Научниците најдоа неизвесни докази за постоење живот на друга планета


Научниците од британскиот универзитет Кембриџ открија нови, иако сè уште неизвесни докази кои би можеле да укажат на постоење на живот на егзопланетата К2-18б, свет оддалечен дури 1,1 трилиони километри од Земјата. Со помош на вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) на НАСА, истражувачите открија траги од молекули во атмосферата на планетата кои се произведуваат исклучиво …

Научниците најдоа неизвесни докази за постоење живот на друга планета Read More »

Северна Кореја се заканува дека ќе одговори поради прелетувањето на американски бомбардери


Северна Кореја денеска се закани со неодредени мерки за одмазда, откако завчера американски бомбардери Б-1Б прелетаа над Јужна Кореја за време на заедничка воена вежба со јужнокорејските сили. Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека вежбата има за цел да ги демонстрира заедничките способности за одвраќање во момент кога се унапредува нуклеарната програма на Северна Кореја, …

Северна Кореја се заканува дека ќе одговори поради прелетувањето на американски бомбардери Read More »

Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел


Од денеска до 31 мај сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел бидејќи десниот тунел ќе се реконструира.  – Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната …

Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел Read More »

Стипендии за студиско усовршување и истражувања во Словенија за академската 2025/2026


Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија известува дека доделува стипендии за студенти, дипломирани лица и докторанди од Република Северна Македонија на високообразовните институции во Република Словенија за академската 2025/2026 година.  Како што објави МОН, доделувањето стипендии е врз основа на член 3 од Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија …

Стипендии за студиско усовршување и истражувања во Словенија за академската 2025/2026 Read More »

Откритие на АјСтори: Србија ѝ издавала пасоши на руската елита по инвазијата на Украина


Српските власти издале пасоши на десетици Руси поврзани со Кремљ од почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, објави денеска порталот за истражувачко новинарство IStories, цитирајќи владини податоци. Вкупно 204 Руси биле натурализирани како српски државјани во периодот од почетокот на 2022 година до април 2025 година, вклучително и многумина со врски со руската одбранбена индустрија …

Откритие на АјСтори: Србија ѝ издавала пасоши на руската елита по инвазијата на Украина Read More »

Пет лица повредени во сообраќајка кај месноста Стамерски Преод, Делчевско, сообраќајот во прекин


 Поради сообраќајна несреќа во близина на месноста Стамерски Преод, во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Пехчево – Берово. Според првични информации, во несреќата учествувале три возила, а на местото на настанот излегле Итна медицинска помош и екипа на ТППЕ Делчево, при што од страна на медицинскиот тим констатирани се повреди кај пет лица.  …

Пет лица повредени во сообраќајка кај месноста Стамерски Преод, Делчевско, сообраќајот во прекин Read More »

Холандија од новиот буџет ќе одвои дополнителни 1,1 милијарда евра за одбраната


Холандската влада ќе ги зголеми издвојувањата за одбраната за уште 1,1 милијарда евра, напиша лидерот на Народната партија за слобода и демократија (НПСД) Дилан Јешилгоз на „Икс“. НПСД е дел од владејачката коалиција во земјата. Одлуката за дополнителното трошење е донесена по преговорите меѓу лидерите на четирите партии од владејачката коалиција, на кои се разговарало …

Холандија од новиот буџет ќе одвои дополнителни 1,1 милијарда евра за одбраната Read More »

Кузмановска: Во Македонија во моментов има над 200 пациенти кои чекаат трансплантација на орган


Во Македонија во моментов има над 200 пациенти кои чекаат трансплантација на орган. Оваа листа е динамична и постојано се менува, истакна проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. – Со оваа последна, успешна кадаверична трансплантација каде што за многу краток рок беа пуштени дома сите пациенти …

Кузмановска: Во Македонија во моментов има над 200 пациенти кои чекаат трансплантација на орган Read More »

Јанчев најави автоматски систем за детекција на чад и пожар со дојава до брза помош, противпожарна и полиција


 Автоматски систем за детекција на чад и пожар со дојава до брза помош, противпожарна и полиција, како и своевидни ознаки за сите безбедни објекти за секој што ќе влезе во нив да се чувствува безбедно. Ова биле двата предлога што Општина Кавадарци ги дала до Кризниот штаб. За нив денеска информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.  …

Јанчев најави автоматски систем за детекција на чад и пожар со дојава до брза помош, противпожарна и полиција Read More »

Обвинителството бара притвор за директорот на Болницата за геријатрија и за уште едно лице


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а другото за помагање при извршување на тоа кривично …

Обвинителството бара притвор за директорот на Болницата за геријатрија и за уште едно лице Read More »

Кафанџиите и понатаму ќе плаќаат повластена цена за терасите како во корона пандемијата


Кафулињата низ Скопје, кои се распослани со своите тераси на јавна површина сè уште плаќаат комунална такса од 5 денари за метар квадратен, откако во 2020 година беше намалена од 15 на 5 денати, во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов, како една од мерките за помош на угостителството поради корона вирусот и забраните за работа. …

Кафанџиите и понатаму ќе плаќаат повластена цена за терасите како во корона пандемијата Read More »

Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа


Европската комисија денеска го објави својот годишен извештај во рамки на Системот за брзо предупредување за опасните непрехранбени производи „Безбедносна порта“ за 2024 година, кој покажува дека лани биле регистрирани 4.137 вакви стоки, што е највисока бројка од лансирањето на системот во 2003 година.  При презентацијата на извештајот еврокомесарот за демократија, правда, владеење на правото …

Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа Read More »

Почна изградбата на градинка во Расадник – ќе прими 120 деца


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните активности на новата градинка во Расадник, каде се работи со голема динамика на објектот ќе кој ќе овозможи современи услови за 120 дечиња. Со нејзината изградба, како и со објектот „Верверичка“ кој е во завршна фаза и објектот во Потстаница, целосно ќе се затворат листите на чекање …

Почна изградбата на градинка во Расадник – ќе прими 120 деца Read More »

Таравари: Починатиот пациент бил примен на Кардиохирургија, лекарите одлучиле да не се оперира


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до министерот за здравство, кој формираше стручна комисија за да ги испита сите детали за починатиот пациент на Државна кардиохирургија, Т.А. од Скопје. Пациентот бил примен и со одлука на лекарите било одлучено конзервативно да се лекува, …

Таравари: Починатиот пациент бил примен на Кардиохирургија, лекарите одлучиле да не се оперира Read More »

Македонското еколошко друштво го промовираше новиот сајт ptici.mk


Македонските ентузијасти и истражувачи на птици ќе имаат ново виртуелно место каде ќе можат да учат и споделуваат знаења за видовите птици. Неколку десетици граѓани, вљубеници во природата и птиците се собраа вчера во Нетавил во Скопје на промоцијата за новиот сајт за прибирање податоци за птици „ptici.mk“. На настанот, своја презентација имаше заменик-директорот на …

Македонското еколошко друштво го промовираше новиот сајт ptici.mk Read More »

Реконструкција на настанот или враќање на предметот во истражна постапка, бара адвокатот на еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче


Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања. Според Манев, за да се добие правилна и вистинита пресуда и да се …

Реконструкција на настанот или враќање на предметот во истражна постапка, бара адвокатот на еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче Read More »

За дваесеттина од повредените во Кочани процесот за заздравување може да потрае и до две години


На дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потреае и до две години. Тоа денеска го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека во рамки на Министерството се споведуваат сите потребни активности за прифат и продолжена …

За дваесеттина од повредените во Кочани процесот за заздравување може да потрае и до две години Read More »

Реката во Оризаре, Липковско добива цврсти ѕидови за заштита од поплави


Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска директно од теренот во селото Оризаре, општина Липково, најави нова ера во заштитата од поплави: “започна изградбата на цврсто, безбедно и трајно корито на реката кое ќе ја штити населбата и ќе го промени секојдневието на жителите во годините што …

Реката во Оризаре, Липковско добива цврсти ѕидови за заштита од поплави Read More »

Кај 17 угостителски објекти со активна лиценца утврдени неправилности, на девет им е одземена лиценцата


Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца во делот на угостителството, кај 17 се утврдени неправилности. Од нив, на девет им се одземени лиценците, а кај осум се утврдени неправилности за исполнување на минималните технички услови кои треба да ги отстранат во одреден рок.  Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес-конференција …

Кај 17 угостителски објекти со активна лиценца утврдени неправилности, на девет им е одземена лиценцата Read More »

Вардар и Црвена ѕвезда вечерва на хуманитарен натпревар за поддршка на Кочани


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва во Скопје ќе му биде домаќин на поранешниот европски и светски првак Црвена ѕвезда во хуманитарен натпревар од кој целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во која загинаа 61 лице. Хуманитарниот натпревар е закажан со почеток во 20 часот на …

Вардар и Црвена ѕвезда вечерва на хуманитарен натпревар за поддршка на Кочани Read More »