Усогласени нови правила на ЕУ за отпадот од храна и текстил


Претставници на Полското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор за ревизија на европската Рамковна директива за отпад, со која се предвидуваат мерки за намалување на отпадот од храна во Унијата до 2030 година и за обезбедување поодржлив текстилен сектор што ќе создава помалку отпад.  Согласно договорот, се предвидува …

Усогласени нови правила на ЕУ за отпадот од храна и текстил Read More »

Апаратот за компјутерска томографија во струмичката болница не работи една година


Околу 150 илјади здравствени осигуреници кои ги користат услугите на струмичката болница една година се принудени да прават компјутерска томографија во други градови. Од февруари минатата година апаратот не работи, а неговата поправка била неисплатлива и е одлучено да се набави нов. Нефункционирањето на апарат за компјутерска томографија вчера стана тема за препукување меѓу градоначалникот …

Апаратот за компјутерска томографија во струмичката болница не работи една година Read More »

Поплавите и сушите двојно ја зголемија цената на кафето: „Ако ништо не се преземе, можеме да заборавиме на него“


Зголеменото влијание на екстремните временски услови врз производителите предизвика скок на цените на кафето. Цената на кафето е повеќе од двојно зголемена во текот на изминатата година поради екстремните временски услови. Комбинацијата од натпросечни врнежи и температури во регионите каде се произведува кафе предизвика големи проблеми за земјоделците во 2024 година. Како резултат на тоа, …

Поплавите и сушите двојно ја зголемија цената на кафето: „Ако ништо не се преземе, можеме да заборавиме на него“ Read More »

Калас: Дебатите за мировни сили во Украина претставуваат ризик за запаѓање во „руската замка“


Дебатите ширум Европа за можно испраќање мировни сили во Украина преставуваат ризик да се западне во „руската замка“, бидејќи дискусиите за мировна мисија се преуранети во услови кога „Русите не сакаат мир и нема мир“, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.   – Ако зборуваме за мировници, тогаш …

Калас: Дебатите за мировни сили во Украина претставуваат ризик за запаѓање во „руската замка“ Read More »

Прилеп субвенционира набавка на инвертери


Општина Прилеп ќе субвенционира дел од трошоците на граѓаните за набавка на грејни тела со инвертер. Според условите на распишаниот јавен повик, општината ќе надомести до 50% од вредноста на набавеното грејно тело со инвертер, но не повеќе од 10.000 денари во нето износ по лице/ домаќинство, за оние баратели кои поднеселе комплетно барање и …

Прилеп субвенционира набавка на инвертери Read More »

Австралиски милијардер Палмер формира политичка партија инспирирана од Трамп


Австралискиот милијардер Клајв Палмер неколку месеци пред изборите на национално ниво основа политичка партија, за која истакна дека е директно инспирирана од американскиот претседател Доналд Трамп. Рударскиот магнат Палмер наведе Труба на патриотите (ТоП) ќе го „пресуши мочуриштето“ во главниот град на Австралија, Канбера, повикувајќи се на плановите на Трамп за драстично намалување на Владата. …

Австралиски милијардер Палмер формира политичка партија инспирирана од Трамп Read More »

Грчки медиуми: Започнаа прелиминарните работи во Грција за изградбата на интерконекторот со Северна Македонија


 „Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Компанијата „Терна“ пред четири месеци беше …

Грчки медиуми: Започнаа прелиминарните работи во Грција за изградбата на интерконекторот со Северна Македонија Read More »

Поради снежна бура, откажани повеќе летови од Истанбул


Поради неповолните временски услови, неколку летови ќе бидат откажани во среда на аеродромот во Истанбул (IST), соопшти Туркиш ерлајнс. Компанијата ги информираше патниците дека летовите кои полетуваат и пристигнуваат на овој аеродром се погодени од лошо време. Аеродромот Сабиха Ѓокчен, кој се наоѓа во источниот дел на Истанбул, најави и откажување до 15 отсто од …

Поради снежна бура, откажани повеќе летови од Истанбул Read More »

Русите извршија голем напад врз Одеса, 250.000 жители без струја и греење


Русите синоќа извршија голем напад на Одеса, оставајќи голем дел од украинскиот град без струја, вода и греење. Во нападите беа оштетени и објекти од социјалната инфраструктура. Градоначалникот на Одеса Генадиј Труханов изјави дека нападот бил извршен во густо населена област на градот. „Без греење останаа болниците, клиниките и објектите на социјалната инфраструктура“, рече тој. …

Русите извршија голем напад врз Одеса, 250.000 жители без струја и греење Read More »

Специјалното обвинителство бара судот да му нареди на Курти да сведочи за државните резерви


Специјалното обвинителство на Косово поднесе барање до Основниот суд во Приштина да му наложи на премиерот на Косово, Албин Курти, да сведочи во тоа обвинителство во врска со случајот со државните резерви. Порталот „Заклетва за правда“ во вторникот објави дека барањето до судот било поднесено минатата недела, пренесе Бета. Досега Обвинителството трипати по ред го …

Специјалното обвинителство бара судот да му нареди на Курти да сведочи за државните резерви Read More »

Компанија донира 305 прочистувачи на воздух во вредност од милион евра


Договор за донација на 305 уреди за прочистување за чист воздух во вредност од 1.000.000 евра, ќе потпише утре Владата со компанијата ЕКОТИП Македонија.   Оваа компанија е лидер во областа на филтрација на воздухот, која во соработка со MANN+HUMMEL, обезбеди значајна донација од напредни системи од реномираниот германски производител Mann+Hummel за прочистување на воздухот …

Компанија донира 305 прочистувачи на воздух во вредност од милион евра Read More »

Данска утре ќе го објави планот за повторно вооружување


 Данска утре ќе објави голем план за повторно вооружување на својата војска, соочена со зголемена закана од Русија, изјави денеска премиерката Мете Фредериксен без да го прецизира финансискиот износ на програмата. – Мораме масовно да ја зајакнеме и заштитиме Данска. И мора масовно да се вооружиме за да избегнеме војна, рече Мете Фредериксен во парламентот. …

Данска утре ќе го објави планот за повторно вооружување Read More »

Полскиот претседател доби гаранција од САД дека нема да го намали военото присуство


 Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека добил „гаранции“ од САД дека не размислуваат за намалување на присуството на нивните сили во регионот, по состанокот со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог. – Добивме уверување дека нема апсолутно никаква американска намера да се намали активноста овде во нашиот дел од Европа, особено во безбедносната …

Полскиот претседател доби гаранција од САД дека нема да го намали военото присуство Read More »

Помина 50 години во американски затвор, ѕвездите бараа негово ослободување. Денеска е ослободен


Индијанскиот активист Леонард Пелтиер, кој помина речиси пет децении во затвор за убиства на двајца агенти на ФБИ и покрај тврдењето дека е невин, денеска беше ослободен од затвор во Флорида откако поранешниот претседател Џо Бајден му ја ублажи казната. Неговите поддржувачи, од племенските водачи до Далај Лама и Роберт Редфорд, долго време бараа негово …

Помина 50 години во американски затвор, ѕвездите бараа негово ослободување. Денеска е ослободен Read More »

Антонели: Не сум замена за Хамилтон, туку возач на Мерцедес


Новиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, пред претставувањето на сезоната во Формула 1 во Лондон изјави дека нема големи очекувања за своето деби. Антонели во германскиот тим го замени Луис Хамилтон, кој во февруари минатата година ги изненади сите објавувајќи го својот трансфер во Ферари. Британецот тогаш имаше договор со Мерцедес до 2025 година, …

Антонели: Не сум замена за Хамилтон, туку возач на Мерцедес Read More »

Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавните обвинители


Владата на денешната седница, го разгледала мислењето од Министерство за правда и по сериозна дискусија го задолжила ресорното Министерство да достави предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител пред истекот на неговиот мандат, кое потоа, како што истакна на денешната прес – конференција портпаролката на Владата Марија Митева, ќе го достави до Советот на јавните …

Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавните обвинители Read More »

Извршен увид во документација во Вишото јавно обвинителство Скопје


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска извршил увид во Вишото јавно обвинителство Скопје и обезбедил докази во постапката за кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и малтретирање во вршење на службата поведена против јавен обвинител. – Јавниот обвинител и стручни соработници од ОЈО Штип ги документираа податоците внесени во уписниците …

Извршен увид во документација во Вишото јавно обвинителство Скопје Read More »

„Стокомак“ наскоро отвора продавници во пет градови низ Србија


Еден од најголемите македонски трговски синџири „Стокомак“ наскоро и официјално влегува на српскиот пазар. Како што истакнаа од компанијата „Стокомак“ за порталот Retail Serbia, првата фаза на проширување предвидува отворање на модерни дисконти во Пирот, Ниш (потегот кај Ново Село), ​​Параќин, Лесковац и Панчево, а компанијата е во финални преговори за уште неколку локации. Тие …

„Стокомак“ наскоро отвора продавници во пет градови низ Србија Read More »

Марко Трајаноски освои златен медал на Европското првенство во ММА


Македонскиот репрезентативец Марко Трајаноски, член на клубот „Д Стронгест“ Скопје, го освои првото европско злато за нашата земја, постигнувајќи извонреден успех на најголемата европска сцена во аматерскиот ММА. Трајаноски беше доминантен во секој дуел на патот кон златото, освојувајќи четири победи против Бугарија, Романија, Украина и Италија за само еден ден. Овој подвиг е огромен …

Марко Трајаноски освои златен медал на Европското првенство во ММА Read More »

Не се трпеле, па се истепале двајца војници


Вчера во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 09.00 часот на воениот отпад на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање и нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу војниците Ј.Ј.(43) од с.Кондово, скопско и С.С.(41) од с.Матка, скопско. Од МВР велат дека по целосно …

Не се трпеле, па се истепале двајца војници Read More »