Шест медали за македонските каратисти на стартот на Балканското првенство


Македонските каратисти успешно стартуваа на Балканското сениорско првенство кое се одржува во црногорскиот град Будва, освојувајќи шест медали првиот натпреварувачки ден. Со златен медал се закити Јована Мицовска, додека Викторија Јовановска освои сребро. Бронзен медал освоија Михаела Мишовска, Сара Дука, Магдалена Божиновска и Ангела Мојсовска. Денеска на програмата се борби во машка и кати во …

Шест медали за македонските каратисти на стартот на Балканското првенство Read More »

Каспаров: НАТО алијансата е готова


НАТО заврши, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс предизвика кавга меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски, а Европа мора да прифати нова реалност, изјави Гари Каспаров, познатиот руски шахист и активист против Кремљ, кој доби хрватско државјанство откако избега од Русија, по вчерашната кавга во Белата куќа. „Украинските застапници со добра волја се обидоа да ѝ дадат …

Каспаров: НАТО алијансата е готова Read More »

Телефонски разговор Радев – Сиљановска Давкова


Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји.  – Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и …

Телефонски разговор Радев – Сиљановска Давкова Read More »

Историски момент за Курдите и Турција: Движењето ПКК го послуша Оџалан и прогласи прекин на огнот


Откако лидерот на Курдистанската работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан повика на разоружување на движењето ПКК, се огласи и извршниот комитет и ја прифати неговата наредба. Во вонредното обраќање на Извршниот комитет на ПКК, беше наведено дека организацијата се согласува со содржината на повикот на лидерот и изјави дека ќе се усогласат и ќе ги спроведат …

Историски момент за Курдите и Турција: Движењето ПКК го послуша Оџалан и прогласи прекин на огнот Read More »

Американски стартап испорачува 6.000 дронови FPV на Украина без кинеска технологија


Со цел да се зголемат воените способности на украинските сили, во САД се одржа натпревар за стартап компании за купување и производство на беспилотни летала FPV. Договорот претставува највисока стапка на производство за кој било американски производител на беспилотни летала до сега. Процесот на селекција за овој договор започна со 260 конкурентни компании, кои поминаа …

Американски стартап испорачува 6.000 дронови FPV на Украина без кинеска технологија Read More »

Илон Маск го дочека 14-тото дете, овој пат со извршната директорка на „Неуралинк“


Илон Маск го дочека своето 14-то дете, овој пат со извршната директорка на Neuralink, Шивон Зилис. Таа ја сподели оваа вест на Х. “Разговарав со Илон и по прекрасниот роденден на Аркадија, решивме дека е најдобро веднаш да објавиме дека имаме прекрасен син Селдон Ликургус. Тој е голем и има златно срце. Многу го сакаме”, …

Илон Маск го дочека 14-тото дете, овој пат со извршната директорка на „Неуралинк“ Read More »

KСЗД: Да изградиме општество засновано на разбирање, солидарност и праведност за сите


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (KСЗД) по повод 1 Март – Светскиот ден на нулта дискриминација апелира да изградиме општество засновано на разбирање, солидарност и праведност за сите. – На 1 март, Светскиот ден за нулта дискриминација, потсетуваме дека секој човек има право на достоинство, почит и еднаквост, без разлика на неговите лични …

KСЗД: Да изградиме општество засновано на разбирање, солидарност и праведност за сите Read More »

Мукаетов се повлекува по 12 успешни години, РФМ бира нов претседател


Ракометната Федерација на Македонија денеска точно на пладне ќе одржи Изборно Собрание на кое ќе биде именуван нов предводник на „куќата на ракометот“, со што ќе биде означен крајот на ерата на Живко Мукаетов како претседател на РФМ. Успешниот бизнисмен во последните 12 години беше на чело на РФМ, период што беше успешен од секој …

Мукаетов се повлекува по 12 успешни години, РФМ бира нов претседател Read More »

Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш


Протест на српските студенти насловен „Голем едикт“ денеска ќе биде одржан во Ниш, што ќе трае 18 часа – од девет часот до три по полноќ. Предвидено е студентите да се соберат на четири локации во Ниш, а во 11 часот и 52 минути на плоштадот крал Милан ќе оддадат почит за 15 жртви при …

Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш Read More »

Седми интернационален „First Lego League Challenge“


Седмиот интернационален „First Lego League Challenge“ ќе се одржи денеска во Дајмонд мол, со почеток во 10:00 часот. Годинава ќе учествуваат 23 тимови, од кои 16 од државни основни училишта низ земјава. Тимовите ќе ги претстават своите решенија за вистински предизвици поврзани со зачувувањето на океаните, според овогодинешната тема SUBMERGED. Тимовите ќе се натпреваруваат во …

Седми интернационален „First Lego League Challenge“ Read More »

Рубио: Зеленски треба да се извини


Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се извини по неговата расправија со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. – Зеленски треба да се извини што ни го изгубивме времето за средбата што заврши на овој начин. Многу јасно ставивме до знаење кој е нашиот план, а тоа е …

Рубио: Зеленски треба да се извини Read More »

Изведба на операта „Кармен“ во Националната опера и балет


 Во Националната опера и балет вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведена операта „Кармен“ од Жорж Бизе, кое важи за едно од најпознатите и најпопуларни оперски дела во историјата. Заводливата, Кармен е симбол на независност и страст, но и на трагичниот крај на љубовта што не познава граници.  Како што соопштија од Националната …

Изведба на операта „Кармен“ во Националната опера и балет Read More »

Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка. – Не знам дали тој (сенаторот Греам) ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе …

Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка Read More »

Дел од Општина Илинден без струја


Без струја денеска од 8:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата по гробиштата во село Марино кон населба Јака и улицата кон гробиштата во Општина Илинден. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Почнува Рамазанскиот пост


 Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 30 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 …

Почнува Рамазанскиот пост Read More »

Осмомартовски базар во ГТЦ


Осмомартовски базар од денеска ќе се одржува во приземјето на Градскиот трговски центар. Посетителите до 8 Март секој работен ден (освен недела), од 10 до 20 часот, ќе можат да погледнат и купат производи изработени од нашите занаетчии – ракотворци.  Организатори на базарот се Занаетчиската комора Скопје и ГТЦ.  На базарот ќе биде прикажан широк …

Осмомартовски базар во ГТЦ Read More »

Променливо облачно со повремен локален дожд


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и релативно топло време, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. …

Променливо облачно со повремен локален дожд Read More »

 Ватикан по влошената состојба на Папата: „Следните 24 до 48 часа се клучни“


Ватикан соопшти дека следните 24 до 48 часа ќе бидат клучни за папата Франциско, откако неговата здравствена состојба нагло се влошила. „Следните 24 до 48 часа ќе бидат значајни за папата Франциско. Неговата состојба се влоши“, соопшти Светата столица. „Епизодата беше искомплицирана со повраќање“, соопшти Ватикан. „Медицинскиот персонал го третираше проблемот со аспирација пред да …

 Ватикан по влошената состојба на Папата: „Следните 24 до 48 часа се клучни“ Read More »

Сообраќајот на мостот кај Башино село по една лента


Јавното претпријатие за државни патишта известува дека врз основа на Одобрение за времена измена на режимот на сообраќај за време на санацијата на мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312 делница: Башино село – Велес, ќе го стави во времен режим на сообраќај. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно со изготвениот Сообраќаен …

Сообраќајот на мостот кај Башино село по една лента Read More »

Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2026


Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2026 кое ќе се одигра во Данска, Шведска и Норвешка. Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра двомеч против селекцијата на Словенија. Нашата сениорска репрзентација првиот натпревар ќе го оддигра во …

Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2026 Read More »