Пешак загина во сообраќајка кај Валандово
На местото викано „Страиште“ кај Валандово вчера околу 17:30 часот загина А.Т. (68) од селото Казандол, валандовско, отакако во него удрило товарно возило. Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова. Таа информираше дека товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) …