Од денеска бесплатна телефонска линија за пријава на изборни неправилности


Од денес во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември …

Од денеска бесплатна телефонска линија за пријава на изборни неправилности Read More »

Маск најави „Грокипедија“ – нова енциклопедија како ривал на Википедија


Милијардерот Илон Маск објави дека преку својата компанија за вештачка интелигенција xAI работи на нова платформа под име  „Грокипедија“ (Grokipedia), која треба да биде конкуренција на Википедија. Маск, кој е сопственик на социјалната мрежа Икс, вели дека новата услуга ќе претставува „масовно подобрување“ во однос на онлајн енциклопедијата чијашто содржина ја уредуваат волонтери. Тој често …

Маск најави „Грокипедија“ – нова енциклопедија како ривал на Википедија Read More »

Што побрзо воведување авиолинија Скопје-Доха


 Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Драги Стојаноски, на маргините на 42-рото Собранието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) во Монтреал, оствари значајна работна средба со висока делегација од Катар, предводена од претседателот на Катарските воздухопловни власти, Mohamed Faleh Al-Hajri, информираат од АЦВ. Од страна на директорот Стојаноски било побарано, што поскоро повторно …

Што побрзо воведување авиолинија Скопје-Доха Read More »

Лакордов: Југоисточна Европа ги здружува силите против организираниот криминал


„Нашата цел е јасна – заеднички да идентификуваме и пресретнеме високоризични пратки и патници преку аеродроми, копнени граници и пристаништа во регионот. Криминалните мрежи не познаваат граници, и затоа мораме да делуваме преку координирани акции засновани на темелни проценки, докази и најдобри меѓународни практики.“ Ова го истакна помошник директорот на Царинска управа за контрола и …

Лакордов: Југоисточна Европа ги здружува силите против организираниот криминал Read More »

„Фајзер“ и Трамп постигнаа договор за намалување на цените на лековите


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти објави дека фармацевтската компанија „Фајзер“ ќе ги намали цените на сите лекови на рецепт за Американците со ниски примања кои се дел од програмата „Медикејд“. Како дел од договорот, компанијата ќе продава нови лекови по најповолни цени какви што важат во другите развиени земји, во замена за изземање од …

„Фајзер“ и Трамп постигнаа договор за намалување на цените на лековите Read More »

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух


Познато е дека загадувањето на воздухот е лошо за здравјето, особено за белите дробови. Така, ново истражување посочува дека јадењето повеќе овошје може да помогне во ублажување на некои од тие штетни влијанија, според испитувањата – барем кај жените. Наодите се претставени на Конгресот на Европското респираторно друштво во Амстердам, Холандија, од Пимпика Кеусри, докторантка …

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух Read More »

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел


„Евровизија“, се вели, треба да биде прослава на обединувачката моќ на музиката. Но, последниве две години, тоа привлече политички протести и бојкот поради неисклучувањето на Израел во услови на континуирана воена акција на државата во Газа. И многу пред натпреварот во 2026 година, иако сè уште не е отпеана ниту една нота, неколку земји поставија …

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел Read More »

Ван Дајк: Уверен сум дека Ливерпул ќе се врати на вистинскиот пат


Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од 1:0 од Галатасарај во 2. коло од Лигата на шампионите. – Ризикувавме со топката и се обидовме да најдеме слободен играч во средниот ред. Тоа е ризично. Многу пати се пробивавме до последната линија и можеби треба да играме подобро таму. Во тие моменти, донесовме …

Ван Дајк: Уверен сум дека Ливерпул ќе се врати на вистинскиот пат Read More »

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив


Масовна полициска и противпожарна акција е во тек од раните утрински часови во северниот дел на Минхен, каде што специјални единици и експерти за експлозиви интервенираа по неколку експлозии и пукање. Околу 4:40 часот пожарникарите добиле дојава дека куќа е зафатена од пожар, по што следеле извештаи за силни детонации. На самото место било пронајдено …

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив Read More »

Жителите на Цирих изгласаа забрана на дувалки за лисја


Жителите на Цирих, пред два дена, гласаа на референдум за строго ограничување на употребата на дувалки за лисја и правосмукалки на бензин. Повеќе од 61% од гласачите ги поддржаа рестриктивните правила, за кои властите велат дека ќе го ограничат загадувањето од бучава и прашина. Дувалките за лисја и правосмукалките на бензин ќе бидат целосно забранети …

Жителите на Цирих изгласаа забрана на дувалки за лисја Read More »

Надеж за милиони бездетни двојки: Научниците создаваат човечки ембриони од клетки на кожата


Техниката би можела да го отвори патот за лекување на неплодност поврзана со возраста или болести, бидејќи речиси секоја клетка во телото може да послужи како почетна точка за нов живот. Во иднина, дури би можела да им овозможи на истополовите парови да имаат генетски поврзано дете заедно. Методот е сè уште во рана фаза …

Надеж за милиони бездетни двојки: Научниците создаваат човечки ембриони од клетки на кожата Read More »

Еве како да препознаете дали на вашето тело му недостасуваат протеини


Иако протеините се неопходни за правилно функционирање на телото, нивниот недостаток честопати останува незабележан. Многу луѓе несвесно консумираат премалку од оваа суштинска хранлива материја, а симптомите што се јавуваат честопати се погрешно протолкувани или целосно игнорирани. Протеините имаат бројни функции во телото, од градење мускули до одржување здрава кожа, коса и нокти. Кога не консумираме …

Еве како да препознаете дали на вашето тело му недостасуваат протеини Read More »

Алкараз се повлече од следниот Мастерс, отворајќи му пат на Синер да се врати на врвот на листата


  Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз се повлече од претстојниот Мастерс 1000 турнир во Шангај, а тоа би можело да доведе до промена на врвот на АТП листата. Утрово, Алкараз го победи Американецот Тејлор Фриц (АТП:5) со 6:4, 6:4 во финалето на АТП 500 турнирот во Токио, стигнувајќи до својот осми трофеј во сезоната и …

Алкараз се повлече од следниот Мастерс, отворајќи му пат на Синер да се врати на врвот на листата Read More »

Почна да вози првиот воз на батерии во Хрватска, произведен од „Кончар“


Хрватските патници од вчера се превезуваат со првиот воз на батерии. Тоа е првиот воз што се напојува исклучиво од систем на батерии. Во мај беше претставен електричен воз на батерии, кој е исто така поврзан со електрифицирана мрежа, додека овој е наменет исклучиво за превоз на патници исклучиво на неелектрифицирана железничка мрежа. Го произведе …

Почна да вози првиот воз на батерии во Хрватска, произведен од „Кончар“ Read More »

Од 1 октомври почнува зимскиот режим на зонско паркирање во Скопје


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги известува граѓаните дека од среда, 1 октомври 2024 година, ќе стапи во сила зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање – зонско. Според новите правила, работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде: – во сабота – од 07:00 до 14:00 часот. …

Од 1 октомври почнува зимскиот режим на зонско паркирање во Скопје Read More »

(Видео) Ураган ја потопи Ибица, поплави и на Мајорка


Ураганот Габриел, кој беснее во Атлантикот од минатата недела, продолжува да ги пустоши шпанските острови Ибица и Форментера денес. Слично сценарио, иако малку поблаго, е забележано на Мајорка и во регионот Валенсија во континентална Шпанија, како и во Мурсија на југоистокот од земјата. Flooding due to heavy rain on the island of Ibiza, Spain 🇪🇸 …

(Видео) Ураган ја потопи Ибица, поплави и на Мајорка Read More »

Цигарите поскапуваат за 10 денари


Од 29 септември, цените на цигарите во земјава зголемија за околу 10 денари по пакување, но поради постоечки залихи од претходната цена, потрошувачите засега не го чувствуваат целосното поскапување. Производителите најавуваат дека во наредните денови ќе следи целосен пренос на новата цена до продажните места, што ќе значи „ценовен шок“ за пушачите, Поскапувањето се однесува …

Цигарите поскапуваат за 10 денари Read More »

Американскиот секретар за одбрана до генералите: „Подгответе се за војна“


Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет одржа говор во Пентагон пред повеќе од 800 врвни воени команданти на Америка – генерали и адмирали. Уште од самиот почеток, тој јасно стави до знаење дека планира радикално да го промени правецот. „Ерата на Министерството за одбрана е завршена. Добредојдовте во Министерството за војна“, рече Хегсет. „Мисијата на …

Американскиот секретар за одбрана до генералите: „Подгответе се за војна“ Read More »

Малолетник сакал да го убие својот татко во Скопје


СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Имено на 06.09.2025 во семејниот дом, пријавениот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на неговиот 51-годишен татко, соопшти полицијата.

Жена нападнала 19-годишна девојка по недоразбирање во сообраќај


Млада скопјанка била нападната од жена во скопски Аеродром по претходно недоразбирање во сообраќајот.  – На 29.09.2025 во 21:50 часот во СВР Скопје, Д.Т.(19) од Скопје пријавила дека околу 20:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице, стои во полицискиот билтен.  Се преземаат мерки …

Жена нападнала 19-годишна девојка по недоразбирање во сообраќај Read More »