За стоковите резерви ќе се купат 9.000 тони пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешниот настан по повод свечено пуштање во употреба на базен од затворен тип кој се наоѓа во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во Општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарско прашање во врска со стоковите резерви, изјави: „Донесовме одлука на владина седница околу 9.000 тони да биде откупена пченица …

За стоковите резерви ќе се купат 9.000 тони пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа Read More »

Грција ќе достави барање за учество во механизмот САФЕ на ЕУ за зајакнување на одбраната


Грција, во рамките на програмата „ReARM Europe“, ќе учествува во новиот финансиски механизам САФЕ (SAFE) на ЕУ. Утре официјално ќе го поднесеме нашиот предлог за вклучување во механизмот САФЕ, барајќи ниски каматни заеми во висина од најмалку 1,2 милијарди евра за зајакнување на нашата национална одбрана и грчката одбранбена индустрија, соопшти преку Фејсбук грчкиот премиер …

Грција ќе достави барање за учество во механизмот САФЕ на ЕУ за зајакнување на одбраната Read More »

До крај на септември ќе профункционира зонското паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар


Најдоцна до крај на септември треба да почне зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски центар, во скопската Општина Аеродорм.  „Зонското паркирање во Реонски центар ќе почне паралелно со зонското паркирање во Ново Лисиче. Општината изготви проект, чека одобрување од Град Скопје и МВР, а бидејќи сме во координација со „Градски паркинг“, подготвени се …

До крај на септември ќе профункционира зонското паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар Read More »

Мултимедијалниот центар со кино-сала и изложбен простор во Ново Лисиче треба да е готов до 2027 година


Во наредниве две, две и пол години Ново Лисиче ќе добие мултифункционален простор, со кино-сала изложбен простор и мултимедијален дел, објект кој треба да послужи најмногу на независната сцена уметници. За таа цел, денеска министерот за култура Зоран Љутков и в.д. градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески потпишаа договор и најавија дека центарот ќе биде …

Мултимедијалниот центар со кино-сала и изложбен простор во Ново Лисиче треба да е готов до 2027 година Read More »

Гази Баба собира хаварисани возила – сопствениците казнети


Општина Гази Баба започна акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини, кои подолг период ги узурпираат тротоарите, улиците и паркинг местата во општината.   Акцијата ја спроведува Инспекторатот на Општина Гази Баба и ќе трае сè до целосно отстранување на сите возила за кои се води постапка согласно Законот за постапување со …

Гази Баба собира хаварисани возила – сопствениците казнети Read More »

Невреме во Истра, повеќе од 2.500 удари од гром за два часа (видео)


Голема бура, проследена со силен дожд и грмотевици, ја погоди Хрватска рано утрово, а облаците од дожд почнаа рано утрово, поточно пред четири часа. Повеќе од 50 мм дожд наврнаа за кратко време во Пореч, предизвикувајќи поплави и пороен дожд. Уште пообилни врнежи од дожд беа измерени од станицата во Помер (65 мм) до 6:30 …

Невреме во Истра, повеќе од 2.500 удари од гром за два часа (видео) Read More »

И најмалите во Берово научија како да спречат пожари


Во саботата, на плоштадот во Берово се одржа едукативно-информативен настан под мотото: „Огнот не простува – а шумата е живот“, со цел подигнување на јавната свест за значењето и заштитата на шумите, како и за важноста од превенција и навремена реакција при шумски пожари. Со настанот беше испратена јасна и силна порака:„Обучени и опремени професионалци …

И најмалите во Берово научија како да спречат пожари Read More »

Полноќно враќање на Ќосето пред „Континентал“


Во текот на ноќта, на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје беше повторно поставен споменикот на Андон Лазов Ќосето, кој пред шест години беше отстранет од пред зградата на Врховниот суд од страна на тогашната градска власт, предводена од поранешниот градоначалник Петре Шилегов. Одлуката за враќање на споменикот беше донесена од Советот на Град …

Полноќно враќање на Ќосето пред „Континентал“ Read More »

Европски олимписки комитет: ЕМОФ Скопје 2025 беше екстремно успешно организиран


Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 заврши во одлична атмосфера, а Македонија доби пофалби за исклучително организираниот настан. Вчеравечер и официјално беше затворено 18. издание на ЕМОФ, а повеќе од 4000 спортисти од 50 делегации имаа еднаква можност да се натпреваруваат во 15 спорта, при што 40 делегации си заминаа дома со медали, …

Европски олимписки комитет: ЕМОФ Скопје 2025 беше екстремно успешно организиран Read More »

Хрватската влада поддржува решение за две држави по планот на Франција да ја признае Палестина


Единственото одржливо решение за израелско-палестинскиот конфликт е создавање две држави, соопшти денеска хрватската влада. Соопштението доаѓа откако Франција ја објави својата намера да ја признае државата Палестина. Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа објави дека Франција планира да ја признае државата Палестина на Генералното собрание на ОН во септември. Во соопштението на хрватската влада не е …

Хрватската влада поддржува решение за две држави по планот на Франција да ја признае Палестина Read More »

Рамзан Кадиров хоспитализиран во Турција, за малку ќе се удавел во морето


Лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, за малку ќе се удавел во четвртокот додека бил на одмор во турското одморалиште Бодрум, според турските медиуми. Инцидентот наводно се случил во луксузен хотел со пет ѕвездички во округот Кајнар во Бодрум, кој се наоѓа во покраината Мугла. Според медиумските извештаи, Кадиров влегол во водата за да плива …

Рамзан Кадиров хоспитализиран во Турција, за малку ќе се удавел во морето Read More »

Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин


Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа денеска во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин. „Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји. Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет …

Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин Read More »

САД ќе обезбедат гаранција за кредит од 4 милијарди долари за Полска за купување американска воена опрема


 САД објавија дека даваат гаранција за кредит од 4 милијарди долари на Полска за купување американска воена опрема во контекст на зајакнување на нејзината одбрана и војната во Украина. „Полска останува еден од најцврстите и најсигурните сојузници на САД во Европа, земја на фронт линијата на источното крило на НАТО и лидер во инвестициите во …

САД ќе обезбедат гаранција за кредит од 4 милијарди долари за Полска за купување американска воена опрема Read More »

На Пелопонез измерени речиси 46 степени Целзиусови


Највисоката температура во Грција денеска достигна 45,8 степени Целзиусови измерени во Скала во општина Месиниа на Пелопонез, а околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на денешниот ден температурата …

На Пелопонез измерени речиси 46 степени Целзиусови Read More »

Осум лица од Турција се степале на скопскиот аеродром


Осум лица од Турција се степале на скопскиот аеродром.  Вчера во 18.19 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Ј.А.(36), Д.Ј.Е.(27), Д.С.(36), Д.Х.А(44), Д.Б.(37), Д.Х.(40), Д.А.(66) и Д.М.(62), сите од Република Турција, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, информираа …

Осум лица од Турција се степале на скопскиот аеродром Read More »

Ќе се испитува статиката на „Влајко“, „Партизанска“ ќе се затвора дел по дел


Во вторник, на 29 јули, ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае. Поради изведување на стручните мерења ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази, информираат од Општина Карпош. Во првата фаза се предвидува затворање на дел од сообраќајницата, односно булеварот …

Ќе се испитува статиката на „Влајко“, „Партизанска“ ќе се затвора дел по дел Read More »

(Видео) Пожар во близина на Шибеник, почнал од градежни работи со употреба на механизација


Малку пред 13 часот, избувна пожар во близина на Шибеник, Хрватска, а пожарот се заканува на индустриската зона, во близина на градот.  Пријавата е примена околу 12:45 часот, а пожарникарите се на местото на настанот. Пожарот се проширил преку ридот кон економската зона Поди. Два канадери и четири ер трактори, се борат со огнената стихија, …

(Видео) Пожар во близина на Шибеник, почнал од градежни работи со употреба на механизација Read More »

Шукова: Железница на кеј на Вардар – Уште еден од низата на проекти без стратегија за урбано Скопје!


„Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна. Тоа е последното нешто што му треба на Скопје. Кејот на Вардар е едно од ретките места што им преостануваат на граѓаните за мир и рекреација од хаосот на секојдневието во градот. Да се уништи тој простор со шини и бучава би било културен и …

Шукова: Железница на кеј на Вардар – Уште еден од низата на проекти без стратегија за урбано Скопје! Read More »

Девет дена се гаси пожарот на планината Готен


 Пожарот на планината Готен на страната на Берово се става под контрола. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека  едниот крак кон Берово, помеѓу Мал и Голем Готен континуирано силите на Берово со тешка механизација веќе три дена го држат под контрола и истиот е пред целосно негово локализирање. – Другиот крак …

Девет дена се гаси пожарот на планината Готен Read More »

Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија


Обожавателите со редици чекаа пред првата продавница за куклите „Лабубу“ во Германија, т.е. во Берлин, неколку часа пред отворањето утрово. Брендот „Лабубу“, основан од кинеската трговска компанија „Поп март“, стана светска сензација. Ова утро, стотици луѓе чекаа во германската престолнина, на дожд со чадори и столчиња за кампување, сакајќи да дојдат до својата плишана играчки …

Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија Read More »