Во несреќа за време на фестивал на огнот во Иран загинаa најмалку 21 лице, повредени над 6.000 луѓе


Најмалку 21 лице загина, а 6.419 се повредени за време на прославата на иранскиот огнен фестивал „Чахаршанбе Сури“. Фестивалските прослави почнаа синоќа со огнови, пиротехнички средства, па дури и рачно изработени експлозивни направи. И покрај предупредувањата од полицијата дека ќе користат беспилотни летала за следење на употребата на пиротехника, во инцидентите се забележани неколку смртни …

Во несреќа за време на фестивал на огнот во Иран загинаa најмалку 21 лице, повредени над 6.000 луѓе Read More »

Вокер нов рекордер според постигнати поени во ФИБА Лигата на шампиони


Кошаркарот на грчкиот клуб Промитеас, Џордан Вокер, постави нов рекорд според бројот на постигнати поени во натпревар од Лигата на шампионите на ФИБА. Американскиот кошаркар реализираше 54 поени, заедно со седум скокови, седум асистенции и индекс на корисност 58 на натпреварот против германскиот тим Вирцбург, кој неговиот тим го доби со 119:115 по две продолженија. …

Вокер нов рекордер според постигнати поени во ФИБА Лигата на шампиони Read More »

Суданската армија ја зазеде претседателската палата во Картум


Армијата на Судан синоќа ја ослободи претседателската палата во Картум, што беше под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), јави денеска суданската телевизија. Судирите помеѓу армијата и РСФ почнаа доцна синоќа, при што војската од воздух го нападна централниот дел на Картум. По речиси две години војна, РСФ го контролира поголемиот дел од …

Суданската армија ја зазеде претседателската палата во Картум Read More »

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, подоцна сите ќе можат да се помолат


 Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов апелира до граѓаните кои денеска во Кочани ќе оддадат почит на настраданите во пожарот, да не ја попречуваат погребната церемонија.   Денес, како што нагласува, треба да ги оставиме најблиските, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда.   -Невозможно …

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, подоцна сите ќе можат да се помолат Read More »

Приведени лицата кои синоќа палеа огномет во Скопје во денови на жалост


Полицијата синоќа привела двајца 18-годишници од Скопје кои запалиле огномет на роденденска прослава организирана во угостителски објект во Градскиот парк, со што не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани. -На 19 март 2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет …

Приведени лицата кои синоќа палеа огномет во Скопје во денови на жалост Read More »

Еден пациент во Ниш е во потешка состојба, двајцата други се стабилни


 Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде ги посетија повредените од пожарот во Кочани, сместени во таа установа. Како што соопшти МЗ, тие оствариле средби со директорот на Клиничкиот центар, проф. д-р Перишиќ, и медицинскиот тим при што биле запознаени со состојбата …

Еден пациент во Ниш е во потешка состојба, двајцата други се стабилни Read More »

Тур де Франс 2027 ќе стартува од Велика Британија


Реномираната велосипедска трка Тур де Франс ќе стартува во Единбург во 2027 година со три почетни етапи во Шкотска, Англија и Велс пред велосипедистите да се упатат кон Франција. Ова ќе биде трет пат Тур де Франс да стартува од Велика Британија, по Лондон во 2007 година и Јоркшир во 2014 година, а последната етапа …

Тур де Франс 2027 ќе стартува од Велика Британија Read More »

Основниот суд Кочани изрече краткотраен притвор во траење од уште 48 часа за сите 16 лица досега опфатени во случајот за пожарот


Основниот суд во Кочани донесе решение со кои се продолжува притворот за сите 16 лица досега опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ и им изрече мерка краткотраен притвор во траење од уште 48 часа, потврдуваат од судот за МИА. ЈОРСМ, претходно информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за …

Основниот суд Кочани изрече краткотраен притвор во траење од уште 48 часа за сите 16 лица досега опфатени во случајот за пожарот Read More »

Регистрирани два земјотреси во Струмичко


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес …

Регистрирани два земјотреси во Струмичко Read More »

Утре неработен ден во Кочани


Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот на настраданите во пожарот во Кочани, кој ќе се одржи утре. Се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и на работадавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа и работни обврски …

Утре неработен ден во Кочани Read More »

В петок повторно Совет за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ


Советот за безбедност на Обединети нации на 21 март повторно ќе одржи консултации зад затворени врати за ситуацијата во Босна и Херцеговина. Како што објави сараевскиот портал Кликс (Klix.ba), состанокот го побарала Словенија во договор со други европски земји-членки на СБ на ОН. Ситуацијата во БиХ пред СБ на ОН ќе биде претставена од американската …

В петок повторно Совет за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ Read More »

МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на осум општини.  Тоа се: Кочани, вклучувајќи ги и селата Оризари, Тркање и Зрновци, Штип со …

МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини Read More »

Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани


Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за седумте службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, поврзано со издавање согласности за функционирање на диско клубот во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 …

Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани Read More »

Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата


 Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да …

Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата Read More »

Извлечени две лица од Чешка кои заглавиле во снежен нанос на Галичица


Вчера во 16.30 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица и барале помош. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзорт и гранични проверки Св.Наум, претставник од Национален парк Галичица и планинарска спасителска служба на Црвен крст …

Извлечени две лица од Чешка кои заглавиле во снежен нанос на Галичица Read More »

Пролетта 2025 година започнува во четврток, 20 март во 10:01 часот


Во четврток, на 20 март 2025 година, пролетта ќе пристигне, точно во десет часот и една минута. Десетина дена подоцна ќе започне летното сметање на времето. Иако годишните времиња се измешани малку (или малку повеќе), официјално оваа пролет 2025 година ќе трае дел од март, цел април и мај и дел од јуни на нашата …

Пролетта 2025 година започнува во четврток, 20 март во 10:01 часот Read More »

Единаесет работници полесно повредени во пожар во неактивна германска нуклеарна централа


Единаесет работници се повредени во пожар за време на работа на уривање во деактивирана нуклеарна централа во јужна Германија, соопшти денеска локалната полиција. Инцидентот се случил во централата Графенрхајнфелд во покраината Баварија, која беше затворена во 2015 година поради постепеното исфрлање на нуклеарната енергија од страна на Германија. Полицијата во блискиот Швајнфурт соопшти дека за …

Единаесет работници полесно повредени во пожар во неактивна германска нуклеарна централа Read More »

На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст


 Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска на сметката на Црвениот крст ги уплатил парите што студентите ги донирале на собирите организирани вчера и завчера за помош на семејствата на жртвите и на повредените во пожарот во Кочани.  УСС на УКИМ на Фејсбук попладнево објави копија од уплатени  415.724 денари на сметката …

На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст Read More »

Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани


Од Скопје денеска напладне полета лет за медицинска евакуација на болницата Каролинска, со кој двајца пациенти се пренесени за медицински третман во Стокхолм во Универзитетската болница Каролинска, објави Амбасадата на Шведска на својата Фејсбук страница. Оттаму додаваат дека континуирано лекување и нега се обезбедени при транспортот на пациентите од Скопје во болницата Каролинска. -Северна Македонија …

Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани Read More »

Двајца од хоспитализираните во Бугарија се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба


 Двајца од 15-те поврдени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба, соопшти попладнево прес-службата на бугарското Министерството за здравство.  Екстубаираните пациенти, како и пациентот со маска за кислород, се во Универзитетската болница за активно лекување и итна …

Двајца од хоспитализираните во Бугарија се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба Read More »