнат до 43 степени. Благо опаѓање на температурата за […]

Кина ги финализира плановите за првото слетување со луѓе на Месечината


Пекинг – Кина ги привршува плановите за првото свое слетување со луѓе на Месечината во историјата. Според најавите, тоа би требало да се случи до крајот на ова десетлетие. На 9. Меѓународен форум за комерцијална авијација во Вухан, заменикот-главен инженер на Кинеската вселенска агенција, Жанг Хаилијан го претстави прелиминарниот план за испраќање двајца астронаути на […]

Бабовски во Брисел на објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12


Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предводени од директорот Николче Бабовски, денеска и утре во Брисел, Белгија, учествуваат на вториот состанок со Европската Комисија за објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, за преговори за членство на Република Северна Македонија во Европската унија (ЕУ). На состанокот учествуваат […]

Нов мултифункционален деловен простор на „Тиквеш“ во Кавадарци


Винарската визба „Тиквеш“, лидер на винскиот пазар во земјава, продолжува со својата стратегија за континуирани инвестиции во одржлив развој и имплементација на ESG стандардите. Во рамките на овој процес кој се одвива во сите сегменти од работењето на компанијата, денес „Тиквеш“ ги отвори новите деловни простории во Кавадарци. Деловниот простор во Кавадарци е уникатен по […]

На „Охридско лето“ концерт посветен на  флејтистот Илија Зимбо


Концерт посветен на прерано починатиот уметник, флејтистот Илија Зимбо ќе се одржи вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“  како дел од  музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. Ќе настапи „Пијано Трио“ составено од тројца етаблирани музичари Татијана Петрушевска – Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв  фаготист во […]

Игор Џамбазов, Михаил Корубин, Тамара – мултимедијален настан за Скопје ќе обедини уметници, пејачи и филмофили


Во пресрет на 60 годишнината од одбележувањето на катастрофалниот скопски земјотрес, платформата „Терапија“ подготвува навистина уникатен настан кој ќе се одржи во нашето Скопје. Старата Железничка станица, денеска Музејот на град Скопје ќе биде јавниот простор кој ќе обедини повеќе македонски уметници, DJ артисти, изведувачи, претставници на филмот, фотографијата и др., кои ќе не потсетат […]

Ковачевски и Гир во увид на работите на експресниот пат од Градско до клучката Дреново


Премиерот Димитар Ковачевски и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската унија, заедно со Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Ејуп Рустеми, директор на јавното претпријатие „Државни патишта“, денеска ќе извршат увид во тековните работи на делницата Градско – Дреново на кракот 10д на паневропскиот Коридор 10.  Како што најавија од Делегацијата […]

Џејмс Камерон нема да снима филм за „Оушнгејт“


Лос Анџелес – Оскаровскиот режисер Џејмс Камерон, се чини, се соочи со лажни гласини дека снима филм за трагичната експлозија на туристичката подморница „Титан“ каде што загинаа сите пет лица за време на подводното патување до потонатиот брод „Титаник“. Тој деновиве ги отфрли наводите дека бил вклучен во разработката на филм за експедицијата „Оушнгејт“. „Обично […]

Силно го поддржуваме процесот за уставни измени и ангажирани сме да нема нови барања од Софија


Вашингтон – Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени што ќе го озозможи пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, а е ангажиран и со новата влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања, истакна специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во синоќешната дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот  за […]

Французинка погодена од метеорит на својата тераса


Париз – Жена, на почетокот на овој месец, додека седела на својата тераса пиејќи кафе, на североистокот на Франција доживеала несреќа, кога ја погодил метеорит со големина на пинг-понг топче. Случаите во коишто метеорити удираат во луѓе се исклучително ретки, но една Французинка се најде меѓу нив откако метеорит ја погодил кај ребрата. Таа, како […]

Секој наставник ќе мора да помине обуки во траење од 60 часа


Секој наставник треба во период од три години да помине обуки во траење од 60 часа, од кои 40 часа треба да се обуки од акредитирани програми, а досега, обучени се повеќе од 14 илјади наставници и 800 стручни соработници. Од Министерството за образование и наука информираат дека нова серија обучувања започнале во јуни и […]

„На зајдисонце“ во Трпејца- изложби, филмови, регата


Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на општина Охрид од утре до 28 јули по 12 пат оваа туристичка населба и гостите ќе „дишат“ во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација  „На зајдисонце“. Утре, четврток на отворената сцена во Трпејца, од 20 часот и 30 минути  во името на […]

Една година од стартот на преговорите со ЕУ: Уставните измени и натаму „пречка“ на европскиот пат


Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски на денешен ден пред една година во Брисел присуствуваше на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ, со што официјално започна преговарачкиот процес на земјава за членство во ЕУ. На стартот на преговорите претходеше одлуката на земјите членки на ЕУ, ден претходно, за отворање на пристапните преговори […]

Хронично болните нема да бидат ослободени од работа поради топлотниот бран, можат да земат боледување


Засега Министерството за здравство нема да предложи хронично болните лица да бидат ослободени од работните обврски, поради топлотниот бран што ја зафати Европа, но и светот. Од Министерството за здравство за Мета.мк велат дека на последната владина седница, завчера, биле усвоени сетот препораки за заштита на граѓаните од енормно високите температури и портокаловата фаза во […]

Костадиновска-Стојчевска: Секојдневно да ја поттикнуваме љубовта на децата кон книгата


Денеска во посета на градинката „Детска радост“ – објект „Сончоглед“ во Автокоманда, Општина Гази Баба, беше министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, каде што заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, им читаа сликовници на дечињата, а потоа поразговараа со нив. − Детската библиотека во градинката ја збогативме со нови сликовници кои се […]

Кендал Џенер стана глобален амбасадор на „Лореал“


Париз – Кендал Џенер е именувана за нов глобален амбасадор на L’Oréal Paris, преземајќи ја водечката улога во нејзините кампањи за шминка што започнуваат во септември. „L’Oréal Paris е иконски бренд онолку долго колку што се сеќавам“, изјави Џенер за WWD. „Толку сум возбудена што станав дел од тим кој има таква страст и цел […]

Ризик од срцев удар и смртни случаи додека топлотниот бран се засилува


Женева – Топлотниот бран што ја зафати северната хемисфера допрва ќе се интензивира неделава, што ќе предизвика пораст на температурите во текот на ноќта и ќе доведе до зголемен ризик од срцеви удари и смртни случаи, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО). – Температурите во Северна Америка, Азија и низ Северна Африка и Медитеранот ќе […]

Во Грција регистриран првиот случај на вирусот Западен Нил за оваа година


Атина – Првиот случај на заразниот западнонилски вирус за 2023 година во Грција е регистриран во северниот дел на земјата, односно во општина Серес, соопштија од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ потсетуваат дека вирусот се пренесува главно со каснување од заразени комарци, кои се инфицираат од заразени […]

Илир Демири назначен за нов директор на Клиничката болница Тетово


Доктор Илир Демири денеска е именуван за нов директор на Клиничката болница во Тетово. Тој е именуван од страна на министерот за здравство, а на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор во Ковид-19 центарот.  Од Министерството за здравство информираат дека доктор Демири е специјалист инфектолог, кој […]