Утврден предлог-составот на Државната изборна комисија


 – Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница со 9 гласа „за“ ја изгласа Предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. За претседател на ДИК е предложен Александар Даштевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а за потпретседател Дитмире Шеху од ДУИ, која и сега е потпретседател на Комисијата. …

Утврден предлог-составот на Државната изборна комисија Read More »

Владата ќе разгледува Национална годишна програма за јавно здравје


Владата денеска преку видео-конференциска врска ќе ја одржи 38-ма седница, на која, меѓу другото, на разгледување и усвојување ќе биде ставена Предлог-програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година. – На предлог на Министерството за здравство Владата денеска ќе ја разгледа Предлог – Националната годишна програма за јавно здравје во Република …

Владата ќе разгледува Национална годишна програма за јавно здравје Read More »

Водата во Скопје безбедна за пиење


Примероци од вода земени на 39 мерни места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, соопштувајќи  резултати од неделниот извештај за анализа на водата за пиење. Од 4 до 8 јануари биле земени 112 примероци за физичко-хемиска и 112 примероци …

Водата во Скопје безбедна за пиење Read More »

Кина: Во екплозија во рудник, рударите заробени 48 часа


  Најмалку 22 рудари останаа заробени по експлозија на рудник на истокот во Кина, соопштија кинексите власти. Рударите се заробени 48 часа во руник за злато во изградба, во областа Шандонг. Несреќите во рудници во Кина се чести, најмногу заради непочитување на прописите.

Прв случај на зараза со корона вирус кај големи мајмуни


Повеќе горили во зоолошката градина во Сан Диего во Калифорнија се заразиле со корона вирус и покажуваат симптоми на болеста, вклучувајќи и кашлица. Тоа е прв познат случај за пренесување на овој вирус кај големите мајмуни, соопшти ЗОО. Се претпоставува дека осумте горили се заразени со Ковид-19 од асимптоматски членови на персоналот, и покрај почитувањето …

Прв случај на зараза со корона вирус кај големи мајмуни Read More »

Трамп ја одобри вонредната состојба во Вашингтон до 24 јануари


Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, одобри прогласување вонредна состојба во главниот град Вашингтон, соопшти Белата куќа, откако американски безбедносни претставници предупредија на можни немири во пресрет на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Трамп со уредба го одобри продолжувањето на федералната поддршка на Вашингтон до 24 јануари, за да може да се одговори на …

Трамп ја одобри вонредната состојба во Вашингтон до 24 јануари Read More »

Пораст на бројот на новозаразени од Ковид-19 во Шпанија


Шпанците премногу се опуштија за време на празниците, дружејќи се роднините и пријателите, па корона вирусот повторно се прошири низ земјата, соопшти синоќа шпанското Министерство за здравство. Бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во последните две недели се зголеми од 350 на 435 лица на 100.000 жители, а приемот во одделот за интензивна нега, каде …

Пораст на бројот на новозаразени од Ковид-19 во Шпанија Read More »

На 90 години почина академик Георги Старделов


На 90-годишна возраст, денеска во Скопје почина академик Георги Старделов. Старделов во периодот пред Нова година претрпел срцев удар. Георги Старделов е македонски естетичар, есеист, литературен критичар, теоретичар и академик. Тој е роден во 1930 г. во Гевгелија. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал по филозофски науки во 1965 година. Беше професор на …

На 90 години почина академик Георги Старделов Read More »

Поплави на југот од Србија, евакуација, Ниш без чиста вода за пиење


  Специјалистичките тимови за спасување и работа на вода евакуираа 34 граѓани од објеки поплавени од излевање на потоци и реки во јужниот дел од Србија. Градскиот штаб за вонредни ситуации на градот Ниш прогласи вонредна состојба поради елементарни непогоди по синоќешното невреме, соопштено е на официјалниот градски сајт. Обилните дождови ги заматиле сите извори …

Поплави на југот од Србија, евакуација, Ниш без чиста вода за пиење Read More »

Османи: Бугарија одговори на нашиот Акциски план, откако ќе го разгледаме ќе имаме појасна позиција


Тоа што денеска, пред еден час го добивме како одговор од Бугарија е всушност нивно гледање на нашиот Акциски план, односно размена на идеи по однос на тој план и наредниве денови треба да го разгледаме внимателно, да видиме што од тоа може да се реализира, што може да биде спорно, појасна позиција ќе имаме …

Османи: Бугарија одговори на нашиот Акциски план, откако ќе го разгледаме ќе имаме појасна позиција Read More »

СЗО: Во февруари ќе почне вакцинација против Ковид-19 и во сиромашните држави


Светска здравствена организација (СЗО) се надева дека во февруари ќе почне вакцинација против Ковид-19 во сиромашните земји преку програмата КОВАКС, изјави советникот во СЗО, Брус Ејлвард. – Во повеќе од 40 држави почна вакцинацијата против Ковид-19. Меѓутоа, сите вакцини или речиси сите до сега се во земјите со високи или просечни приходи, посочи Ејлвард. Тој …

СЗО: Во февруари ќе почне вакцинација против Ковид-19 и во сиромашните држави Read More »

Темистоклеус: Грција има обезбедено 26 милиони дози од вакцините


Грција има обезбедено 26.090.000 дози, односно можност за вакцинација на 15.350.000 граѓани, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција за вакцинацијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека поголемиот број вакцини во однос на бројот на населението е дел од европската политика. Во …

Темистоклеус: Грција има обезбедено 26 милиони дози од вакцините Read More »

Мајката на милијардерот Ричард Брансон почина од Ковид-19


Еве Брансон, мајката на британскиот милијардер и основач на групата „Вирџин“, Ричард Брансон, почина на возраст од 96 години, од последиците од Ковид-19. Веста ја објави Ричард Брансон на својот блог. Во постот пишува дека неговата мајка ја извојувала последната победа и му се спротивставила на вирусот, но дека во тој процес ја потрошила целата …

Мајката на милијардерот Ричард Брансон почина од Ковид-19 Read More »

Пелоси: Ќе се повикаме на 25-от Амандман и ќе го отстраниме Трамп од функција


 Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси вели дека ќе разгледа опции за да се повика на 25-от амандман за смена на претседателот Доналд Трамп пред истекот на неговиот мандат на 20 јануари, откако републиканците го блокираа првичниот обид за тоа. Пелоси рече дека демократите, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом, го повикуваат потпретседателот …

Пелоси: Ќе се повикаме на 25-от Амандман и ќе го отстраниме Трамп од функција Read More »

ФБИ: Вооружени групи планираат „голем бунт“ ако се активира 25. амандман


 Вооружена група планира „голем бунт“ во Вашингтон, доколку Доналд Трамп биде отстранет со 25-от амандман, јавија американски медиуми. На истражителите им било кажано дека ако „Конгресот се обиде да го отстрани со 25-от амандман, ќе се случи голем бунт“, се наведува  во дневниот билтен на ФБИ, јави Еј-Би-Си Њуз. ФБИ исто така добиле информација дека …

ФБИ: Вооружени групи планираат „голем бунт“ ако се активира 25. амандман Read More »

Груби: Спасовски и Буши подготвени да помогнат во распределбата на административните службеници


 Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и неговиот заменик Назим Буши разговарал за распределбата на административните службеници вработени преку програмата К5, а кои не се распределени на работни места. – Во духот на добрата соработка, Спасовски и Буши го поздравија …

Груби: Спасовски и Буши подготвени да помогнат во распределбата на административните службеници Read More »

Републиканците од Претставничкиот дом блокираа барање на демократите за отповикување на Трамп од функцијата претседател на САД


Републиканците од Претставничкиот дом денска блокираа резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс и членовите на кабинетот да се повикаат на 25-от амандман и да го симнат претседателот Трамп од функцијата. Мерката, која не доби едногласна согласност, е ултиматум на спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси (Демократи/Калифорнија) пред таа да покрене барање за импичмент …

Републиканците од Претставничкиот дом блокираа барање на демократите за отповикување на Трамп од функцијата претседател на САД Read More »

Шекеринска: Да покажеме дека сојузниците добија сериозна и одговорна членка на НАТО


– Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска преку видео- конференциска врска имаше состанок со одбранбените аташеи на нашата земја во САД, Франција, Турција и Германија, како и со одбранбено – дипломатските претставници во седиштето и командите на Алијансата. Таа од одбранбено дипломатските претставници побара координиран и прецизен ангажман во унапредувањето на билатералната соработка со земјите …

Шекеринска: Да покажеме дека сојузниците добија сериозна и одговорна членка на НАТО Read More »

Магла на Стража и патот Гајре-Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри на патниот правец Гајре-Попова Шапка и планискиот премин Стража. Од ЈП „Македонија пат“ потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци и апелираат за внимателно …

Магла на Стража и патот Гајре-Попова Шапка Read More »

Врховниот суд на САД ги одби молбите на Трамп поврзани со изборите


Врховниот суд на САД денеска формално ги отфрли барањата за брзо разгледување на случаите во врска со исходот од изборите во пет држави, во кои победи новоизбраниот претседател Џо Бајден, а беа поднесени од претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници. Во прашање се резултатите од изборите во Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин. И пред …

Врховниот суд на САД ги одби молбите на Трамп поврзани со изборите Read More »