Филипче: Близу 20.000 жени добија пристап до гинеколошка здравствена заштита во ординацијата во Шуто Оризари
Во новоотворената гинеколошка ординација во населбата Шутот Оризари пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита ќе добијат близу 20 илјади жени коишто живеат во оваа населба, истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ја посети Поликлиниката во Шуто Оризари по повод отворање на ординација на матичен гинеколог. -Денеска можеме да одбележиме еден навистина значаен настан, нешто …