Тешко повредена малолетничка во Скопје откако во неа удрил автомобил


Вчера околу 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ со ул.„Нерешка“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот В.А. од Скопје удрило во малолетничка-пешак. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна …

Тешко повредена малолетничка во Скопје откако во неа удрил автомобил Read More »

Манчестер јунајтед потврди: Го напуштаат иконскиот „Олд Трафорд“, градат најсовремен стадион


  Манчестер Јунајтед денеска и официјално потврди дека ќе започне со изградба на нов стадион, кој ќе ја заокружи приказната за иконскиот Олд Трафорд по долги 115 години. Гигантите од Манчестер потврдија дека ќе градат нов стадион во близина на Олд Трафорд. Стадионот ќе има 100.000 седишта, а неговата изградба ќе чини повеќе од две …

Манчестер јунајтед потврди: Го напуштаат иконскиот „Олд Трафорд“, градат најсовремен стадион Read More »

Истражување: Поголемиот дел од светската популација дише нечист воздух


Поголем дел од светската популација дише нечист воздух, при што само 17 отсто од градовите на планетата ги исполнуваат упатствата на Светската здравствена организација (СЗО) за загадување на воздухот, се наведува во извештајот  што го подготви швајцарската компанија за следење на квалитетот на воздухот IQAir. Компанијата анализирала податоци од 40.000 мониторинг станици во 138 земји …

Истражување: Поголемиот дел од светската популација дише нечист воздух Read More »

Паолучи: Јавниот долг на Македонија значителнo се зголеми – на 62,4 проценти


 Темите за кои ќе се дискутира денеска се од глобална важност и се порелевантни денеска од било кога заради неизвесностите и фискалните кризи што го погодија регионот, но и целиот свет, порача директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија Масимилијано Получи на денешната презентација „Фискално управување во Европската Унија и улогата …

Паолучи: Јавниот долг на Македонија значителнo се зголеми – на 62,4 проценти Read More »

Доналд Трамп Џуниор пристигна во Белград, во план е средба со Александар Вучиќ


Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател, слетал во Белград со авион и се очекува да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, јавуваат медиумите во оваа земја. Ова не е првпат да е во Србија, бидејќи таму беше во септември за време на деловна вечера на која тема беше „инвестициите и атрактивноста на деловното …

Доналд Трамп Џуниор пристигна во Белград, во план е средба со Александар Вучиќ Read More »

Рокас: Реформите во јавните финансии се клучни за секоја држава што се подготвува за ЕУ


Реформите во јавните финансии се клучен чекор за секоја држава што се подготвува за членство во ЕУ, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас пред членовите на собраниските комисии за економски прашања и финансирање и буџет.  На презентацијата за фискалното управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет, Рокас напомена дека носителите на политики треба да ги …

Рокас: Реформите во јавните финансии се клучни за секоја држава што се подготвува за ЕУ Read More »

Промотивна велосипедска тура низ падините на Славеј Планина


Општина Дебрца во соработка со Rupicapra MTB Adventure team започна со подготовка за одржување на Вело настан на падините на Славеј Планина на 13 април 2025 година со почеток во 10:00 часот. Стартот на турата е село Лактиње, а љубителите на велосипедизмот и планините ќе имаат можност да ја разгледаат убавината на Славеј Планина и …

Промотивна велосипедска тура низ падините на Славеј Планина Read More »

Меѓународниот аеродром Скопје добитник на награда за најпријатно аеродромско искуство


 Меѓународниот аеродром Скопје повторно се стекна со признание и награда за квалитетот на аеродромските услуги за 2024 година за Најпријатно аеродромско искуство во Европа, зацврстувајќи ја својата репутација како лидер во патничкото искуство при патување преку аеродромот. Како што информираат ТАВ Аеродроми, аеродромите добитници на наградата беа откриени вчера од страна на Меѓународниот совет на …

Меѓународниот аеродром Скопје добитник на награда за најпријатно аеродромско искуство Read More »

Полјаците ќе добијат „водич за преживување“ во кризни ситуации


Полското Министерство за внатрешни работи, заедно со Министерството за одбрана и владиниот безбедносен центар, до крајот на годината ќе изработи и ќе достави до секое семејство во земјата список со препораки за преживување во кризни ситуации. Водичот ќе содржи информации за преживување во услови на долгорочен недостаток на основни потреби, вклучително и електрична енергија, како …

Полјаците ќе добијат „водич за преживување“ во кризни ситуации Read More »

Нарекувањето на студентите „орда“ беше поттик за блокадата на зградата на РТС во Белград


Водителот на РТС во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече орда студентите кои со месеци мирно протестираат. Ова беше причина студентите да ги блокираат влезовите на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, а тоа беше проследено со полициска бруталност. Во еден дел од гостувањето на РТС, Вучиќ праша зошто протестот што ќе …

Нарекувањето на студентите „орда“ беше поттик за блокадата на зградата на РТС во Белград Read More »

Македонските работници бараат најмалку 1.300 евра за сезонска работа во Хрватска


Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува значителен пораст. Зголемената побарувачка за персонал во угостителството и туризмот придонесе за раст на платите, при што сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра месечно. Работодавците се принудени да нудат подобри услови, вклучувајќи …

Македонските работници бараат најмалку 1.300 евра за сезонска работа во Хрватска Read More »

Поради дефект без вода дел од Центар


Поради уличен дефект на ул „166“ бр.7 во Општина Центар прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „166„, „165“, „164“ и „Хусеи Бајрам“.  Како што информираат од ЈП Водовод и канализација прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 9:00 часот до завршување на санација на дефектот. 

Сиљановска во Баку на форумот „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која е во официјална посета на Азербејџан претпладнево беше пречекана со највисоки државни и воени почести од нејзиниот домаќин Илхам Алијев во претседателската резиденција „Зугулба“ во Баку. Во тек е тет-а-тет средба на Сиљановска Давкова и Алијев по што следува следува пленарен состанок на двете делегации. Во состав на македонската делегација е …

Сиљановска во Баку на форумот „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“ Read More »

Клебо: Сè уште не можам да верувам дека е реално тоа што го направив на СП


Норвешкиот скијач Јоханес Клебо на социјалните мрежи ги искажа своите импресии за триумфот на Светското првенство во 2025 година во Трондхајм. На Мундијалот, 28-годишниот спортист освои шест златни медали и стана 15-кратен светски шампион. -Го замислив овој момент милион пати, но сè уште не можам да верувам дека е реален. Освојувањето на шест од шест …

Клебо: Сè уште не можам да верувам дека е реално тоа што го направив на СП Read More »

Црногорската војска го спаси легендарниот скијач Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ


Црногорската војска синоќа од морето кај вливот на реката Бојана, кај Улцињ, извлекла двајца странски државјани, од кои едниот е хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, потврдија за медиумите од црногорската влада. Потврдено е дека Костелиќ и уште еден странски државјанин биле спасени „во сложени околности“ со употреба на патролни чамци за брза интервенција на Морнарицата на …

Црногорската војска го спаси легендарниот скијач Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ Read More »

Блумберг: Виткоф планира посета на Москва за да се сретне со Путин


Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, планира посета на Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пишува Блумберг, повикувајќи се на извор запознаен со плановите. Неименуван извор изјавил дека Виткоф ќе замине во Москва на разговори со Путин, но не соопшти повеќе детали. Виткоф, кој официјално …

Блумберг: Виткоф планира посета на Москва за да се сретне со Путин Read More »

Постигнат договор: Сириските Курди ќе се интегрираат во новите државни институции


 Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите и поддржани од САД, денеска постигнаа договор со новото раководство во Сирија за целосна интеграција во државните институции. Според соопштението на сириското претседателство, историскиот договор бил потпишан од претседателот на преодната влада Ахмед ал-Шара и командантот на СДФ Маслум Абди. Со договорот се предвидува „интеграција на сите цивилни …

Постигнат договор: Сириските Курди ќе се интегрираат во новите државни институции Read More »

Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции


Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции, информираа вечерва од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.   -За жал сезоната на т.н полски пожари започна многу порано оваа година. ТППЕ Кавадарци само за овој викенд имаше пријави за преку 20 интервенции. Беа запалени стрништа, сува трава, жбун, но делумно настрадаа и долгогодишни овоштарски насади, за кои, …

Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции Read More »

Вучиќ: За пет дена ќе има обид за револуција во Србија, ќе бараат преодна влада


  Српскиот претседател Александар Вучиќ во Главниот одбор на Српската напредна партија изјави дека остануваат уште пет дена до „нивниот обид за револуција“ и уривањето на уставниот поредок, што е едно од најтешките злосторства во Србија. „Главното барање по преземањето на институциите ќе биде формирање некаква преодна влада. Тие не можат да го соборат претседателот, …

Вучиќ: За пет дена ќе има обид за револуција во Србија, ќе бараат преодна влада Read More »

САД претставија нова апликација за „самодепортација“ на мигранти


 Администрацијата на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска претстави нова апликација што ќе им овозможи на мигрантите во САД да се „самодепортираат“, наместо да се соочат со можен притвор и депортација. Оваа иницијатива е дел од заложбите на Трамп за депортација на илегалните имигранти. Апликацијата на Американската царинска и гранична заштита, наречена CBP Home, …

САД претставија нова апликација за „самодепортација“ на мигранти Read More »