На конкурсот за наградата „Оливера Николова“ пристигнаа 38 ракописи


На првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, кој беше отворен од 11 март до 11 јуни 2025 година пристигнаа 38 ракописи.  Наградата, која е востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“, со поддршка на семејството на Николова, ќе се доделува секоја година, а право на учество имаат сите …

На конкурсот за наградата „Оливера Николова“ пристигнаа 38 ракописи Read More »

Од утре почнува реконструкцијата на Општата болница – Кочани, на Пониква пациентите ќе одат во групи


Рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот во клубот „Пулс“ ќе се реализира за да се избегнат високите дневни температури во текот на летниот период и да се намали потребата нивните семејства да ги носат во болниците во Кочани или во Скопје, беше соопштено на денешната прес-конференција во Владата, на која зборуваа владината портпаролка Марија …

Од утре почнува реконструкцијата на Општата болница – Кочани, на Пониква пациентите ќе одат во групи Read More »

Гори Вардариште, а Аеродром, Маџари, Хиподром, Јурумлери немаат струја


Два дена гори Вардариште, а во моментот екипи на противпожарната служба повторно го гасат пожарот. Граѓани незадоволни на официјалните Фејсбук страници на општина Аеродром и неформалните групи споделуваат фотографи и испраѓаат повици да се стави крај на оваа практика, на Вардариште да се палат кабли за да се дојде до бакарот во нив. Денеска пак, …

Гори Вардариште, а Аеродром, Маџари, Хиподром, Јурумлери немаат струја Read More »

ДИК: Измени на Годишниот план за јавни набавки за подготовка за претстојните локални избори


Државната изборна комисија, денеска ја одржа 125-тата седница на која членовите на комисијата ја разгледаа и усвоија одлуката за измена на Годишниот план за јавни набавки во пресрет на претстојните локални избори. Членовите на ДИК едногласно ги изгласаа и усвоија и решенијата за утврдување на пописите на избирачките места во неколку скопски општини и Радовиш. …

ДИК: Измени на Годишниот план за јавни набавки за подготовка за претстојните локални избори Read More »

Дала над 2.000 евра за „сигурен тип“ за спортска добивка


На 10.06.2025 Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Член 251-б, ст.1, а во врска со Член 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, поради тоа што во текот на месец февруари со намера за стекнување на …

Дала над 2.000 евра за „сигурен тип“ за спортска добивка Read More »

Акциите на „Боинг“ нагло паднаа по авионската несреќа во Индија


Вредноста на акциите на производителот на авиони Boeing (BA) падна во претпазарното тргување во САД откако авион на Air India со повеќе од 200 луѓе се урна во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад. Акциите на Boeing паднаа за 7,8 проценти на 197,3 долари во претпазарното тргување. Според Flightradar, авионот бил Boeing 787-8 …

Акциите на „Боинг“ нагло паднаа по авионската несреќа во Индија Read More »

Во април 357 одобренија за градење од кои 177 за високоградба, предвидени 729 станови


Во април годинава се издадени 357 одобренија за градење, што е за 38,9 проценти повеќе во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од  60 833 метри квадратни. Од вкупниот број станови, 266 се во Скопскиот регион, 232 во …

Во април 357 одобренија за градење од кои 177 за високоградба, предвидени 729 станови Read More »

Полскиот селектор поднесе оставка по несогласувањата со Левандовски


Михал Пробиерж повеќе не е селектор на полската репрезентација. Пробиерж му ја одзеде капитенската лента на Левандовски за време на последната акција со репрезентацијата, откако 36-годишниот напаѓач на Барселона се повлече од квалификациите за Светското првенство поради ментална исцрпеност, пренесува Спорт Клуб. Начинот на кој селекторот го соопшти тоа не ѝ се допадна на му …

Полскиот селектор поднесе оставка по несогласувањата со Левандовски Read More »

Поради бројните притисоци по поддршката на студентите, годинашниот EXIT ќе биде последен во Србија!


  Пред 25 години, EXIT беше создаден како студентско движење за мир и слобода во Србија и на Балканот. Од својот почеток до денес, тој прерасна не само во еден од водечките фестивали во светот, туку и во глобален симбол на заедништво, толеранција и сила на младите луѓе. Преку музика, креативност и активизам, поврзувавме генерации …

Поради бројните притисоци по поддршката на студентите, годинашниот EXIT ќе биде последен во Србија! Read More »

Татко си ја силувал малолетната ќерка во Куманово


Хорот во кумановско село. Татко си ја силувал малолетната ќерка.  – Вчера, во 12:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека З.В. од кумановско село извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка, информираа од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат надлежните. 

Експерт за авијација во неверица: „Ова е најнапредниот авион во светот, практично лета сам. Mе загрижува едно“


Експертот за авијација Џулијан Бреј разговараше со Скај њуз за денешната ужасна несреќа во која се сруши патнички авион на Ер Индија. Тој вели дека не е вообичаено „најнапреден“ авион да се сруши при полетување. Иако вели дека сега има многу шпекулации, тој верува дека безбедноста на летот мора да се земе предвид. – Она …

Експерт за авијација во неверица: „Ова е најнапредниот авион во светот, практично лета сам. Mе загрижува едно“ Read More »

Јанев: Со дигитализацијата зголемена бројката на лица детектирани по потерници на граничните премини


Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека интензивно се работи за воспоставување на системот „One Stop”, на граничниот премин Табановце – Прешево со Србија.  -Во делот со Република Србија работиме интензивно, тест фаза е, останува договорите да поминат во двата парламенти и набрзо ќе добиете информација дека и тој систем ќе биде …

Јанев: Со дигитализацијата зголемена бројката на лица детектирани по потерници на граничните премини Read More »

На Театар комедија осамна мурал за Светскиот ден на рисот


Со мурал од балкански рис и мала прослава, Македонското еколошко друштво денеска го прослави Светскиот ден на рисот. „Конечно најдовме дом за муралот, најдовме и артист кој го нацрта, и најдовме човек кој има визија и кој е отворен за соработка, а тоа е директорот на Театар Комедија – Дарко Спасов. Целта ни е со …

На Театар комедија осамна мурал за Светскиот ден на рисот Read More »

Младите ќе ја водат локалната акција и ќе влијаат на глобалните климатски одлуки


Младите организираат прва Локална младинска конференција –LCOY Северна Македонија 2025 – која ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Скопје. На конференцијата млади од целата земја ќе дискутираат за локалните климатски и еколошки предизвици, ќе споделат свои идеи за националните приоритети за животната средина и ќе придонесат кон глобалниот младински став пред Конференцијата на …

Младите ќе ја водат локалната акција и ќе влијаат на глобалните климатски одлуки Read More »

Одборот на Фулбрајт поднесе оставка поради наводно мешање на администрацијата на Трамп


Сите членови на одборот што ја надгледува програмата Фулбрајт, програма на Стејт департментот за меѓународни академски и културни размени, одлучија да поднесат оставка поради наводно политичко мешање од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, соопшти Одборот. Администрацијата на Трамп нелегално го „узурпирала авторитетот“ на одборот со тоа што им одзела стипендии на „значаен број“ …

Одборот на Фулбрајт поднесе оставка поради наводно мешање на администрацијата на Трамп Read More »

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица, дијаспората да гласа и надвор од ДКП


 ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица, изјави претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со предложените измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, поднесени од Либерално-демократската партија.  Тој при тоа го повтори партискиот став дека ќе поддржат …

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица, дијаспората да гласа и надвор од ДКП Read More »

(Видео) Се урна авион на „Ер Индија“ со повеќе од 240 патници


 Патнички авион на индиската авиокомпанија „Ер Индија“ се урна во близина на аеродромот во градот Ахмедабад кратко по полетувањето за Лондон. Според првичнте информации, во авионот имало повеќе од 240 патници. Индиските медиуми јавуваат дека авионот се урнал во населено место во градот Ахмедабад на запад  во државата. Сите патишта до областа се затворени. Боинг …

(Видео) Се урна авион на „Ер Индија“ со повеќе од 240 патници Read More »

Црногорско МНР: Немало дипломатски разговори за можноста за прифаќање мигранти од САД


Подгорица и Вашингтон не воделе дипломатски разговори за можноста Црна Гора да прифати мигранти протерани од САД, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора. „Досега немаше комуникација со САД за тоа прашање“, изјави за „Вијести“ одделот во врска со тврдењето на американскиот Блумберг дека администрацијата на Трамп се обидува да ги убеди земјите од …

Црногорско МНР: Немало дипломатски разговори за можноста за прифаќање мигранти од САД Read More »

Картел во фармацевскиот бизнис: „Д-р Пановски“ и „Фарма трејд“ казнети со 1,8 милиони евра за набавка на инсулин


  Вишиот управен суд со пресуда (УПРЖ бр.63/2024) го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое Комисијата утврди дека две големи веледрогерии АД „Д-р Пановски“ и „Фарма трејд“ ДООЕЛ Скопје склучиле забранет договор – КАРТЕЛ при учество во постапка за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер …

Картел во фармацевскиот бизнис: „Д-р Пановски“ и „Фарма трејд“ казнети со 1,8 милиони евра за набавка на инсулин Read More »

Кога ќе се намали бројот на казина? Најавен до Нова година, уште се чека на законот за игри на среќа


Бројот на автомат-клубови, коцкарници и слично треба природно да се намали, откако ќе се донесе новиот закон за игри на среќа. – Законот за игри на среќа, по неколкумесечно работење и негово усогласување е готов. Очекувам уште овој месец да ја помине владината процедура и да влезе во парламент – рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи …

Кога ќе се намали бројот на казина? Најавен до Нова година, уште се чека на законот за игри на среќа Read More »