Јаневска им го честита на учениците успешниот крај на учебната година и им посака пријатен распуст


Пријатен летен распуст и честитки за напорната работа и заслужениот успех им посака министерката за образование и наука Весна Јаневска на основците и средношколците кои денеска ја завршуваат учебната 2024/2025 година. -Пред вас е летниот распуст, добро одморете се, но не заборавајте дека има време и за игра и за читање книга, и за забава …

Јаневска им го честита на учениците успешниот крај на учебната година и им посака пријатен распуст Read More »

ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во Комисијата за хартии од вредност


 Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија што ја направил Државниот завод за ревизија. ДРЗ контатирал дека било извршено бришење од сметководствената евиденцијата на расходуваните движни ствари по попис, без одлука на Владата и без спроведување на постапка …

ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во Комисијата за хартии од вредност Read More »

Албанија ќе реновира 745.000 станбени згради за зајакнување на енергетската ефикасност


Албанската парламентарна комисија за економија и финансии даде зелено светло за Предлог-закон за енергетска ефикасност во станбените згради, кој предвидува реновирање на 745.000 објекти, јави Албанската радиотелевизија. Целта е да се постигнат нула емисии од станбениот фонд во Албанија до 2050 година. Зградите планирани за реновирање се протегаат на површина од 60 милиони квадратни метри. …

Албанија ќе реновира 745.000 станбени згради за зајакнување на енергетската ефикасност Read More »

Роберт Кенеди Џуниор го распушти Одборот за вакцини поради судир на интереси


Американскиот секретар за здравство, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, го распушти експертскиот советодавен одбор за вакцини, што традиционално ги водеше препораките за вакцини на федералната влада, нагласувајќи дека групата е „преполна со судири на интереси“, јави Си-ен-ен. Целиот 17-член Советодавен комитет за имунизација (ACIP), што ги советува Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) за …

Роберт Кенеди Џуниор го распушти Одборот за вакцини поради судир на интереси Read More »

Во Белград денеска и утре голем подготвителен состанок за Експо 2027


Првиот состанок за планирање на меѓународно учество на специјализираниот саем Експо 2027 Белград ќе се одржи денеска кога претставници од повеќе од 140 земји учеснички ќе имаат можност да ги посетат работите на градилиштата.  Повеќе од 140 земји го потврдија своето учество, со 350 делегати. Во главниот град на Србија веќе пристигнаа највисоките претставници на …

Во Белград денеска и утре голем подготвителен состанок за Експо 2027 Read More »

Спалети со победа се збогува од италијанската репрезентација


 Репрезентацијата на Италија синоќа во Реџо Емилија ја победи Молдавија со 2:0 во натпревар од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026. Натпреварот беше последен за италијанскиот селектор Лучијано Спалети на кормилото на репрезентацијата, кој на 8 јуни соопшти дека си заминува од националниот тим. Головите ги постигнаа Џакомо Распадори и Андреа Камбијасо. Во паралелен натпревар …

Спалети со победа се збогува од италијанската репрезентација Read More »

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст


За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го …

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Read More »

Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на …

Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата Read More »

Без струја дел од жителите од неколку општини


 Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат жители од неколку населени места.  Без струја во период од 9:00 до 10:00 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. 20 во село Бразда, Општина Чучер Сандево. Од 9:00 до 12:00 часот, без струја ќе …

Без струја дел од жителите од неколку општини Read More »

Станале директори на училишта со фалсификат сертификати за англиски јазик


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави и против В.Г.(37) и 41-годишната Д.Д.Г., двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавените набавиле лажни сертификати за познавање на англиски јазик и ги употребиле на 15.01.2024, односно на 01.06.2023 при аплицирање …

Станале директори на училишта со фалсификат сертификати за англиски јазик Read More »

Стојкоски: Арсовска се обидува да создаде несигурност во јавноста, не е точно дека ќе се градат хемиски фабрики


Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, ги демантираше ставовите на градоначалничката на Град Скопје за наводна изградба на хемиска фабрика на територија на општина Ѓорче Петров, a смета дека ова се обиди на градоначалничката на Град Скопје да создаде хаос меѓу граѓаните. „Тоа што се повикува на изградба на некакви си хемиски фабрики, со …

Стојкоски: Арсовска се обидува да создаде несигурност во јавноста, не е точно дека ќе се градат хемиски фабрики Read More »

Претседателот на Црна Гора ја потпиша спорниот договор со ОАЕ за туризам и недвижности


Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ денеска потпиша указ за прогласување на контроверзниот Договор за соработка меѓу Црна Гора и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во областа на туризмот и недвижностите, иако тој и дел од црногорското општество не го одобруваат, објавија црногорските медиуми. Дел од невладиниот сектор, опозицијата, како и самиот Милатовиќ, сметаат дека документот е спротивен …

Претседателот на Црна Гора ја потпиша спорниот договор со ОАЕ за туризам и недвижности Read More »

Мицотакис: Грција е предводник во промоцијата на поморската безбедност


Грција е предводник во промоцијата на поморската безбедност. Безбедниот поморски домен промовира глобална политичка стабилност, економска стабилност, безбедност на снабдувањето, одржлив развој и благосостојба на сите луѓе. И ние, како меѓународна заедница, треба да направиме повеќе за да ја зајакнеме поморската безбедност, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на третата Конференција на ОН …

Мицотакис: Грција е предводник во промоцијата на поморската безбедност Read More »

Во прилепската болница прва сложена операција на рака, втора во државава


Тимот на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница, под менторство на д-р Игор Мерџаноски од Клиниката за трауматологија од Скопје, ја изведе првата операција во болницата, втора во земјава, спасувајќи му ја функционалноста на левата рака на 37-годишен пациент од Прилеп. Ова е зафат на ортопластика со вметнување имплант. -Со директорот на прилепската болница направивме операција …

Во прилепската болница прва сложена операција на рака, втора во државава Read More »

МВР: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, меѓу нив и Крмзов, предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра


МВР попладнево соопшти дека поднело кривична пријава против Р.К.(56) , З.К.В.(30) и В.П.(29), од Струмица за „злосторничко здружување“, за „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“ против дваесет други лица и 15 правни лица. Со наведените дејствија, како што се посочува во соопштението, пријавените оствариле противправна имотна корист во вкупен износ …

МВР: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, меѓу нив и Крмзов, предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра Read More »

И покрај забраната, угостителски објект во Делчево кој бил дивоградба си работел


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и Б.Т.(46) од Делчево, сопственичка на објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против З.Т.(49) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. – На 24.04.2025, …

И покрај забраната, угостителски објект во Делчево кој бил дивоградба си работел Read More »

„Комунална хигиена“ казнета со 88.000 евра од Општина Аеродром


По долг период на трпение и многубројни укажувања, Општина Аеродром изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија, соопштија денеска од оваа скопска општина. „Оваа санкција не е политичка, туку институционална како резултат на утврдени …

„Комунална хигиена“ казнета со 88.000 евра од Општина Аеродром Read More »

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 11 јуни со завршен збор на одбраната


Обвинителството денеска започна со завршен збор за случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во кој обвинителката Жаклина Трајковска повеќе од четири часа ги презентираше доказите изведени во текот на процесот според кои обвинителството смета дека се докажа вината за кривичните дела што им се ставаат на товар. Завршнот збор на Обвинителство продолжува …

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 11 јуни со завршен збор на одбраната Read More »

Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат


Вкупно 10,2 отсто од лицата во ЕУ кои во 2023 година биле на возраст за пензионирање се уште работеле, при што дури 56,4 проценти од нив биле самовработени, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.  Според дефиницијата на ЕУ, за самовработени се сметаат оние лица кои вршат профитабилна дејност за сопствена сметка, според условите …

Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат Read More »

Обвинителката во завршните зборови на судењето за Вања и Панче: Убиство на дете е сурово и монструозно


  „Убиство на дете не е само чин на суровост и бруталност туку директен напад врз човечноста и општеството“, рече обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска во завршните зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче, што се одржува денеска. Обвинителството смета дека нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое не им сторило ништо на …

Обвинителката во завршните зборови на судењето за Вања и Панче: Убиство на дете е сурово и монструозно Read More »