Досега евидентирани 18.236 лица преку апликацијата за самопопишување


Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани 18.236 лица, објави Државниот завод за статистика на својата веб страница. Податоците се однесуваат за состојбата на 3 март 2021 во 10 часот. Со пријавувањето на Апликацијата, корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација, и телефонски број …

Досега евидентирани 18.236 лица преку апликацијата за самопопишување Read More »

Заев побара и експресно доби доверба на Владата


Премиерот го образложи овој чекор со постојаните изјави од опозицијата дека се формирало ново мнозинство и дека со тоа се пласирале лажни вести за да се создаде несигурност кај граѓаните   Во своевиден блиц-криг премиерот Зоран Заев денеска попладне неочекувано побара гласање доверба на Владата и околу 17 часот парламентарното мнозинство му ја изгласа со …

Заев побара и експресно доби доверба на Владата Read More »

Општина Аеродром чекор напред до изградба на голф терен во Лисиче


Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин и претседателот на Македонската голф-федерација, Наум Јанакиев, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што се отвора патот за изградба на голф-терен на територијата на оваа скопска општина. Терените, како што предвидуваат од локалната самоуправа, ќе се градат во руралниот дел на Аеродром, односно во селото Лисиче и ќе се протегаат …

Општина Аеродром чекор напред до изградба на голф терен во Лисиче Read More »

Детектиран британски сој на Ковид-19 кај пациент вратен од Занзибар


 Детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2, според анализите што денеска ги направи МАНУ, на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар, информираат од Министерството за здравство.   Дополнуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет, кој, исто така, патувал за Занзибар. Тој …

Детектиран британски сој на Ковид-19 кај пациент вратен од Занзибар Read More »

Истражување: И една доза вакцина ја намалува хоспитализацијата


И една доза вакцина од „Фајзер/Бионтек“ или „АстраЗенека“ помага да се спречи развој на потешки форми на болеста за кои е потребна хоспитализација на лица со висок ризик постари од осумдесет години, покажаа првичните податоци од британско истражување.   Резултатите од истражувачкиот проект финансиран од компанијата „Фајзер“ покажуваат дека ефикасноста од една доза од вакцината …

Истражување: И една доза вакцина ја намалува хоспитализацијата Read More »

Пет македонски и еден британски државјанин на аеродромот во Скопје приложиле лажен негативен тест за Ковид-19


Кривична пријава против пет македонски и еден британски државјанин заради приложување на лажен негативен тест за Ковид-19 на аеродромот во Скопје. – Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Е.Д.(22) од Р.Турција, Н.Р.(48) и Е.Р.(34), двајцата од с.Неготино, гостиварско, Р.А.(22) од с.Пласница, општина Македонски Брод, Н.Б.(67) од Кичево, С.Б.(22), државјанин на Р.Северна …

Пет македонски и еден британски државјанин на аеродромот во Скопје приложиле лажен негативен тест за Ковид-19 Read More »

Во Србија повторно над 4.000 нови случаи, размислуваат за полициски час


  Во последните 24 часа во соседна Србија на корона вирус тестирани се 16.175 лица, од кои 4.056 се позитивни, а починаа 16 лица. Според податоците на Министерството за здравство, на респиратори се 161 пациент. Вчера во Србија имаше 4.157 нови случаи, од 16.743 тестирани. Од викендот на сила се нови мерки – угостителските објекти …

Во Србија повторно над 4.000 нови случаи, размислуваат за полициски час Read More »

ЕМА: Без промена во опсегот помеѓу две дози вакцини против корона вирус


Европската медицинска агенција (ЕМА) смета дека сè уште не е време да препорача промени во опсегот помеѓу две дози вакцини против коронавирус и покрај притисокот од земјите на Европската унија по позитивните податоци за нивото на заштита по една доза. Како што пренесуваат странските агенции, програмата за вакцинација на ЕУ доцни во споредба со програмите …

ЕМА: Без промена во опсегот помеѓу две дози вакцини против корона вирус Read More »

Нова кампања на ССМ – работниците телефонски или на меил да пријавуваат ако им се прекршени правата


 Работниците ќе можат телефонски или електронски, преку меил, да пријавуваат или да поднесуваат жалби и барања доколку им се прекршени правата. Ова е целта на новата кампања на ССМ која предвидува поедноставен пристап до бесплатната правна заштита за работниците. Кампањата е под мотото „Правна заштита – сигурност на работничките права“. -Преку воведување посебна новоотворена телефонска …

Нова кампања на ССМ – работниците телефонски или на меил да пријавуваат ако им се прекршени правата Read More »

Загрижувачки дневен извештај: Нови 807 случаи со Ковид-19, пет починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи со Ковид-19. Тоа значи дека позитивни се 24,3 отсто од тестираните.  Најмногу новозаболени има во Скопје – 359, по што следат Куманово и Охрид со по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино по 36, Гевгелија …

Загрижувачки дневен извештај: Нови 807 случаи со Ковид-19, пет починати Read More »

Попис: На местото за матичен број може да се внесат и 13 нули


Системот за попишување не проверува дали внесените матични броеви се валидни. Во полето за ЕМБГ, можат да се напишат и 13 нули, системот веднаш дозволува пристап. Ова е уште една слабост на апликацијата за попис, која ја открија програмерите, јавува Телма. Откако објавија дека, преку ВПН е лесно да се попишат лица од Македонија како …

Попис: На местото за матичен број може да се внесат и 13 нули Read More »

Петровска: Законот за поништување на законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ е политичка манипулација


Пратеничката група на СДСМ смета дека денеска поднесениот Предлог закон за поништување на Законот за попис, по итна постапка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, претставува обид за политичка манипулација и дека тоа не може да влијае на процесот на попишување. Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во изјава за медиумите рече дека пописот е во тек и …

Петровска: Законот за поништување на законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ е политичка манипулација Read More »

АА и Алтернатива нема да го поддржи законот за поништување на Законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ


Пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива денеска реагираше дека прашалникот за попишување на дијаспората не е во согласност со членот 34 од Законот за попис во врска со употребата на јазикот. АА и Алтернатива нема да го поддржи законот за поништување на Законот за попис, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ. -Прашалникот е во спротивност со …

АА и Алтернатива нема да го поддржи законот за поништување на Законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Комисијата за заразни болести ќе предложи карантин од 14 дена за сите кои доаѓаат од Африка


Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни болести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. До овој момент во земјава, како што се посочува, се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот. Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на …

Комисијата за заразни болести ќе предложи карантин од 14 дена за сите кои доаѓаат од Африка Read More »

Словачка воведува полициски час


  Словачка од вечерва воведува полициски час во текот на ноќта, рече министерот за здравство Марек Крајќи додека семјата се бори со највисока стапка на смертност од корона вирус во светот. Словаците нема да смеат да излегуваат од дома од 20 часот до 5 наутро, се наведува во владината одлука. На луѓето им се препорачува …

Словачка воведува полициски час Read More »

Притвор од 48 часа за косовски државјанин за пукањето во Ѓорче Петров


Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднело писмено известување за настанот што се случи на 01.03.2021 година, околу 16 часот, на улица „Борис Сарафов“ во Скопје, кога од патничко моторно возило „голф 5“ без регистарски таблици беше пукано со огнено оружје кон автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, управувано од лице од …

Притвор од 48 часа за косовски државјанин за пукањето во Ѓорче Петров Read More »

Тројца турски државјани на аеродромот во Скопје прикажале лажен негативен тест на Ковид-19


Тројца државјани на Република Турција денеска заработија обвинителен предлог за кривично дело фалсификувана потврда за негативен тест за Ковид-19. Од Јавното обвинителство информираат дека ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителни предлози против тројца државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа. -На 1 март, при процедурите за проверка на пасошот …

Тројца турски државјани на аеродромот во Скопје прикажале лажен негативен тест на Ковид-19 Read More »

Подновена спомен-собата на Крсте Мисирков


Отворањето на подновената Спомен-соба на Крсте Мисирков е навистина значаен настан не само за Институтот за македонски јазик, чиј патрон е Мисирков, и не само за Министерството за образование и наука, туку за целата држава, затоа што на овој начин се покажува и почитување кон неговото дело, но исто така и вложување во грижата и …

Подновена спомен-собата на Крсте Мисирков Read More »

Шахпаска: Податоците од пописот се неопходни за креирање на социјални и трудови политики


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпска и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски го посетија Прифатниот центар за поддржано живеење на бездомни семејства каде се изврши попис на овие лица. Во овој центар во привремени живеалишта се сместени 105 бездомни лица. -Пописот е многу важна статистичка операција што е важна за …

Шахпаска: Податоците од пописот се неопходни за креирање на социјални и трудови политики Read More »

Со милион денари Општина Карпош ќе го спроведува еколошкиот план


Со планираните буџетски средства во вредност од 1.000.000 денари, општина Карпош ќе го реализира Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП 2) за 2021 година. Во таа насока, советниците од Карпош, во рамки на 54. седница на Советот, го поддржаа едногодишниот Акционен план кој е во рамките на поголемиот, петгодишниот ЛЕАП, којшто предвидува низа активности за заштита …

Со милион денари Општина Карпош ќе го спроведува еколошкиот план Read More »