ЈСП со посебен возен режим за викендот


Од ЈСП Скопје информираат дека претстојниот викенд (10 и 11 април), јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот. Режимот на јавен превоз е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот. Утре, сабота (10.04.2021 год.) нема да сообраќаат градските линии 41А и 43 и …

ЈСП со посебен возен режим за викендот Read More »

Град Скопје повторно со субвенции за инвертери и чистење оџаци


Град Скопје и во 2021 година ги продолжува мерките за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање, како и за субвенционирање на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците. Советот на Град Скопје на вчерашната седница ја донесе Програмата за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер …

Град Скопје повторно со субвенции за инвертери и чистење оџаци Read More »

Во Србија од понеделник се отвораат трговските центри, учениците се враќаат во училиштата


Доколку продолжи ваквата тенденција со коронавирусот,  во Србија од 12 април ќе можат да се отвораат трговските центри, а од 19 април и враќање на учениците во училиштата, изјави членот на кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ, по седницата на ова владино тело. Како што јави допсиникот на МИА од Белград, угостителските објекти во трговските центри сè …

Во Србија од понеделник се отвораат трговските центри, учениците се враќаат во училиштата Read More »

Тело на мртов човек откриено во неговиот стан во Осло 9 години по неговата смрт


  Телото на еден човек е откриено во стан во Осло, девет години по неговата смрт, објави норвешката полиција. Телото било откриено од домар во декември, пренесува „Гардијан“. Мажот чиешто тело е пронајдено имал 60 години, бил оженет неколку пати и имал деца. Соседите рекоа дека тој бил повлечен и дека кога престанале да го …

Тело на мртов човек откриено во неговиот стан во Осло 9 години по неговата смрт Read More »

Бесими: Низ инклузивен процес ќе се носат одлуки за подобар и поефикасен даночен систем


Министерот за финансии Фатмир Бесими одржа повеќе состаноци со претседателите на стопанските комори на коишто се дискутираше за даночната реформа и за акцискиот план за годинава во однос на Стратегијата за реформа на даночниот систем за периодот 2021-2025 година. На состаноците, министерот Бесими ја истакнал важноста од партнерството на Владата со приватниот сектор и порачал …

Бесими: Низ инклузивен процес ќе се носат одлуки за подобар и поефикасен даночен систем Read More »

Бутан за седум дена ги вакцинираше сите, претходно, ѕвездите не беа поволни


  Кога Индија во јануари му подари на Бутан вакцини против Ковид-19, соседното кралство направи необичен избор. Место да брза да ги вакцинира 800.000 граѓани, владата бараше совет од Зунг Дратшанг, тело на будистички монаси, пишува Економист. Ѕвездите не се поволни, рекоа. Подобро да се почека два месеца, а потоа прва доза да се даде …

Бутан за седум дена ги вакцинираше сите, претходно, ѕвездите не беа поволни Read More »

Утринските температури до – 8 степени, дневните до 17


Минусни температури изутрина се измерени во цела држава, со исклучок на Дојран.  Осум степени под нулата се регистрирани во Берово и Попова Шапка, -7 во Маврови Анови, -6 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, -5 Крушево и Претор, -4 Битола, Охрид, Куманово, Штип, Струмица, Демир Капија и Прилеп, -3 Дебар и Тетово, -2 Скопје-Зајчев Рид, -1 …

Утринските температури до – 8 степени, дневните до 17 Read More »

(Видео) Белфаст гори: Најнасилни протести во последните 20 години


  Покрај повиците за смирување од Лондон, Даблин и Вашингтон, нови насилства избија во четврток вечер во Северна Ирска, која последната недела ја потресуваат со години невидени нереди. Во Белфаст, спедијалната полиција се соочи со републиканските демонстранти и беше гаѓана со камења и молотови коктели додека се обидуваше да спрели маса собрани луѓе да се …

(Видео) Белфаст гори: Најнасилни протести во последните 20 години Read More »

Потребни ли им се ковид пасоши на Европејците


„Ковид – сертификатите“ може да се користат за да им се помогне на луѓето да се вратат како гледачи на местата со голем број луѓе, како што се спортски и културни настани, изјави пред извесно време британскиот министер за култура, Оливер Доуден. Но, какви се тие? Во Велика Британија, секој што е вакциниран веќе добива …

Потребни ли им се ковид пасоши на Европејците Read More »

Докиќ: Смртноста кај нас во ковид-центрите на интерните клиники е 25 проценти, во европски рамки е од 22 до 30 проценти


Најголем број 80 проценти од лицата кои доаѓаат во тријажните Ковид центри се со лесна клиничка слика и не треба хоспитализација затоа што немаат потреба од кислород. Доколку кај некој се утврди потреба од хоспитализација од сиптомите се одредува каде има слободно место адекватно за неговата состојба. Ниту еден пациент не е вратен, вели проф.др. …

Докиќ: Смртноста кај нас во ковид-центрите на интерните клиники е 25 проценти, во европски рамки е од 22 до 30 проценти Read More »

Драматичен апел на германските научници: Политичари, направете нешто, итно!


Германија со недели се бори со третиот бран на пандемијата од коронавирус и досега може да се каже дека не ја добива битката. Ова е потврдено со најновите драматични апели на водечките германски научници, Кристијан Карагијанидис и Кристијан Дростен. Според германските медиуми, веќе неколку недели се повеќе и повеќе пациенти со Ковид-19 се префрлаат на …

Драматичен апел на германските научници: Политичари, направете нешто, итно! Read More »

Вардар со два порази од Веспрем елиминиран од Лигата на шампиони


Ракометарите на Вардар 1961 го завршија настапот сезонава во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва вторпат за една недела беа поразени во осминафиналната пресметка против Веспрем со 39:30 (20:15). Унгарскиот тим рутински ја комплетираше задачата по минатонеделниот убедлив триумф во Скопје од 41:27 не дозволувајќи му на актуелниот македонски првак ниту најмала шанса за евентуална сензација.  Ракометарите на Веспрем за противник во четвртфиналето ќе го имаат француски Нант во чии редови …

Вардар со два порази од Веспрем елиминиран од Лигата на шампиони Read More »

Кибер експерти: Лажни ковид-пасоши се продаваат преку интернет по поволни цени


 Лажни ковид-пасоши се продаваат преку интернет по поволни цени во голема измама што ги вознемири властите на многу земји кои сакаат да ги оживеат патувањата и економијата, велат експертите за кибер безбедност. Од Исланд до Израел, голем број земји почнаа да ги укинуваат ограничувачките мерки при преминување на границите за луѓето кои можат да докажат …

Кибер експерти: Лажни ковид-пасоши се продаваат преку интернет по поволни цени Read More »

Семејството на Саздовски бара да им бидат потврдени 19-годишните казни затвор на сторителите на убиството


Семејството на убиениот Никола Саздовски и претставници на навивачката група Комити, денеска до Јавното обвинителство поднесоа жалба поради намалувањето на казните на извршителите на убиството од 19 на 16 години затвор. – Максималната казна за ова дело е доживотен затвор, но за лица помали од 21 година, односно  доколку извршителите немаат 21 година во време на …

Семејството на Саздовски бара да им бидат потврдени 19-годишните казни затвор на сторителите на убиството Read More »

Повеќе од 10 милиони луѓе во Франција примиле прва доза од вакцина против Ковид-19


Франција денеска го премина прагот од десет милиони луѓе кои ја примија првата доза на вакцината за коронавирус. Тоа го изјави денеска премиерот Жан Кастекс, додека во земјата се на сила строги мерки против епидемијата, јави допписникот на МИА од Франција. – Државата само што го премина прагот од десет милиони луѓе кои ја примија …

Повеќе од 10 милиони луѓе во Франција примиле прва доза од вакцина против Ковид-19 Read More »

На граничниот премин Рача во БиХ кај четворица македонски државјани откриен лажни ПЦР тестови


 Службениците на граничната полиција на Босна и Херцеговина на граничниот премин Рача со Србија за време на редовната контрола на влезот на странски државјани во земјата откриле пет фалсификувани ПЦР тестови за коронавирус, јави дописникот на МИА од Белград. Во соопштението на граничната полиција на БиХ се наведува дека лажните ПЦР тестови биле откриени вчера …

На граничниот премин Рача во БиХ кај четворица македонски државјани откриен лажни ПЦР тестови Read More »

Во Албанија приститигна нова пратка од 100 илјади дози кинески вакцини


На аеродромот во Тирана, попладнево пристигна пратка со 100 илјади дози кинески вакцини, со еден ден задоцнување, поради блокадата на аеродромот од страна на контролорите на летање, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук. -Со еден ден задоцнување поради лудиот обид да се блокира кампањата за вакцинација и да се предизвика хаос во предизборието, пристигнаа уште …

Во Албанија приститигна нова пратка од 100 илјади дози кинески вакцини Read More »

Нови 1.163 случаи на Ковид-19, починале 35 лица, оздравени 854 пациенти


Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на Ковид-19, 35 лица починале, а 854 пациенти оздравеле, соопшти денеска Министерството за здравство информира, пренесувајќи ги податоците од Институтот за јавно здравје. Од новорегистрираните сучаи во Скопје се 473, во Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид …

Нови 1.163 случаи на Ковид-19, починале 35 лица, оздравени 854 пациенти Read More »

Пациент нападнал здравствен работник на Токсикологија


Здравствениот работник Г.Г.(56) од Скопје вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат од пациентот Г.С.(38) од Скопје. Како што соопшти денеска МВР, според пријавата на Г.Г., нападот се случил вчера околу 9.15 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, на Оддел токсикологија, додека извршувал работни задачи. Случајот е пријавен во Полициската станица Центар. Полицијата презема …

Пациент нападнал здравствен работник на Токсикологија Read More »

Апел од Владата, МПЦ, ИВЗ и Католичката црква сите да ги почитуваат мерките со цел заштита на здравјето


Мерките за справувањето со пандемијата, како и други актуелни прашања од значење за верските заедници и за државата беа тема на разговор на денешната средба на премиерот Зоран Заев со поглаварите на верските заедници во земјава споменати во Уставот – на МПЦ-ОА г.г. Стефан, на ИВЗ Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи и на Католичката …

Апел од Владата, МПЦ, ИВЗ и Католичката црква сите да ги почитуваат мерките со цел заштита на здравјето Read More »