Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во верижен судар на четири возила кај Росоман 


Фото: Б. Грданоски

 Патниот правец Прилеп-Градско е во прекин поради сообраќајна незгода на 500 метри од крстосницата „Камен Дол“. 

Прекинот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е од 06:40 часот. 

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Ова се првичните информации кои ги сподели доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош во Кавадарци.

– Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент, изјави Грков.

Смртта кај двете лица била констатирана на лице место.

Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила.

Од полиција повеќе детали најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.