Не била регистрирана гинеколошката ординација на д-р Асани


Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот за директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани, кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е во постојна комуникација со инспекторатот за …

Не била регистрирана гинеколошката ординација на д-р Асани Read More »

Се поголем е бројот на корисници на средства од ИПАРД 2 програмата во Делчевско


Се поголем е бројот на корисници на средства од ИПАРД 2 програмата во Делчевско. Еден од оние кои имаат добиено солидна финансиска поддршка преку инструментот за претпристапна помош за рурален развој е делчевецот Љупчо Николовски, кој аплицираше за набавка на агротехнички помагала. – Корисник сум на средства од ИПАРД 2 програмата и ми се одобрени …

Се поголем е бројот на корисници на средства од ИПАРД 2 програмата во Делчевско Read More »

Адем Авзиу нов генерален директор на „ЕЛЕМ ТУРС“


Нов генерален директор на „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје е Адем Авзиу, кој е поранешен државен секретар во Министерство за информатичко општество и администрација. – Авзиу ја презема задачата во многу деликатен момент, кога целиот свет се соочува со пандемија од невидени размери и во време кога рекреативните спортски центри во земјата со кои стопанисува друштвото …

Адем Авзиу нов генерален директор на „ЕЛЕМ ТУРС“ Read More »

Песков: Нема дијалог со луѓе кои протестираат со насилство


Кремљ денеска соопшти дека не може да има дијалог со луѓето кои насилно и нелегално протестираат, откако десетици илјади лица за време на викендот излегоа на улиците и побараа ослободување на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални. Британските медиуми го цитираат портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој кажа дека нивото на насилство кај некои демонстранти било …

Песков: Нема дијалог со луѓе кои протестираат со насилство Read More »

Кина ја забрзува процедурата за извоз на нејзините вакцини против Ковид-19


Кина денеска соопшти дека нејзината царинска служба треба да му даде приоритет при постапувањето во извозот на вакцините против Ковид-19 и да го олесни нивното царинење. Царината треба да ги постави како приоритет, процедурите за инспекција на превозниците вклучени во извозот на вакцини против Ковид-19 и да го олесни царинењето на овие пратки, соопшти кинеското Министерство за …

Кина ја забрзува процедурата за извоз на нејзините вакцини против Ковид-19 Read More »

АСОМ: Предлог измените на Законот за игри на среќа се противправни на веќе издадените лиценци


Предлог измените на Законот за игри на среќа се противправни на веќе издадените и постоечки лиценци и ќе предизвика правна несигурност кај субјектите на коишто им е издадена лиценца со точно одреден рок на важење, реагирааат од Асоцијацијата на спортски обложувалници. АСОМ укажува и на домашни и меѓународни правни консеквенци со кои може да се …

АСОМ: Предлог измените на Законот за игри на среќа се противправни на веќе издадените лиценци Read More »

Зелено сценарио во енергетиката со инвестиции, меѓусекторска соработка и јакнење на свеста


Државата во првата половина од годината планира да ја заокружи регулативата за спроведување проекти што ќе ја подобрат енергетската ефиканост и ќе се овозможат инвестиции во таа област во наредните пет години.  Во примената на т.н зелено сценарио од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година неопходни се конкретни чекори од сите чинители, меѓусекторска соработка, …

Зелено сценарио во енергетиката со инвестиции, меѓусекторска соработка и јакнење на свеста Read More »

Царовска: Невладините организации пружија поддршка за новата концепција


По средбата со невладините организации, денес Министерката за образвоание и наука, Мила Царовска, посочи дека поддршката е дадена, и тие по детално прочитаниот концепт се засегнати навистина образованието да има вистински вредности во својата реформа. „На средбата со невладините организации беше покажа недвосмислената поддршка за новата концепција за основно образование бидејќи таа се базира на …

Царовска: Невладините организации пружија поддршка за новата концепција Read More »

Средба на Шахпаска и Симовски за пописот и попишувањето на бездомните лица


Министерката за труд и социјaлна политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на која, како што информираат, било разговaрaно за претстојниот попис на населението на Република Северна Македонија и за потребата од евентуална меѓусебна соработка во делот на попишување на бездомните лица. Пописот на населението во април …

Средба на Шахпаска и Симовски за пописот и попишувањето на бездомните лица Read More »

Заев-Кундурос: Пријателството меѓу државите промовира стабилност во регионот, поддршка од Грција во евроинтеграциите


Северна Македонија и Грција преку пријателството промовираат стабилност во целиот Западен Балкан, констатираа премиерот Зоран Заев и новиот грчки амбасадор во земјава Русос Кундурос на денешната средба во Владата. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е пренесена порака од Атина за продолжување на пријателството меѓу двете земји, преку унапредувањето на соработката во областите важни …

Заев-Кундурос: Пријателството меѓу државите промовира стабилност во регионот, поддршка од Грција во евроинтеграциите Read More »

Карпош потсетува како се фрла ѓубрето


Општина Карпош ги потсетува сите граѓани на правилно и совесно одложување на отпадот од своите домаќинствата. Имено, задолжително треба домашниот отпад да се одложува во големите контејнери кои ги поставува и подига ЈП „Комунална хигиена“ Скопје. Доколку постои потреба од поставување на дополнителни контејнери, заедниците на сопственици (куќни совети) потребно е да испратат барање до …

Карпош потсетува како се фрла ѓубрето Read More »

Средба на Димитров и Османи со Борел: Стартот на преговорите со Македонија е важен за кредибилитетот на ЕУ во регионот


Почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија ќе придонесе за задржување на кредибилитетот на ЕУ во целиот регион, оценето е на денешната средба во Брисел на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна …

Средба на Димитров и Османи со Борел: Стартот на преговорите со Македонија е важен за кредибилитетот на ЕУ во регионот Read More »

Брестовац не е повеќе селектор на машката ракометна репрезентација


  Селекторската позиција на македонска ракометна репрезентација остана празна, откако Ракометна федерација на Македонија (РФМ) и Данило Брестовац ја прекинаа соработката. Македонија под водство на Брестовац, играше на Европското првенство минатата година и на Мундијалот во Египет и не успеа да забележи некој посериозен резултат. Напротив, резултатите беа далеку под очекувањата. Брестовац позицијата селектор на …

Брестовац не е повеќе селектор на машката ракометна репрезентација Read More »

Комисијата за финансирање го прифати предлогот за продолжување на рокот за финансиска помош за повеќе категории граѓани


Собраниската комисија за финансирање и буџет како матична комисија денеска го усвои дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на повеќе категории на граѓани со кое се врши продолжување на рокот за искористување на средствата до 31 март годинава. Предложеното законско решение е во прво читање. Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски пред пратениците образложи дека продолжувањето на …

Комисијата за финансирање го прифати предлогот за продолжување на рокот за финансиска помош за повеќе категории граѓани Read More »

Во сообраќајки настрадале двајца пешаци и моторџија


  Во три одделни сообраќајни незгоди настрадале двајца пешаци, а и еден моторџија. Во понеделникот, во 8 часот на крстосницата од улица „Франклин Рузвелт” и улица „Орце Николов”, С.С.(27) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „хонда сивик” со скопски регистарски ознаки удрила во пешакот Д.С.(41) од Скопје. По незгодата, Д.С. бил пренесен во Комплекс клиники …

Во сообраќајки настрадале двајца пешаци и моторџија Read More »

Вредноста на уништениот систем за прислушување „Најс“ е 1.4 милиони евра


Судскиот предмет „Таргет-Тврдина“ денеска продолжи со дополнение на доказна постапка. Во судот свој исказ на денешното рочиште даде вештото лице Ѕвонко Кочовски, кој истакна дека во моментот на ништење на системот за прислушување „Најс“ неговата вредност била 1.4 милиони евра. Одбраната на обвинетите реагираше дека дирекното испрашувањето на овој вештак е преседан во правото од …

Вредноста на уништениот систем за прислушување „Најс“ е 1.4 милиони евра Read More »

Тетовски полицајци евакуираа семејство заглавено на Попова Шапка


Семејство со две малолетни деца кои останале заглавени на Попова Шапка поради снежни навеи на патот во викенд населбата биле евакуирани од тетовски полицајци, па потоа и со возило на СВР Тетово однесени дома во Скопје. Полицијата била ангажирана откако 35 годишниот сопруг и татко побарал по телефон помош со оглед дека немаат струја и …

Тетовски полицајци евакуираа семејство заглавено на Попова Шапка Read More »

Грчката полиција забрани јавни собири на над 100 лица


Од 6 часот утрово, до 1 февруари, во Грција во сила е забрана за јавни собири на над 100 лица со одлука на началникот на грчката полиција, а за прекршувачите предвидени се казни од 300 до 5.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката, како што соопштуваат од грчката полиција е откако била земена …

Грчката полиција забрани јавни собири на над 100 лица Read More »

Во Србија за седум дена стигаат 250.000 дози „спутник V“, во февруари и 105.300 дози на вакцината на „Фајзер“


Државниот секретар во српското Министерство за здравство, Мирсад Ѓерлек, денеска изјави дека за седум дена во земјата се очекува да пристигнат 250. 000 руски вакцини „спутник V“, а при крај се разговорите со „АстраЗенека“ за 800 000 дози. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓерлек изјави дека вакцините на „АстраЗенека“ ќе се набавуваат …

Во Србија за седум дена стигаат 250.000 дози „спутник V“, во февруари и 105.300 дози на вакцината на „Фајзер“ Read More »

Беџ за регистрираните онлајн продавници како потврда дека од нив може безбедно да се купува


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на регистрираните онлајн продавници и оние што не се целосно усогласени или воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија. Беџот ќе биде визуелна ознака која ќе биде поставена на веб страниците на домашните е-продавници и ќе …

Беџ за регистрираните онлајн продавници како потврда дека од нив може безбедно да се купува Read More »