Поплави на југот од Србија, евакуација, Ниш без чиста вода за пиење


 

Специјалистичките тимови за спасување и работа на вода евакуираа 34 граѓани од објеки поплавени од излевање на потоци и реки во јужниот дел од Србија.

Градскиот штаб за вонредни ситуации на градот Ниш прогласи вонредна состојба поради елементарни непогоди по синоќешното невреме, соопштено е на официјалниот градски сајт.

Обилните дождови ги заматиле сите извори на питка вода за снабдување на Ниш со вода, поради што се исклучени од водоводниот систем.

Откако во последните 24 часа паднаа 55 литри дожд на метар квадратен, во Врање се излеа Јужна Морава.

Во Пирот поради обилните врнежи во приградските и селските населби поплавени се објекти и посеви.