Клиниката за детски болести доби донација автомобил


Универзитетската клиника за детски болести во Скопје доби нов автомобил кој ќе биде наменет за вработените кои вршат конзилијарни прегледи и дополнителни консултации во други здравствени установи, како и за сите останати потреби на Клиниката. Возилото е донација од компанијата „Моцарт“ која досега на оваа клиника донираше медицинска опрема во вредност од 1.100.000 денари, а …

Клиниката за детски болести доби донација автомобил Read More »

Формиран Граѓански инспекциски совет


Влијание врз Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), но и врз другите јавни институции во насока на подобрување на инспекцискиот надзор, со цел поефикасно справување со загадувањето на животната средина е основната цел на Граѓанскиот инспекциски совет, формиран од вкупно 26 невладини организации, здруженија на граѓани и високо образовни институции. Граѓанскиот инспекциски совет при ДИЖС …

Формиран Граѓански инспекциски совет Read More »

Судскиот процес за убиството на Ангел Петковски продолжи со завршни зборови на Обвинителсвото


 Со завршни зборови на Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судскиот процес за убиството на Ангел Петковски, кој беше убиен во 2014 година во скопската населба Ѓорче Петров. Обвинетиот Насер Ештрефи, претходно, со одлука на Основниот кривичен суд Скопје, потврдена од скопска Апелација, беше осуден на 14-годишна затворска казна. Одлуките ги укина …

Судскиот процес за убиството на Ангел Петковски продолжи со завршни зборови на Обвинителсвото Read More »

Завршни зборови на Обвинителството за предметот „Трезор“


Наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје со што успеале да злоупотребат средства од Буџетот на државата, наведе во завршен збор Обвинителството за …

Завршни зборови на Обвинителството за предметот „Трезор“ Read More »

Во Хрватска нови 150 заразени, починаа 13 пациенти


  Во последните 24 часа забележани се 150 новозаразени со корона вирусот во Хрватска, а бројот на активни случи изнесува 6.280. Од нив 1.033 се лекуваат во болница, а 95 се на респиратор. Починаа уште 13 пациенит, или вкупно досега 5.786. Од почетокот на епидемијата досега се забележани 257.789 заразени со корона вирус, а оздравеа …

Во Хрватска нови 150 заразени, починаа 13 пациенти Read More »

УХМР: Во вечерните часови врнежите постепено ќе престануваат


 Во вечерните часови врнежите ќе ослабнат и постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер. Од четврток …

УХМР: Во вечерните часови врнежите постепено ќе престануваат Read More »

Ќе поскапат сувомесните производи ако не се дозволи увоз на 6.400 тони замрзнато свинско месо


Месната индустрија најавува драстични поскапувања ако Владата за максимум еден месец не ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо. Како што беше речено денеска на прес-конференција, освен ценовен шок за домашните потрошувачи, може да се очекува и згаснување на некои од преработувачките капацитети. Отпуштања засега нема, велат преработувачите …

Ќе поскапат сувомесните производи ако не се дозволи увоз на 6.400 тони замрзнато свинско месо Read More »

Повеќемина повредени во три одделни сообраќајни незгоди


  Три тешки сообраќајни незгоди се случиле во изминатово деноноќие во кои се повредени повеќе учесници. Во неделата, во 21.30 часот било пријавено дека на локалниот пат село Кондово-село Радуша се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(36) од село Радуша, Скопско и патничко моторно возило …

Повеќемина повредени во три одделни сообраќајни незгоди Read More »

Евидентирани 121.520 лица преку апликацијата за самопопишување


 Преку апликцијата за самопопишување  заклучно со 08.30 часот изутрина  се евидентирани  вкупно 121.520 лица. Процесот на самопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци. Од 1 март се попишуваат …

Евидентирани 121.520 лица преку апликацијата за самопопишување Read More »

Маричиќ во Брисел на средби со еврокомесари и европратеници


Министерот за правда Бојан Маричиќ од денеска престојува во неколкудневна работна посета на Брисел. Предвидени се средби со еврокомесари и европратеници на кои ќе се разговара за реформските процеси во земјава, европските реформи со фокус на оние во ресорот правда. За време на посетата, како што соопшти Министерството за правда, предвидено е Маричиќ да се …

Маричиќ во Брисел на средби со еврокомесари и европратеници Read More »

ЕМА ќе испрати експерти во Русија за да ги проверат податоците за Спутник В


 Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе испрати експерти во Русија во април за да ги проверат клиничките испитувања и производството на вакцината против коронавирус Спутник В. Според раководителот на одделот за закани по здравјето и стратегија за вакцинација Марко Кавалери, слична инспекција моментално се спроведува и за германската Кјурвак и американската Новавакс. Агенцијата ќе ги …

ЕМА ќе испрати експерти во Русија за да ги проверат податоците за Спутник В Read More »

Не сообраќаат возовите на релација Скопје -Велес, се отстранува дефектот на оптиката


Екипи на ЈП Железници Инфраструктура работат на отстранување на дефектот на оптиката што предизвика прекин на железничкиот сообраќај на релацијата Скопје-Велес и обратно од ноќеска пред полноќ.  Конекциските кабли се оштетени поради тежината на снегот, што ги блокираше свртниците и не сообраќаат патничките и товарните возови на оваа релација. Директорот на ЈП ЖМ Инфраструктура Хари …

Не сообраќаат возовите на релација Скопје -Велес, се отстранува дефектот на оптиката Read More »

Заев и Борисов на телефон: Решението на спорот не треба да се одложува


Одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство, се согласиле премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов во денешниот телефонски разговор.   -Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека …

Заев и Борисов на телефон: Решението на спорот не треба да се одложува Read More »

Пендаровски и Главниот кризен штаб ја разгледуваа состојбата со Ковид-19


Претседателот Стево Пендаровски учествуваше на редовната седница на Главниот координативен кризен штаб на која беа разгледани најновите состојби во државата предизвикани од пандемијата и беа разменети информации и мислења за актуелните мерки за спречување и ширење на вирусот Ковид-19. Како што информираат од неговиот кабинет, на седницата ресорните министри и претставниците на надлежните институции информираа …

Пендаровски и Главниот кризен штаб ја разгледуваа состојбата со Ковид-19 Read More »

Прекината средбата на Џафери со координаторите на пратеничките групи


 Претседателот на Собранието Талат Џафери за напладне најави прес-конференција откако на денешната редовна понеделничка средба со координаторите на пратеничките групи не бил постигнат договор за работата на Парламентот и утрешната седница, на која на дневен ред се закони поврзани со мерките за справување со Кодив-19. Според информации од пратеничките групи, ВМРО-ДПМНЕ предложиле на утрешната седница …

Прекината средбата на Џафери со координаторите на пратеничките групи Read More »

(Во живо) Завршни зборови за „Трезор“


   Со завршни зборови на обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за предметот „Трезор“, кој се однесува за злоупотреба на средства од Буџетот на државата во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК. Проследете во живо:

Завршни зборови на обвинителство за „Трезор“


 Со завршни зборови на обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за предметот „Трезор“, кој се однесува за злоупотреба на средства од Буџетот на државата во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК. За набавката на опремата обвинителството тврди дека наместо МВР да …

Завршни зборови на обвинителство за „Трезор“ Read More »

Паднато дрво на трафостаница предизвика спој во Железара


Паднато дрво предизвика спој во трафостаница на ЕВН во скопската населба Железара. Делови од населбата останале без електрична енергија, а пред да се утврди за што станува збор граѓаните на социјалните мрежи објавуваа видеа. Пријавуваа чудна светлина и искрење, како и експлозии. Повик за интервенција бил примен и во Територијалната противпожарна бригада на Скопје, од …

Паднато дрво на трафостаница предизвика спој во Железара Read More »

Трамп прави сопствена друштвена мрежа


  Поранешниот американски претседател Донад Трамп, кој е суспендиран од Твотер и другите социјални мрежи по нападот на Капитол на 6 јануари, планира да отвори сопствена платформа за два-три месеци, рече еден негов виш советник. Џејсон Милер, портпарол на кампањата на Трамп, рече дека тој ќе се врати во просторот на социјалните мрежи со сопствена …

Трамп прави сопствена друштвена мрежа Read More »