Филипче: Паѓа бројот на хоспитализирани болни со Ковид-19

Минатата недела е достигнат врвот на бројот на хоспитализирани и веќе има благ пад на оваа бројка, заклучија денеска на сотанокот министерот за здравство Венко  Филипче и директорите на Ковид-центрите кои се дел од комплексот Мајка Тереза.

Очекувањата се дека во наредниот период ќе има повеќе испишани отколку примени пациенти, а на инфективните одделенија има се повеќе слободни места. Сепак, според Филипче, ако овие прогнози не се остварат, тогаш на располагање ќе бидат нови оддели, а ќе се отворат и нови болнички капацитети кои се подготвуваат во моментот.

Во следните денови се очекува да се завршат градежните работи за да се отворат нови соби со довод на кислород.

Инаку, во овој момент 1.296 пациенти се хоспитализирани во ковид центрите ширум Македонија. Најголем дел се во Скопје, 480. Само во изминатотот деноноќие во Скопје хоспитализирани се 38 пациенти.

Според податоците на Министерството за здравство, најголем дел од пацинетите лежат во Интерните клиники – 186, на Инфективна се 153, а во „8-ми Септември“ – 106.

Во другите градови најмногу хоспитализирани пациенти има во Прилеп и Куманово. 120, односно 112.

Низ државата во овој момент има 175 слободни кревети.