Бразилски политичар избран за градоначалник, иако цел месец е во индуцирана кома поради коронавирус


Локалниот политичар од централен Бразил, Магуито Вилела, вчера бил избран за градоначалник на градот Гоијанија, но тој се уште не го знае тоа, бидејќи поголемиот дел од месецот го мина на респиратор во индуцирана кома поради инфекција со Ковид-19. Неговиот случај е само последен пример на големината на пандемијата на коронавирусот во Бразил, земјата која …

Бразилски политичар избран за градоначалник, иако цел месец е во индуцирана кома поради коронавирус Read More »

Во Грција регистрирани 1.044 нови случаи, починаа 85 лица од Ковид-19


 Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.044 нови случаи на Ковид-19, а почина уште 85 лица, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. На денешната редовна прес конференција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевангелу рече дека …

Во Грција регистрирани 1.044 нови случаи, починаа 85 лица од Ковид-19 Read More »

Утре сончево, но студено со минимални температури до -11 степени целзиусови


 Времето утре ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти …

Утре сончево, но студено со минимални температури до -11 степени целзиусови Read More »

Штипската болница ќе побара АРМ да го обезбедува Инфективното одделение


Директорот на Клиничка болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев денеска истакна дека ќе побара припадници на Армијата да има пред Инфективното одделение и посочи дека консултациите ќе ги направи со министерот за здравство Венко Филипче. Тој смета дека е потребно да има припадници на војската пред ова одделение, бидејќи се создава поголема гужва пред дневната Ковид …

Штипската болница ќе побара АРМ да го обезбедува Инфективното одделение Read More »

ЕК: Руската вакцина Спутник V нема да се дистрибуира во ЕУ


 Одлуката на унгарските власти да дозволат употреба на руска вакцина против корона вирус „Спутник V“ не се однесува на територијата на ЕУ, изјави портпарол на Европската комисија. Европската Унија претпочита сите вакцини што им се нудат на европските граѓани да бидат одобрени од Европската агенција за лекови. – Поради итност, одделни земји можат да одобрат …

ЕК: Руската вакцина Спутник V нема да се дистрибуира во ЕУ Read More »

Филипче: Паѓа бројот на хоспитализирани болни со Ковид-19


Минатата недела е достигнат врвот на бројот на хоспитализирани и веќе има благ пад на оваа бројка, заклучија денеска на сотанокот министерот за здравство Венко  Филипче и директорите на Ковид-центрите кои се дел од комплексот Мајка Тереза. Очекувањата се дека во наредниот период ќе има повеќе испишани отколку примени пациенти, а на инфективните одделенија има …

Филипче: Паѓа бројот на хоспитализирани болни со Ковид-19 Read More »

Опозицијата поднесе над 3.000 амандмани за измените во собранискиот деловник


ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса-Алтернатива поднесоа над три илјади амандмани, кои собраниските служби ќе треба да ги подготват и преведат, за да може Комисијата за деловничко-имунитетни прашања да го разгледа предлогот на Талат Џафери за онлајн вклучување на пратениците заразени од коронавирус на седниците. ВМРО-ДПМНЕ поднесе 1.350 амандмани, Левица 1.400, а Алијанса-Алтернатива уште 400. Опозицијата смета …

Опозицијата поднесе над 3.000 амандмани за измените во собранискиот деловник Read More »

Членките на ЕУ согласни за јакнење на односите со администрацијата на Бајден


Земјите-членки на ЕУ се согласуваат дека трансатлантските односи мора да се зајакнат со новата администрација во САД, додека истовремено мора да се работи на зајакнување на стратешката автономија на ЕУ, беше договорено денеска во Брисел. Амбасадорите на земјите-членки се согласија за идните односи меѓу ЕУ и САД, што треба да биде тема на претстојниот самит …

Членките на ЕУ согласни за јакнење на односите со администрацијата на Бајден Read More »

„Новавакс“ повторно го одложи тестирањето на третата фаза од вакцината во САД


Американскиот производител на вакцини „Новавакс“ денеска соопшти дека повторно го одложува почетокот на последната фаза од тестирањето на експерименталната вакцина против коронавирус во САД и додаде дека очекува тестирањето да почне во следните недели, место во ноември. Ова е вторпат „Новавакс“, чие тестирање на вакцината во Велика Британија е во втората фаза и веќе е …

„Новавакс“ повторно го одложи тестирањето на третата фаза од вакцината во САД Read More »

Во Србија од Ковид-19 починаа уште 55 пациенти, новозаболени се 6.224


  Во последните 24 часа во Србија потврдени се 6.224 позитивни случаи со корона вирус, од 17.093 тестирани. Починаа 55 лица. На респиратори се 253 пациенти. Според најновите податоци на Министерството за здравство во болница има 7.368 пациенти. Од почетокот на епидемијата во Србија регистрирани се 175.438 случаи со корона вирус, а починаа 1.604 лица. …

Во Србија од Ковид-19 починаа уште 55 пациенти, новозаболени се 6.224 Read More »

Обвинение за убиство за маж кој ја убил жената со која живеел невенчано


Основното јавно обвинителство Скопје по спроведена истражна постапка, поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „убиство“ според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРМ, обвинетиот,во состојба на битно намалена пресметливост предизвикана од психичко нарушување и зависност од опијати, при вршење …

Обвинение за убиство за маж кој ја убил жената со која живеел невенчано Read More »

Сијарто: Миграциите мора да останат под национална надлежност


Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто денеска го повтори ставот на Унгарија дека прашањето за миграциите мора да остане во национална надлежност. Тој ова го изјави за време на видеоконференцијата за договорот за ЕУ од Котун. Сијарто разговараше со министрите за надворешни работи на Полска, Естонија и Малта, за договорот што ЕУ го потпиша во 2000 година со …

Сијарто: Миграциите мора да останат под национална надлежност Read More »

Маричиќ: Ситуацијата со Ковид-19 во затворите е под контрола


Ситуацијата е под контрола и сите коишто пројавиле посериозни симптоми или им треба болничко лекување веднаш им е прекинато извршување на казната и се упатени на болничко лечење, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, прашан за состојбата со КОВИД-19 во затворите, по денешната посета на КПД Штип. Тој посочи дека во петокот ги соопштил …

Маричиќ: Ситуацијата со Ковид-19 во затворите е под контрола Read More »

Вакцината на „Модерна“ е ефикасна повеќе од 94 отсто, побарано одобрение за итна употреба


Компанијата „Модерна“ соопшти дека ќе побара итно одобрување на нејзината вакцина против коронавирус од американската Администрација за храна и лекови (ФДА), откако последните податоци покажале дека е ефикасна повеќе од 94 проценти. „Модерна“ е втор производител на лекови што побара од ФДА да добие одобрение за итни случаи. Пред неа, тоа го стори „Фајзер“, една …

Вакцината на „Модерна“ е ефикасна повеќе од 94 отсто, побарано одобрение за итна употреба Read More »

Царовска: Првпат стипендии за техничките училишта, но тие не се навикнати да аплицираат


Министерството за образование и наука со воведени стипенидии за технички струки и со променета уписна политика го поттикнува создавањето на стручни профили коишто се потребни на пазарот на труд. Исто така, од јануари до март следната година, МОН заедно со Стопанската комора и со сите локални чинители ќе води социо – економски дијалог за потребите …

Царовска: Првпат стипендии за техничките училишта, но тие не се навикнати да аплицираат Read More »

Маричиќ: Во КПД Штип има детско катче, библиотека и можност затворениците да изучат за готвачи или заварувачи


Казнено поправниот дом – Штип е пример како треба постојано да се унапредуваат условите и третманот на затворениците и како општеството може да помогне во нивната рехабилитација и ресоцијализација, изјави по посетата на КПД Штип денеска министерот за правда Бојан Маричиќ. Во однос на условите од пред три и пол години и каде е оваа …

Маричиќ: Во КПД Штип има детско катче, библиотека и можност затворениците да изучат за готвачи или заварувачи Read More »

Во третиот квартал природниот прираст негативен, родени 5141, умрени 5419 лица, 23 се доенчиња


Природниот прираст во земјава во третото тримесечје од годинава е негативен. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5,2 отсто и изнесува 5.141 живородени деца, додека бројот на умрените лица бележи зголемување од …

Во третиот квартал природниот прираст негативен, родени 5141, умрени 5419 лица, 23 се доенчиња Read More »

„Титаник“: Наставник од Охрид за партијата донирал до 30.000 денари


На денешното рочиште за случајот „Титаник”, кој и понатаму е во фаза на доказна постапка, односно презентација на сведоците од обвинителство, сведочеше поранешна членка на ВМРО-ДПМНЕ, од Штип, која призна дека донирала средства за партијата. – Средствата од членарината ги собиравме организирано. Некои средства ги имам платено во Кочани, другите во Штип. Личната членарина беше …

„Титаник“: Наставник од Охрид за партијата донирал до 30.000 денари Read More »

Северна Македонија и Албанија, успеси за Комисијата на фон дер Лајен


Една година по стапувањето на функција на новиот состав на Европската Комисија под палка на Урсула фон дер Лајен, институцијата ги набројува своите успеси, меѓу нив деблокирањето на преговорите со Скопје и Тирана, јави дописничката на МИА од Брисел. -На 67-от ден, Комисијата усвои нова методологија за пристапните преговори со ЕУ за да ги направи …

Северна Македонија и Албанија, успеси за Комисијата на фон дер Лајен Read More »

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ со амандмани на буџетот ќе бара итни политики за справување со аерозагадувањето


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднела амандмани на Буџетот за 2021 за итни и интерветни политики насочени кон намалувањето на загадувањето и справувањето со сите негативни појави во областа на животната средина, особено на аерозагадувањето. -Негативните трендови не засегнуваат сите, а според огромен број научни студии најмладите генреации нема да можат да го достигнат својот …

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ со амандмани на буџетот ќе бара итни политики за справување со аерозагадувањето Read More »