Хамнеи: Израел се обиде да ја „собори“ Исламската Република


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека 12-дневната војна што ја започна Израел во јуни со поддршка на САД имала за цел „соборување“ на Исламската Република. -Пресметките и планот на агресорите беа да го ослабат системот со таргетирање на одредени поединци и клучни институционални центри во Иран, нагласи иранскиот лидер, осврнувајќи се …

Хамнеи: Израел се обиде да ја „собори“ Исламската Република Read More »

Поранешниот германски канцелар Шредер подготвен да сведочи за аферата „Северен тек 2“, но зад затворени врати


 Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер изразил подготвеност да сведочи во рамки на истрагата за гасоводот „Северен тек 2“, но само под одредени услови и без јавно појавување, пренесе денеска магазинот „Шпигел“. Шредер, кој неколкупати го одложи сведочењето пред истражниот одбор во покраинскиот парламент на Мекленбург-Западна Померанија, се повикуваше на здравствени причини. Според писмо од неговиот …

Поранешниот германски канцелар Шредер подготвен да сведочи за аферата „Северен тек 2“, но зад затворени врати Read More »

Италијанските затвори се преполни – може да ослободат 10.000 затвореници


Италија би можела да ослободи околу 10.000 затвореници, или 15 проценти од вкупниот број, за да се реши проблемот со пренатрупаноста на затворите, објави Министерството за правда. Министерството доцна вчера соопшти дека 10.105 затвореници „потенцијално се квалификуваат“ за алтернативни мерки, како што се домашен притвор или условна казна. Одлуката би се однесувала на оние чии …

Италијанските затвори се преполни – може да ослободат 10.000 затвореници Read More »

Битола ја изгради, САД ќе ја опреми новата противпожарна зграда


Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, извршија увид во изградбата на новата противпожарна зграда чија втора фаза стартуваше денеска. Објектот во завршната фаза ќе биде опремен со грант на американското Министерство за одбрана кои веќе објави тендер во функција за реализација на новата противпожарна зграда во Битола, информираа од тамошната …

Битола ја изгради, САД ќе ја опреми новата противпожарна зграда Read More »

Градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, осуден на една година и осум месеци затвор


  Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, е осуден на вкупно една година и осум месеци затвор во еден од случаите што се водат против него, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк. Судот го прогласи Имамоглу за виновен за „јавна навреда на државен службеник при извршување на службените овластувања“ – конкретно, на обвинителот на Истанбул, Акн Гурлек …

Градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, осуден на една година и осум месеци затвор Read More »

Меџити: Во Македонија има 200.000 дивоградби, а од албанските предничи Гостивар


Во земјава, во 80 општини има над 200.000 дивоградби и ако не грешам, во албанските општини предничи Општина Гостивар, изјави вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити. На прес – конференција, вицепремиерот Меџити повика институциите да дејствуваат насекаде и неселективно. -Во земјава, во 80 општини има над 200.000 дивоградби и ако не грешам, во …

Меџити: Во Македонија има 200.000 дивоградби, а од албанските предничи Гостивар Read More »

Дури 212 субјекти не издавале фискални – УЈП ги казни


Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), во текот на јуни и првата половина од јули 2025 година спроведе вкупно 883 теренски контроли кај даночни обврзници низ територијата на цела Македонија. Во тој период, од вкупниот број на контролирани даночни обврзници, утврдени се неправилности кај 294 …

Дури 212 субјекти не издавале фискални – УЈП ги казни Read More »

Дури 55.000 студенти ќе добијат ваучер за таблет или лаптоп – тоа чини 14 милиони евра


  Долго најавуваната мерка од новата власт – студентите да добијат ваучер од 250 евра, за да купат таблет или лаптоп – ќе стане  реалност, а тоа ќе нѐ чини речиси 14.000.000 евра. Овие пари од Буџетот ќе бидат распределени на околу 55.000 студенти. Но што ќе донесе ваквата инвестиција, никој не знае.  Денеска, пратеникот …

Дури 55.000 студенти ќе добијат ваучер за таблет или лаптоп – тоа чини 14 милиони евра Read More »

Уапсени 20 подметнувачи на пожари, а шумите уште ни горат


Во рамки на оперативна акција преземена во врска со пожарите досега се лишени од слобода околку 20 лица. Дел беа во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пуштени на слобода поради тоа што беа малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. МВР, нагласи Тошковски има директни докази дека дел од пожарите се подметнати, …

Уапсени 20 подметнувачи на пожари, а шумите уште ни горат Read More »

Тошковски: Арсовска прифати 24 часовна заштита, но не потпишува изјава за инцидентите


 Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска има 24 – часовно обезбедување кое се грижи за нејзината сигурност. МВР, по препорака добиена од Агенцијата за национална безбедност и додели обезбедување и покрај тоа што таа не го побара, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според Тошковски, добро е што Арсовска барем тоа го прифатила и …

Тошковски: Арсовска прифати 24 часовна заштита, но не потпишува изјава за инцидентите Read More »

МЗ ќе вложи 205 милиони евра за унапредување на здравствената инфраструктура


 Министерството за здравство почна со спроведување на Националната програма за кризен менаџмент и отпорност на здравствениот систем. Таа е прва од ваков тип во нашата држава, која воспоставува нова логика на справување со ризици, дефинирањена стандардизирани протоколи, дигитална платформа за координација во реално време, обуки, симулациски вежби и интероперабилна комуникација меѓу здравствени и безбедносни институции, …

МЗ ќе вложи 205 милиони евра за унапредување на здравствената инфраструктура Read More »

Мораториум на градби во Автокоманда – почнува од денеска


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски најави дека од денес стапува на сила мораториум на градби во Автокоманда. Според него, во просторот на Градска четврт ССИ 09 – Автокоманда, во изминатиот период била дозволена изградба на нови објекти и надградба на постојни станбени згради согласно со важечките детални урбанистички планови. -Со ова значително се …

Мораториум на градби во Автокоманда – почнува од денеска Read More »

МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода


Запрашан во кои општини се „чешлаат“ дивоградби и дали припадници на МВР влегле во Општина Чаир, министерот за внатрешни работи, Панче Tошковски информира дека една од општините во кои што во текот на вчерашниот ден е влезено од страна на Одделот за организиран криминал е и токму општината предводена од градоначалникот Висар Ганиу. -Една е …

МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода Read More »

САД го вооружуваат Косово: Пристигнуваат нови оклопни транспортери, а наскоро се очекуваат и ракети „Џавелин“


Косовските безбедносни сили набавија непознат број оклопни транспортери М117 од САД, со што продолжи процесот на дополнително вооружување на Косово. Во видеата од Косово, неколку камиони за влечење ја снимија испораката на оклопни возила М1117 за косовските безбедносни сили. Не е познато колку оклопни транспортери се набавени за потребите на косовските безбедносни сили, иако косовските …

САД го вооружуваат Косово: Пристигнуваат нови оклопни транспортери, а наскоро се очекуваат и ракети „Џавелин“ Read More »

Алармантни податоци: 53 отсто од девојчињата и 19 отсто од момчињата на возраст од 15 години се депресивни


Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира на загрижувачките бројки за менталното здравје на младите. Според ХБСЦ студијата, повеќе од половина од девојчињата (53%) и речиси една петтина од момчињата (19%) на 15-годишна возраст доживуваат депресивно расположение. Причините се поврзани со врсничко насилство, исклучување, онлајн малтретирање и други социјални притисоци. „Врсничкото насилство остава …

Алармантни податоци: 53 отсто од девојчињата и 19 отсто од момчињата на возраст од 15 години се депресивни Read More »

Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во затворот „Идризово“


  Вчера, во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и …

Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во затворот „Идризово“ Read More »

Васил Јованов повторно осуден на три години и 10 месеци затвор


Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепана пресуда …

Васил Јованов повторно осуден на три години и 10 месеци затвор Read More »

Пумпна станица и спој на колекторскиот систем Илинден – Марино – ќе се приклучат уште 1.130 домаќинства


Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден, во употреба се пушта пумпна станица и спој на колекторскиот систем за Илинден и Марино. -Поврзувањето се врши на претходно изградениот лев и десен колектор за фекална канализација кој е во вкупна должина од 10 километри и минува по должината на Главниот отворен …

Пумпна станица и спој на колекторскиот систем Илинден – Марино – ќе се приклучат уште 1.130 домаќинства Read More »

Еврокомисијата ќе ја претстави буџетската рамка на ЕУ за по 2027 година


Европската комисија денеска треба да го усвои Предлогот за Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на ЕУ за периодот од 2028 до 2034, која според најавите ќе изнесува 1.717 милијарди евра.  По усвојувањето на Рамката, еврокомесарот за буџет Пјотр Серафин попладнево ќе ги брифира европратениците за нејзината содржина, по што следниот седумгодишен буџет на ЕУ на прес-конференција …

Еврокомисијата ќе ја претстави буџетската рамка на ЕУ за по 2027 година Read More »