Три лица се повредени – МВР со детали за сообраќајката во Автокоманда


Три возила се судрија вчера попладне во скопската населба Автокоманда, а едното заврши превртено на кров. Според информациите од МВР, во несреќата повредени се три лица кои се префрлени во болница. Сообраќајката се случила поточно на булеварот „Александар Македонски“ околу крстосницата со улицата „16-та Македонска бригада“, а едното од возилата од ударот е превртено на …

Три лица се повредени – МВР со детали за сообраќајката во Автокоманда Read More »

Унгарката  испрати порака до Иман Хелиф: „Ако е маж – поголема победа за мене“


Унгарката Ана Лука Хамори не се плаши од својот следен противник – контроверзниот Иман Хелиф од Алжир. Големо внимание на годинешните Олимписки игри привлече боксерката Иман Хелиф од Алжир, која минатата година беше дисквалификувана од Светското првенство кога тестовите покажаа дека има премногу тестостерон и дека тоа ја нарушува дозволената граница за жени. Италијанката Ангела …

Унгарката  испрати порака до Иман Хелиф: „Ако е маж – поголема победа за мене“ Read More »

Ѓоковиќ загрижен за коленото по пласманот во полуфиналето на олимпискиот тениски турнир


Србинот Новак Ѓоковиќ, кој го победи Стефанос Циципас од Грција со 6:3, 7:6(3) за да се пласира во полуфиналето на олимпискиот турнир во сингл, рече дека ќе побара дополнителна лекарска проценка за неговата состојба на коленото. На Ѓоковиќ му беше потребен третман на теренот и за време на неговиот четвртфинален натпревар против Циципас и не …

Ѓоковиќ загрижен за коленото по пласманот во полуфиналето на олимпискиот тениски турнир Read More »

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“


 Со подигнување на бајракот на Републиката, со симболично испукување на црешовото топче и со читањето на Крушевскиот манифест, синиќа на Гумење во Крушево свечено беа отворени научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ со што и започна чествувањата за големиот Илинден и 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. На чествувањето покрај повеќе гости присуствуваше …

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ Read More »

На Илинден прва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија


На барање на македонската заедница во Србија, денеска на Илинден во Јабука крај Панчево, во православниот храм Св. Пророк Илија, ќе се одржи првата литургија на македонски јазик од македонски свештеник, јави дописникот на МИА од Белград. Црковната литургија ќе ја одржи јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем, за што има добиено благослов …

На Илинден прва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија Read More »

Тој изгуби сѐ за што работел 40 години во пожарот во светиниколско Немањици


  Пожарот што со денови беснее во Светиниколскиот крај уништи сѐ за што во последните 40 години работел 52-годишниот Тони Нанев од Немањици. Сега тој со неверување гледа во побелениот од пепел имот, каде чувал овци и живина. До него стои неговиот син и се прашува како ќе успеат да ја вратат убавината на нивниот …

Тој изгуби сѐ за што работел 40 години во пожарот во светиниколско Немањици Read More »

Крај на батериите? Истражувачите имаат нова технологија за полнење на уредот


Истражувачите за сега создадоа прототип, но тоа би можело да биде само првиот чекор кон свет без батерии. Безжичното полнење на уреди не е ништо ново. Корисниците на паметни телефони добро го знаат принципот едноставно да го стават телефонот на подлогата за полнење и батеријата ќе се полни. Но, што ако можете да го користите …

Крај на батериите? Истражувачите имаат нова технологија за полнење на уредот Read More »

Зеленски го објави условот под кој Украина ќе се согласи на губење на територија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека територијалните отстапки за ставање крај на војната што ја започна Русија ќе бараат референдум во Украина. Сепак, тој додаде дека таквиот потег не е најдобрата опција бидејќи си имаат работа со рускиот претседател Владимир Путин и ќе биде победа за него ако земе дел од нивната територија. „Одлуката мора …

Зеленски го објави условот под кој Украина ќе се согласи на губење на територија Read More »

Шахистите на Алкалоид ја одбранија титулата


 Шаховскиот клуб на Алкалоид ја освои 26. шампионска титула во македонското првенство и 12-та во низа. Со освоени максимални 16 бода од осум меча „Фармацевтите“ го освоија првото место во Екипното првенство на Македонија во шах за 2024 година. Второпласираниот Гамбит Асеко СЕЕ има 14 бодови.  Капитенот на екипата ВМ Влатко Богдановски, покрај на двајцата …

Шахистите на Алкалоид ја одбранија титулата Read More »

Приведен маж од Свети Николе, предизвикал пожар во руинирана куќа, па се проширил на сува трева


Полицијата вчера го приведе М.Ј.(31) од Свети Николе затоа што кај место викано “Крушки” во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата. Пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители. По насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во …

Приведен маж од Свети Николе, предизвикал пожар во руинирана куќа, па се проширил на сува трева Read More »

Ограбено казино во скопски Центар


Две лица рано утрово насилно ограбиле казино во скопски Центар.  – Денеска (01.08.2024) во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 06.00 часот  во казино на подрачјето на Центар, две лица со закана со остар предмет од вработената одзеле пари, информираа од полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

МЗШВ: Земјоделски Институт – Скопје ќе ја пресметува производната цена за двете најзастапени сорти на винско грозје


Земјоделски Институт – Скопје ќе ја пресметува производната цена за двете најзастапени сорти на винско грозје за 2024 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).  -Производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 годин се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) по Методологија за пресметка на …

МЗШВ: Земјоделски Институт – Скопје ќе ја пресметува производната цена за двете најзастапени сорти на винско грозје Read More »

Ова е убиецот на малите девојчиња кои беа на час по танц во Англија


 Аксел Рудакубана е 17-годишникот обвинет за убиство на три девојчиња на час по танц на тема Тејлор Свифт во Саутпорт. Тој е по потекло од Руанда, а сега е во малолетнички притвор, пишува Гардијан. Откако ги слушнал сите аргументи, судијата Ендрју Менари К.Ц. одбил да даде наредба за сузбивање на неговиот идентитет. Објаснувајќи ја одлуката …

Ова е убиецот на малите девојчиња кои беа на час по танц во Англија Read More »

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш


 На 31.07.2024 СВР Струмица – ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против А.Ј.(30) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 став 1, а во врска со  член 19 од Кривичниот закон и Д.С.(31) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ по чл. …

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш Read More »

Студентите постојано ќе бидат вклучени во креирањето на политиките кои ги засегаат, а не само кога треба да се решаваат предизвици


Министерството за образование ги поддржува младите во стремежите кон подобро образование и подобра иднина. Студентите, како прогресивна општествена сила, постојано ќе бидат вклучени во креирањето на политиките кои ги засегаат, а не само кога треба да се решаваат предизвици, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со претседателот на Универзитетското студентско собрание …

Студентите постојано ќе бидат вклучени во креирањето на политиките кои ги засегаат, а не само кога треба да се решаваат предизвици Read More »

Мерко со апел за рационално користење на водата од градскиот водовод и редовно плаќање на сметките


Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко ги повика граѓаните рационално да ја користат водата за пиење и редовно да ги подмируваат сметките за потрошена вода. Злоупотребата на водата за пиење, нагласува, останува вознемирувачки проблем во летната сезона во Струга и околните села. Попроблематични, според него, како за злоупотреба и нерационално користење, така и за наплата, …

Мерко со апел за рационално користење на водата од градскиот водовод и редовно плаќање на сметките Read More »

Двајца руски шпиони осудени во Словенија најверојатно ќе бидат дел од размена на затвореници


Судот во Љубљана осуди двајца руски шпиони, Артем и Ана Дулцев, на една и пол година затвор за шпионажа. Тие беа уапсени на крајот на 2022 година, а во нивната казна е вклучено и времето поминато во притвор. Бидејќи затворската казна е еднаква на времето што го поминале зад решетки, Артем и Ана беа ослободени, …

Двајца руски шпиони осудени во Словенија најверојатно ќе бидат дел од размена на затвореници Read More »

Скокачите во вода се тушираат по секое влегување во базен: Еве зошто


Многу луѓе се прашуваат зошто машките и женските нуркачи кои се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз се тушираат по секое влегување во базенот. Причината се заснова на точна наука, пишува Дејли Мејл. Тие сакаат да го заштитат своето тело на овој начин. Поради нивната дисциплина, скокачите се изложени на поголем ризик од повреда поради …

Скокачите во вода се тушираат по секое влегување во базен: Еве зошто Read More »

И на Илинден ќе се издаваат готови лични документи


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека утре, на Илинден Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работата на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи). Притоа во Скопје (МРТВ …

И на Илинден ќе се издаваат готови лични документи Read More »

Детската градинка „Срничка“ по 40 години добива комплетно нова кујна


По цели 40 години Општина Аеродром врши темелна реконструкција на главната кујна на детската градинка „Срничка“ во објектот „Чекорче“. Деновиве интензивно се работи на промена на плочките, рушење на одредени ѕидови, промена на водоводната мрежа и на целосна замена на електричната инсталација, како и други градежни активности што се финансирани од Општина Аеродром. По завршувањето …

Детската градинка „Срничка“ по 40 години добива комплетно нова кујна Read More »