Бројките се јасни: Германците секоја година користат сè помалку автомобили


Во германската Федерална управа за автомобилски сообраќај утврдиле дека просечниот број на поминати километри со автомобил минатата година бил 12.320 километри, што е за 1,2 отсто помалку од 2022 година. Ова го продолжува трендот од претходните години. Имено, од година во година се намалува бројот на километри кои Германците ги минуваат со автомобили. Минатата година …

Бројките се јасни: Германците секоја година користат сè помалку автомобили Read More »

Сателитските снимки од руските бази со помош на ВИ покажуваат дека на Русија и снемува тенкови


Русија претрпе големи загуби на тенкови откако претседателот Владимир Путин ја нападна Украина пред повеќе од две години и можеби има само неколку илјади оклопни борбени возила, покажа анализата на сателитски снимки со вештачка интелигенција (АИ). Германскиот весник Зидојче Цајтунг (SZ) обучи модел на вештачка интелигенција за испитување на сателитски снимки од 87 руски воени …

Сателитските снимки од руските бази со помош на ВИ покажуваат дека на Русија и снемува тенкови Read More »

Слободни места во вториот уписен рок за Скопје има само во „Корчагин“, сите други гимназии се пополнети


Слободни места за упис од гимназиите кои се наоѓаат на територија на Скопје и тоа за вториот уписен рок има само во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, околу 60 места. Од МОН објавија дека конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Георги Димиторв“ и „Орце Николов“. Тестирање за …

Слободни места во вториот уписен рок за Скопје има само во „Корчагин“, сите други гимназии се пополнети Read More »

Силјановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање


Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу. Сиљановска Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, денеска ја разрешила и заменичката-директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска. Габриела Јаковлева и …

Силјановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање Read More »

Застрашувачко и впечатливо: Огромна дупка проголта дел од фудбалско игралиште во САД


  На фудбалскиот терен во Илиноис, Соединетите Американски Држави, се направени застрашувачки, но и впечатливи снимки кога поради уривање на фудбалското игралиште се создала дупка во тон и го „проголтала“ столбот за осветлување. Сето тоа беше снимено од надзорните камери, а американската телевизиска станица КМОВ разговараше со Мајкл Хејнс, директор на Одделот за паркови и …

Застрашувачко и впечатливо: Огромна дупка проголта дел од фудбалско игралиште во САД Read More »

Гром уби 13-годишно девојче на Халкидики


Трагичен настан се случи денеска на Халкидики, Грција кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром. Трагичниот инцидент се случил околу 16 часот и 30 минути кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првичните информации полесно е повредена и нејзината мајка. Треба да се напомене дека на подрачјето на Халкидики …

Гром уби 13-годишно девојче на Халкидики Read More »

Парковите на Кисела Вода добиваат пречистувачи за воздух


Кисела Вода ја презема инцијативата како прва општина во Македонија што поставува надворешни пречистувачи за воздух. Во рамки на роденденското празнување, кое вклучува промоција на значајни капитални проекти, ова иновативно еколошко решение се имплементира во најголемите паркови, каде што има најголема фреквенција на луѓе. “Претходно, во рамки на истото партнерство со општествено одговорната компанија ЕКОТИП, …

Парковите на Кисела Вода добиваат пречистувачи за воздух Read More »

Се исплати бугарската пропаганда и давањето пасоши во Албанија, за прв пат се попишале повеќе Бугари отколку Македонци


Катастрофа за македонското население во Албанија откако беа објавени резултатите од пописот. Целата пропаганда што ја спроведе Бугарија како и делењето на пасоши резултира за прв пат во историјата на Албанија да има речиси тројно повеќе Бугари отколку Македонци. Според резултатот од пописот 7957 се попишани како Бугари додека само 2281 се попишале како Македонци. …

Се исплати бугарската пропаганда и давањето пасоши во Албанија, за прв пат се попишале повеќе Бугари отколку Македонци Read More »

Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови


Во изминатите неколку дена, европскиот воздушен простор беше сериозно погоден поради проблеми со управувањето со аеродромските места предизвикани од повеќекратни, истовремени временски настани што се случуваат низ цела Европа. Овие настани ги нарушија способностите на властите за контрола на летање и на Eurocontrol да управуваат со обемот на сообраќај низ целата индустрија, што доведе до …

Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови Read More »

Двајца татковци, од Прилеп и од Тетово, ги силувале своите малолетни ќерки


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден евидентирало две пријави за силување на малолетни девојчиња. Станува збор за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите ќерки.  Како што информираат од МВР, едниот случај бил во прилепско село, каде полициски службеници го лишиле од слобода А.Р. (36), постапувајќи по претходна пријава …

Двајца татковци, од Прилеп и од Тетово, ги силувале своите малолетни ќерки Read More »

Туск: Полска ќе потпише билатерален договор за безбедност со Украина пред самитот на НАТО во Вашингтон


Полска речиси сигурно ќе потпише билатерален договор за безбедност со Украина пред самитот на НАТО во Вашингтон во јули, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск. Пред самитот на НАТО во Вашингтон, кој започнува на 9 јули, Туск во Варшава ќе разговара со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Морам да одредам заедно со министерот за одбрана …

Туск: Полска ќе потпише билатерален договор за безбедност со Украина пред самитот на НАТО во Вашингтон Read More »

Членови на планинарскиот клуб „Осогово“ од Кочани искачија три врва над 4.000 метри на Алпите


Планинарска екипа на ПСК „Осогово“ од Кочани успешно ја заврши едонеделната експедиција за искачување на три врвови на Алпите, повисоки од четири илјади метри. Планинарите Тошо Антов, Зоран Николов, Душко Наумов и Маријан Стевановски, предводени од искусниот планински водич Александар Кирковски, се искачија на врвот Брајтхорн на 4160 метри, потоа на Пирамиде Винсент на 4250 …

Членови на планинарскиот клуб „Осогово“ од Кочани искачија три врва над 4.000 метри на Алпите Read More »

Со брошура ќе се алармираат жените за ендометриозата


Првата европска брошура за ендометријален карцином денеска беше промовирана на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во рамки на одбележувањето на јуни – месецот за подигнување на свеста за ендометријален карцином – рак на ендометриум на матката. Од понеделник таа ќе биде достапна во печатена форма за пациентите на ГАК и на Универзитетската клиника …

Со брошура ќе се алармираат жените за ендометриозата Read More »

Албанија има 2,4 милиона жители, над 400.000 помалку од пописот во 2011 година


 Институтот за статистика ИНСТАТ, денеска објави дека, врз основа на прибраните податоци од спроведениот попис Албанија има  2.402.113 милиони жители.  Исто така произлегува дека во земјата живеат 755.950  домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство, кои живеат во 1.082.529 домови. Споредено со  пописот спроведен во 2011 година бројот на популацијата е помал за …

Албанија има 2,4 милиона жители, над 400.000 помалку од пописот во 2011 година Read More »

Приведена Бугарка која во Чаир користела фалсификувана лична карта


Во четвртокот, во 13.05 часот, на подрачјето на Чаир во Скопје полициски службеници од Полициската станица Чаир ја лишиле од слобода З.А.И.(52) од Р.Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по чл.378 од КЗ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ по чл.380 од КЗ. Таа во банка во Скопје …

Приведена Бугарка која во Чаир користела фалсификувана лична карта Read More »

Грчко МНР: Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа и се враќа на иредентизам


Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа. Дополнително, се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во соопштението на грчкото МНР, „за прекршувањето на Договорот од Преспа од страна …

Грчко МНР: Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа и се враќа на иредентизам Read More »

Лекарите во САД му пресадиле бубрег на буден пациент. Следниот ден си заминал дома


Хирурзите во болницата Нортвестерн Медицин во Илиноис ја извршија првата трансплантација на бубрег во САД додека пациентот е буден. 28-годишниот Џон Николас од Чикаго можел за време на операцијата да гледа како хирурзите му го отстрануваат стариот бубрег и му ставаат нов. Наместо општа анестезија, која е стандардна за ваква операција, лекарите на пациентот му …

Лекарите во САД му пресадиле бубрег на буден пациент. Следниот ден си заминал дома Read More »

Пет деца во Србија се затруле со хлор во воден парк?


Во Детската болница во Нови Сад вчера се примени шест деца, а пет од нив се задржани на лекување со поблага клиничка слика. Според српските портали, постои сомнеж за труење со хлор во водениот парк. Децата кои се задржани во болница имаат поблаги симптоми. Nova.rs споменува иритација на очите, кашлица, печење во носот. Едно дете …

Пет деца во Србија се затруле со хлор во воден парк? Read More »

Одбележана 103-годишнината од смртта на Ѓорче Петров


Со пригодна свеченост и положување цвеќе од бројни делегации пред споменикот на Ѓорче Петров во реонскиот парк во скопската општина која го носи неговото име, денеска одбележана 103-годишнината од неговата смрт. Ѓорче Петров е убиен во 1921 година во Софија. – Општината со гордост го носи името на револуционерот и идеолог Ѓорче Петров кој поставил …

Одбележана 103-годишнината од смртта на Ѓорче Петров Read More »

Андоновски: Под надлежност на Министерството за дигитална трансформација ќе влезе и Управата за водење матични книги


Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе го ревидира Патоказот за дигитална трансформација со цел да го укине двојството на планови, стратегии, патокази, најави денеска ресорниот министер Стефан Андоновски. За тоа, како што кажа, ќе биде консултирана и поранешната министерка за добро владеење Славица Грковска, која заедно со поранешното МИОА ја имаше таа надлежност. …

Андоновски: Под надлежност на Министерството за дигитална трансформација ќе влезе и Управата за водење матични книги Read More »