Таравари не го видел ревизорскиот извештај за Онкологија, ама ќе ја децентрализира


Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека започнале со децентрализација на Клиниката за онкологија и целта е да функционира како Институтот за трансфузиологија, прашан што се сменило во интерес на пациентите, по една година откако изби скандалотво врска со Онкологија. – Ние започнаваме со децентрализација на Онкологија. Се работи во болницата „8 Септември“. Одреден кадар веќе …

Таравари не го видел ревизорскиот извештај за Онкологија, ама ќе ја децентрализира Read More »

Клиника „Козле“: Нема лекарски пропуст во третманот на починатото дете


Универзитетската клиника „Козле43 утврдила дека нема лекарска грешка во постапувањето со 14-месечното дете, кое почина на скопските клиники,  Била формирана стручна комисија на клиниката која го разгледала целиот случај и не нашла никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пацентот. „Веднаш потоа се состана во два наврати и стручниот колегиум кој се согласи …

Клиника „Козле“: Нема лекарски пропуст во третманот на починатото дете Read More »

Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница


Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека автобус на ЈСП при тргнување удрил во 55-годишната А.Н од с.Драчевица, скопско. Несреќата се случила на линијата „7“ во село Батинци. По ударот со тешки телесни повреди се здобила 55-годишната жена каде била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани повредите.

И во август просечната плата е помала од таа во јуни


  Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година малку закрепна по намалувањето во јули, и изнесуваше 41.097 денари, што е за само 136 денари повисока од таа исплатена во јули. Иако оваа просечна плата е поголема за 12,9 отсто во споредба со истиот месец лани, таа е веќе втор месец во надолна …

И во август просечната плата е помала од таа во јуни Read More »

Од домашно производство лани задоволени 34,7 отсто од вкупно потребната енергија


 Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Република Северна Македонија изнесувало 936 031 toe или 34.7 % од вкупно потребната енергија. Вкупната потребна енергија за 2023 година изнесувала 2 698 648 toe. Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2023 година се: сообраќајот со 44.1 %, домаќинствата …

Од домашно производство лани задоволени 34,7 отсто од вкупно потребната енергија Read More »

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија


Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е презакажано за 14 ноември годинава, откако изутрината обвинетите Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Миле Јанакиевски, преку адвокатот Еленко Миланов поднесле барање до Основниот кривичен суд на денешното рочиште да одлучи по поднесокот за амнестија без да се изведуваат материјални и вербални докази. Претседателот на Судечкиот совет, судијата …

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија Read More »

Пицула стана постојан известувач на Парламентот на ЕУ за Србија


Утринава работна група на S&D групата на Комитетот за надворешна политика (АФЕТ) на Европскиот парламент во Стразбур, пратеникот Тонино Пицула беше именуван на три важни функции, меѓу кои се издвојува онаа на постојан известувач за Србија, соопштија од кабинетот на Пицула. Во следните пет години, Пицула ќе биде задолжен за анализа, следење и известување до …

Пицула стана постојан известувач на Парламентот на ЕУ за Србија Read More »

Уште не сте ја виделе кометата А3? Астрономското друштво ве кани пред Кале да ја набљудувате заедно


Попладнево, организирано кај Кале во Скопје, Скопското астрономско друштво, организира набљудување на кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS.    По пауза од неколку дена, кометата повторно е видлива на западното небо пред и по зајдисонце, а од друштвото препорачуваат да понесете двоглед за подобро да ја видите кометата која последен пат била видлива на небвото во времето …

Уште не сте ја виделе кометата А3? Астрономското друштво ве кани пред Кале да ја набљудувате заедно Read More »

Исчезна стружанец во реонот кај Брчево – по него се трага со кучиња


Шеесетгодишен жител од Струга е пријавен за исчезнат во реонот на селото Брчево, информира Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид. Според информацијата, нивна три члена екипа и водич на куче за пребарување од здружението „Куче спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира …

Исчезна стружанец во реонот кај Брчево – по него се трага со кучиња Read More »

Прва сесија на Буџетскиот форум: Граѓаните на Општина Центар го креираат општинскиот буџет


Општина Центар го започна процесот на планирање на буџетот за 2025 година со првата граѓанска форумска сесија, на која учествуваа градоначалникот Горан Герасимовски, раководителите на сите сектори на општинската администрација, советниците од Советот на општината, претставници на невладини организации и жителите на општината. Градоначалникот Герасимовски во своето обраќање се осврна на досегашните постигнувања, а ги …

Прва сесија на Буџетскиот форум: Граѓаните на Општина Центар го креираат општинскиот буџет Read More »

Онкологија во хаос: Не се евидентираат лекови, само 24 отсто од пациентите примаат терапија


Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година. -Недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и материјали со фактичката состојба, а евидентирањето …

Онкологија во хаос: Не се евидентираат лекови, само 24 отсто од пациентите примаат терапија Read More »

ШК Алкалоид со максимален резултат во второто коло на Европскиот шаховски клупски куп


Македонскиот шаховски шампион Алкалоид забележа убедлива победа со 6:0 против шампионот на Словачка, Церо Инвест Нитра во 2. коло на Европскиот клупски куп. Победите за Алкалоид ги остварија Еригаиси Ајрун (прва табла), Веи Ји (втора табла), Ју Јангји (трета табла), Читамбарам (четврта табла), Нараунан (петта табла) и Александар Инѓиќ (шеста табла). Во второто коло сите …

ШК Алкалоид со максимален резултат во второто коло на Европскиот шаховски клупски куп Read More »

Шест загинати по невремето што ја погоди Куба, четврта ноќ без струја


Најмалку шест лица загинаа откако тропскиот циклон „Оскар“ удри во источна Куба, изјави синоќа претседателот Мигел Дијаз-Канел, бидејќи поголемиот дел од островот е главно во мрак четврта ноќ по ред. Во провинцијата Гвантанамо, цели области се поплавени, а спасувачките екипи не можеа да стигнат до погодените области, рече Дијаз-Канел. Властите соопштија дека најмалку 1.000 домови …

Шест загинати по невремето што ја погоди Куба, четврта ноќ без струја Read More »

Нов бојкот во училиштето во кое се врати ученикот (9) – директорот поднесе оставка


Нов бојкот на наставата почна во загребско училиште. Повеќе од 1.000 ученици, ниту во матичното ниту во подрачното училиште денеска нема да дојдат на настава, според одлуката на Советот на родители, поради вчерашното ненајавено враќање на ученик со проблематично однесување во училиштето. Директорот вчера си поднесе оставка, откако деветгодишното дете кое предизвика отпишување на целото …

Нов бојкот во училиштето во кое се врати ученикот (9) – директорот поднесе оставка Read More »

Половина Хавана доби струја


 Потрошувачите во половина од Хавана, главниот град на Куба, денеска добија струја по четиридневниот прекин во целата земја, соопшти електростопанството на кубанската престолнина. „Околу 50 отсто од клиентите сега имаат струја“, се наведува во извештајот на Електропривреда објавен, што го објави државниот портал за вести Cubadebate. – Во петокот, 10 милиони жители на островот снемаа …

Половина Хавана доби струја Read More »

Во руски напад со дронови врз Суми убиени тројца цивили


Тројца цивили, меѓу кои и едно дете, загинаа во текот на ноќта во руски напад со дронови врз станбена зона во украинскиот град Суми, соопшти регионалниот гувернер Ихор Калченко, пренесуваат украинските медиуми. „Три лица, меѓу кои и едно дете, беа убиени во ноќен напад на непријателските беспилотни летала врз станбени згради“, наведе Калченко во порака …

Во руски напад со дронови врз Суми убиени тројца цивили Read More »

Замената на магнетните полови на Земјата создава застрашувачки звук. Слушнете


Магнетното поле на Земјата драматично се сменило пред нешто повеќе од 40.000 години. Сега група научници од Данска и Германија си поиграа со толкувањето на податоците собрани од мисијата Swarm на Европската вселенска агенција (ESA) и врз основа на нив создадоа звук приказ на настанот. Записот делува како застрашувачки татнеж. Промени во минатото Геомагнетните полови …

Замената на магнетните полови на Земјата создава застрашувачки звук. Слушнете Read More »

Слаб земјотрес кај Демир Капија


Попладнево, во 18.32 часот, нов земјотрес бил регистиран во Македонија. Се работи за земјотрес со интензитет од 2.1 степен според Рихтеровата скала. Епицентарот е на 12 километри североисточно од Демир Капија. Длабочината на потресот е на 5 километри.  

Албанската полицијата за апсењето на Мета: Го замоливме да излезе од автомобилот, но тој одби, па насилно беше спроведен


По острите реакции на опозициските парии и дел од јавноста дека е прекршено секакво право при апсењето на поранешниот претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, доцна попладнево полицијата излезе со соопштение во однос на начинот на апсењето. -Со обврска кон јавното мислење во однос на начинот на апсењето на граѓанинот И.М., …

Албанската полицијата за апсењето на Мета: Го замоливме да излезе од автомобилот, но тој одби, па насилно беше спроведен Read More »

Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено


Вчера во 09.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, сопственост на В.А.(83) од Скопје, соопшти МВР. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од Итна медицинска помош на сопственичката В.А. и била укажана помош поради вдишување чад. Извршен бил увид.