Грција разговара со десет земји за сертификатот за вакцинација


Велика Британија, САД, Австралија, Србија, Русија, Украина, Кина, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, се десетте земји со кои Грција веќе разговара на билатерално ниво за сертификатот за вакцинација, според министерот за туризам на Грција Харис Теохарис, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за викенд изданието на грчкиот електронски весник „Political“, Теохарис вели дека дигиталниот сертификат за …

Грција разговара со десет земји за сертификатот за вакцинација Read More »

Во Србија повеќе од 2.500 новозаразени, починаа 16 пациенти


  Во Србија, според последните податоци, откриени се уште 2.518 заразени со корона вирусот, а починаа 16 болни од Ковид-19. Тестирани биле 10.266 лица. На болничко лекување се 3.569 пациенти, од кои 151 на респиратор. Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 2.846.122 лица, а вирусот е потврден кај 436.640. Од последиците на корона …

Во Србија повеќе од 2.500 новозаразени, починаа 16 пациенти Read More »

На седница на Советот на град Скопје во вторник предлогот за дополнување на листата на имиња на улици


Советот на Град Скопје на претстојната седница најавена за вторник следната недела ќе гласа по 22 точки меѓу кои е и предлог – листата за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови, и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на град Скопје. -Станува збор за листа од 570 нови и стари имиња на …

На седница на Советот на град Скопје во вторник предлогот за дополнување на листата на имиња на улици Read More »

Мечка гризна жена додека користела полски тоалет на Алјаска


  На Алјаска се појави црна мечка која нападна ѓена на езерото Чилкат додека користела полски тоалет. Таа се здобила со рана од гризење и огреботини од канџи, пренесе Би-би-си. Биологот од АЛјаска, Карл Кох, претпоставува дека се работи за црна мечка врз основа на фотографиите од траги кои ги видел и сведочењето на други …

Мечка гризна жена додека користела полски тоалет на Алјаска Read More »

Во болниците се лекуваат вкупно 626 ковид пациенти, има 430 празни кревети


 Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 626 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.   Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови …

Во болниците се лекуваат вкупно 626 ковид пациенти, има 430 празни кревети Read More »

Казни за 199 возачи во Скопје


Во засилени  акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје вчера се изречени 199 мерки од кои 49 за управување со брзина поголема од дозволената, а 29 за возење под дејство на алкохол.   Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 23 од изречените мерки се за возење без возачка дозвола, 11 …

Казни за 199 возачи во Скопје Read More »

Последниот маж од домородно племе почина од корона вирус


И последниот маж од бразилско домородно племе кое во текот на 20 век било жртва на масакр во неколку продори на мнозинското население, почина од последиците на корона вирусот. Арука Јума умре во средата на возраст меѓу 86 и 90 години, а беше последниот маж припадник на племето Јума, кое некогаш броело 15.000 луѓе. Зачестените …

Последниот маж од домородно племе почина од корона вирус Read More »

Филипче: Следуваат санкции за оние кои го прекршиле планот за вакцинација


Министерот за здравство Венко Филипче силно ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација, соопшти вечерва Министерството за здравство. Во соопштението се посочува дека ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во …

Филипче: Следуваат санкции за оние кои го прекршиле планот за вакцинација Read More »

Земјотрес во Косово, почувствуван и во Македонија


  Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтер, забележан е попладнево во Косово, а бил почувствуван и во Македонија. Земјотресот се случи во 16.46 часот, со епицентар кај Гњилане, пренесе „Коха диторе“. Според податоците кои ги објави Евро-медитераснкиот центар за сеизмологија, потресот се почувствува и во Македонија, пренесе „Косово онлајн“.

Во Тексас прогласена состојба на катастрофа


Претседателот на САД, Џозеф Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Тексас, што отвора можност за пренасочување на федерални фондови кон таа сојузна држава каде милиони луѓе, поради снежното невреме, немаат струја и вода. Според  Федералната агенција за управување со вонредни состојби речиси половина држава вчера немаше вода за пиење, а струја нема веќе неколку …

Во Тексас прогласена состојба на катастрофа Read More »

Москва: Полицијата уапси осум почитувачи на опозиционерот Немцов


Московската полиција уапси осуммина почитувачи на опозиционерот и критичар на Кремљ, Норис Немцов. Тие се обидоа да положат цвеќе на местото на кое е убиен на 27 февруари 2015 година, на мостот во центарот на Москва. По убиството на Немцов, активистите на опозицијата почнаа да чуваат импровизирано обележје на мостот затоа што градските власти го …

Москва: Полицијата уапси осум почитувачи на опозиционерот Немцов Read More »

МЗ: Досега 764 здравствени работници примиле вакцина против Ковид-19


Од почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 во државава до денеска се вакцинирале 764 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство. Имунизацијата на здравствените работници со вакцината од производителот „Фајзер“ се одвива во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде се поставени шест вакцинални позиции и се работи во две смени …

МЗ: Досега 764 здравствени работници примиле вакцина против Ковид-19 Read More »

Косово: Нови три жртви, 292 заразени и 556 излекувани од Ковид-19 последните 24 часа


Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови три смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, откако претходниот ден по подолго време имаше двоцифрена бројка, односно десет жртви на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Последните 24 часа, од извршените речиси три илјади тестирања со методот РТ-ПЦР (вкупно околу 283 илјади досега), 292 лица резултирале заразени од …

Косово: Нови три жртви, 292 заразени и 556 излекувани од Ковид-19 последните 24 часа Read More »

Филипче: Се очекува до крајот на месецов да стигнат и другите вакцини и да почне масовното вакцинирање на населението


Веќе сме во краен период во кој во земјава се очекува да пристигнат и останатите вакцини и последните најави се дека тоа ќе биде до крајот на месецов, информира министерот Венко Филипче при денешната посета на новата модуларна ковид болница во рамки на велешката Општа болница. – Веќе добро функционира системот на закажување, близу 95 …

Филипче: Се очекува до крајот на месецов да стигнат и другите вакцини и да почне масовното вакцинирање на населението Read More »

Во Романија бездомниците се приоритетна група за вакцинирање


Речиси 300 бездомници се вакцинирани против коронавирус во Романија, што ја прави една од првите европски земји кои ги издвоиле како приоритетни луѓето кои немаат свој дом, соопштија денеска романските здравствени власти. – Овие луѓе се меѓу најзагрозените од инфекција. На повеќето им е тешко да ги следат мерките за контрола на заразата, изјави министерот …

Во Романија бездомниците се приоритетна група за вакцинирање Read More »

Во Битола стапуваат на сила препораките и краткорочните мерки при надминат праг на алармирање


 Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека прагот за алармирање поради штетни ПМ10 честички во воздухот е надминат на мерно место во Битола, поради што во градот стапуваат на сила владините краткорочни препораки и мерки во случај на надминат праг. -Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа …

Во Битола стапуваат на сила препораките и краткорочните мерки при надминат праг на алармирање Read More »

„Фајзер“: Проблемот со чување на вакцината на екстремно ниски температури е отстранет


Вакцината на Фајзер/БиоНТек против Ковид 19 е позната како една од најефикасните. Но, со неа постоеше проблем, кој според објавата на компанијата „Фајзер“, е веќе отстранет. Имено, „Фајзер“ и „БиоНТек“ денеска и испратија на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) податоци од студијата, во која се наведува дека оваа вакцина сепак не мора да се …

„Фајзер“: Проблемот со чување на вакцината на екстремно ниски температури е отстранет Read More »

На Кипар доминира нова мутација на корона вирусот


Република Кипар веројатно има своја, „кипарска“ мутација на коронавирусот, со оглед на тоа дека 90 отсто од позитивните случаи од декември 2020 година се од видот Β.1.258, кој на островот е „увезен“ од четири европски земји, покажуваат резултатите од истражувањето на кипарски научници, јави дописничката на МИА од Атина. Во „Истражувањето спасува животи“, со цел да …

На Кипар доминира нова мутација на корона вирусот Read More »

Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе има слоган „Сплотени за победа“


Нема член на ВМРО-ДПМНЕ што не е загрижен за случувањата во партијата, а сите се прашуваат зошто ги губат сите избори во последните три години, беше речено на денешната промоција на слоганот под кој ќе се одржи 17. вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ е Македонија и Македонија е ВМРО-ДПМНЕ. Без силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ не …

Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе има слоган „Сплотени за победа“ Read More »

Пендаровски: Да го подготвиме општеството за можната идна криза


Искуството од вонредната состојба предизвикана минатата година од пандемијата со корона вирусот е причина за денешната широка стручна и јавна дебата што претседателот Стево Пендаровски, ја иницираше се со цел донесување посебен закон што ќе ги регулира ингеренциите во некоја идна вонредна состојба. Претседателот Пендаровски, во своето обраќање пред присутните на конференцијата „Вонредна состојба: научени …

Пендаровски: Да го подготвиме општеството за можната идна криза Read More »