Во Србија повторно над 4.000 нови случаи, размислуваат за полициски час


 

Во последните 24 часа во соседна Србија на корона вирус тестирани се 16.175 лица, од кои 4.056 се позитивни, а починаа 16 лица.

Според податоците на Министерството за здравство, на респиратори се 161 пациент.

Вчера во Србија имаше 4.157 нови случаи, од 16.743 тестирани.

Од викендот на сила се нови мерки – угостителските објекти и трговските центри работат до 14 часот, а услужните дејности и прехраната работат до 20 часот.

Се размислува за потполно затворање

Бидејќи епидемиолошката состојба во Србија драматично се влоши во последните денови, медицинските стручњаци од Кризниот штаб бараат потполно затворање на седум до 10 дена.

Се спомнува и полициски час и вонредна состојба, а за тие мерки ќе се одлучува следните денови.

Претседателот Александар Вучиќ, сепак рече дека Србија е далеку од вонредна состојба.