Косовската дијаспора лани испратила повеќе од милијарда евра во земјата


Приштина – Косовските граѓани кои живеат и работат во западноевропските и во прекуокеанските земји минатата година во Косово испратиле 1,2 милијарди евра, односно за шест отсто повеќе одошто во 2021 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последните податоци на Централната банка на Косово (ЦБК), освен со дознаки, дијаспората придонела и за создавање нови […]

Ѓоковиќ со семејството одмара во Дубровник


По финалето на Вимблдон каде изгуби од Алкараз и не го изедначи рекордот со Федерер за 24 Грен слем титули, српскиот тенисерв Новак Ѓоковиќ замина на летен одмор со семејството во Хрватска, а фоторепортерите на Глориа.хр,  го уловија опуштено расположен со синот. Српскиот тенисер со јахта се закотви во пристаништето  на Дубровник, каде го пречека […]

Еден загинат и осум повредени откако се урна дел од надвозник во близина на грчкиот град Патра


Атина – Едно лице го загуби животот, а осум се повредени откако се урна мост, затворен за употреба и сообраќај во близина на грчкиот град Патра, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис информираше дека несреќата се случила кусо пред 13 часот по локално време, а во спасувачката […]

Продорните сини очи на Килијан Марфи се помоќни од нуклеарно оружје


Продорните сини очи на Килијан Марфи (47) се помоќни од нуклеарно оружје. Според колегите од сетот на ирскиот актер во Опенхајмер – новата драма на Кристофер Нолан за американскиот физичар кој го предводеше развојот на атомската бомба за време на Втората светска војна – очите на Марфи се толку впечатливи што се покажаа дека го […]

Пендаровски: Очекувам интензивни разговори помеѓу власта и опозицијата за уставните промени


Очекувам во наредниве неколку месеци, намерно потенцирам неколку месеци, дека ќе престојат интензивни разговори помеѓу власта и опозицијата во кои конечно ќе можеме да се убедиме дека ова е стратешки момент кој не смееме да го пропуштиме за иднината на државата, истакна претседателот Стево Пендаровски во однос на најавените активности во Собранието за отворање на […]

Како до „тивок луксуз“ во вашиот дом. Никол Кидман веќе знае


Паузирајте со сивата боја, беж е новата неутрална боја на годината, а Никол Кидман се согласува. Актерката, која глуми во најновото шоу на креаторот на Yellowstone, Талор Шеридан, Special Ops: Lioness со Зои Салдана, ја покажа својата кафено-беж дневна соба на Инстаграм. На фотографијата се гледа Никол, елегантно поставена на тапациран стол во тегет, облечена […]

Засега нема македонски државјани кои побарале помош поради големите шумски пожари на Родос


Во големата и масовна евакуација на туристички места во источниот и југоисточниот дел на грчкиот остров Родос, засега, според информациите на дописничката на МИА од Атина, меѓу туристите нема македонски државјани кои побарале помош од нашата амбасада во Атина. Според информациите на МИА амбасадорката на Северна Македонија во Грција е во постојан контакт и со […]

УХМР: Попладне услови за локално невреме


Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денеска во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер над 70 километри на час и појава на град. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во делови […]

Досега превентивно евакуирани околу 19.000 лица на грчкиот остров Родос


Атина – Според првичните процени на полицијата, на грчкиот остров Родос поради големиот пожар, досега, превентивно биле  евакуирани околу 19.000 лица, туристи и локално население, објави грчката новинска агенција АНА-МПА  и коментира дека станува збор за најголемата акција за евакуација на жители и туристи што досега била спроведена во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.  […]

Охридско лето: Концерт на  камерниот оркестар „Кончертанте“ од Ниш


Реперторарот на 63-тото „Охридско лето“продолжува вечерва со концерт на камерниот оркестар „Кончертанте“ од Ниш, Србија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот под диригентската палка на Милена Ињац.Солисти на вечерта ќе бидат виолинистите Марија Рајковиќ и Јован Богосављевиќ. Камерниот оркестар „Кончертанте“ при Факултетот за уметности на Универзитетот во Ниш […]

„Скопје во пет и седумнаесет“- културни настани во одбележување на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес


Со низа културни настани во рамките на проектот „Скопје во пет и седумнаесет“, Министерството за култура се вклучува во одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, како потсетник за тоа што не смее да се заборави.  Официјалната програма на „Скопје во пет и седумнаесет“ започнува со вечерен концерт на 25 јули (вторник), од […]

Пронајдено телото на момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош


Тим на струмичките пожарникари денеска го пронајде и извлече телото на М.П.(29) од село Дабиле, кој на 16-ти овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Веста ја соопшти ТППЕ Струмица на својата фејсбук страница, откако утрово нивниот тим се вклучи во потрагата по исчезнатото момче. Завчера во потрагата се вклучија и жители […]

ОЈО: Предложен притвор за лице барано со меѓународна потерница


 Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга достави предлог за определување притвор против 35-годишен државјанин на Република Албанија за кого од 31 мај е издадена меѓународна потерница со барање за апсење од Интерпол Брисел, Белгија, а јавен обвинител му поредложи на Судот да му определи притвор. Како што информира ОЈО, странскиот државјанин на […]

Се постапува за целосно расчистување на случајот со запаленото возило на вицепремиерот Груби


Безбедноста е врвен приоритет во едно демократско општество. Владата на Република Северна Македонија го осудува чинот на палење на возилото кое го користел првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби и смета дека истото е акт на насилство кој е целосно неприфатлив и недозволив во едно демократско општество кое се залага за европски вредности. Сите […]

По Мајами, Букурешт: Киро Урдин со нова поставка на изложбата „Табула Раса ”


По неодамнешниот успешен настап во галеријата „Амадлози ” на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци”, македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин ќе се претстави во Букурешт.     Во еминентната галерија „ Константин Бранкуши”, сместена во рамките на Цен- тарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент, нашиот уметник ќе се претстави со нова поставка […]

Нетанјаху е добро откако ноќеска му е вграден песмејкер


Тел Авив – Здравствената состојба на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „добра“ по инсталирањето на електростимулатор за срце (пејсмејкер), соопшти утринава болницата Шеба. Нетанјаху беше хоспитализиран во текот на ноќта за да му биде вграден пејсмејкер во болничкиот центар Шеби во Тел Авив. „Премиерот ќе остане под медицински надзор на одделот за кардиологија“, се додава во […]

Претседателот Пендаровски во посета на Пустец и Подградец


 Претседателот на државата Стево Пендаровски во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска,  престојува во еднодневна работна посета на Албанија, во општините Пустец и Поградец.  Пендаровски во Пустец  е пречекан од неговиот албански колега Бајрам Бегај и градоначалникот Пали Колефски. Шефот на државата  присуствуваше на културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што оствари средба […]

Лукаку му се извини на Интер поради разговорите со Јувентус


Рим – Фудбалерот на Челзи, Ромелу Лукаку, му се извини на Интер за неговите разговори со Јувентус, објави „La Gazzetta dello Sport“. Белгискиот репрезентативец преку своите посредници се обидел да дознае дали може да се поправи ситуацијата и да се обноват разговорите за трансфер со миланскиот клуб.  Сепак, „нероаѕурите“ нема да се вратат на оваа […]

Шпанците гласаат на предвремени парламентарни избори што може екстремната десница да ја вратат на власт


Мадрид– Шпанците денеска гласаат на предвремени парламентарни избори, на кои одлучуваат дали ќе дадат нова шанса да владеат со социјалистите, на чело со актуелниот премиер Педро Санчез, или ќе и дадат доверба на десницата, на чело со Алберто Нуњез Фејхо, пренесоа светските агенции. Анкетите на јавното мислење од минатиот понеделник предвбидуваат речиси сигурна победа на […]

За влез во државава се чека околу еден час на премините „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Автомотосојузот на Македонија.   Фреквенцијата на возила е зголемена на граничните премини „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“ каде што за влез во државава утрово се чека околу еден час. -На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез […]