Во Хрватска нови 150 заразени, починаа 13 пациенти
Во последните 24 часа забележани се 150 новозаразени со корона вирусот во Хрватска, а бројот на активни случи изнесува 6.280.
Од нив 1.033 се лекуваат во болница, а 95 се на респиратор.
Починаа уште 13 пациенит, или вкупно досега 5.786.
Од почетокот на епидемијата досега се забележани 257.789 заразени со корона вирус, а оздравеа 245.723 лица, од кои 779 во последното деноноќие.
ДО денеска се тестирани 1.477.537, а 2.521 последниот ден.