Филипче: Ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем


На редовниот утрински состанок со директорите на ковид – центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капациети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид – центрите е голем, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство …

Филипче: Ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем Read More »

На инфективните оддели има 1.708 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 61


 Вкупно 1.708 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 338 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 61 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 704 …

На инфективните оддели има 1.708 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 61 Read More »

Дванаесет лица во Скопје обвинети за непостапување според здравствените прописи


Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Обвинетите, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, го сториле делото на 13 јануари, кога наспроти донесените мерки и прописи за спречување на …

Дванаесет лица во Скопје обвинети за непостапување според здравствените прописи Read More »

Умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец


Времето во земјава ќе биде умерено до значително облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, во горниот тек на Повардарието северен, а во јужните делови источен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од -3 до 4, а …

Умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец Read More »

Србија ги попушта мерките за заштита од Ковид-19, ситуацијата се смирува


  На седница на Кризниот штаб во Србија одлучено е децата да се вратат во училиштата. Според епидемиологот Предраг Кон ситуацијата повеќе не е вонредна. Како поддршка на туризмот донесена е одлука цената на ПЦР тестовите да се изедначи за домашните граѓани и за странските туристи. Тој рече дека одлучено е да почнат подготовките за …

Србија ги попушта мерките за заштита од Ковид-19, ситуацијата се смирува Read More »

Контролни вакцини од Институтот Торлак се испратени на анализа во Москва


Српскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ денеска изјави дека во претходните два дена биле наполнети три милиони шишенца „од вакцината Спутник В со компонента еден и исто толку со компонента два и по 1.100 од нив се испраќаат во Москва на 21-дневна анализа“. – Тие ќе одлучат дали Институтот Торлак е подготвен …

Контролни вакцини од Институтот Торлак се испратени на анализа во Москва Read More »

Најмалку осуммина убиени и 60 повредени во оружен напад во Индијанаполис


Во масовна пукотница во американскиот град Индијанаполис доцна синоќа по локално време во простории на компанијата Федекс во близина на меѓународниот аеродром, биле убиени најмалку осум лица, а напаѓачот се самоубил, јавија американски медиуми. Убиените биле пронајдени во објектот. Најмалку 60 други лица се повредени и пренесени во локалните болници. Во објектот на Федекс работат …

Најмалку осуммина убиени и 60 повредени во оружен напад во Индијанаполис Read More »

Стопанската комора апелира пратениците во текот на денот да ги донесат законите од петтиот пакет мерки


Стопанската комора на Македонија апелира до пратениците во Собранието да направат максимални напори и во текот на денот да ги донесат законите од петтиот антикризен пакет кои се во насока на поддршка на македонската економија. – Станува збор за законски решенија чие изгласување ќе овозможи поддршка за 20.000 компании и околу 130.000 вработени, како и …

Стопанската комора апелира пратениците во текот на денот да ги донесат законите од петтиот пакет мерки Read More »

Џафери свика состанок на претседателството на Собранието откако синоќа не беа изгласани законите од петиот сет антикризни мерки


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска претпладне на иницијатива на претседателот Талат Џафери ќе заседава парламентарното претседателство кое треба да разговара како ќе продолжи со работа законодавниот дом, по синоќешната седница која беше прекината, а петиот сет анткризни мерки не беше донесен. На состанокот на претседателството на Собранието, согласно Законот ќе присуствуваат Џафери, двајцата …

Џафери свика состанок на претседателството на Собранието откако синоќа не беа изгласани законите од петиот сет антикризни мерки Read More »

Во Италија четири лица починаа по вакцинирањето со „АстраЗенека“


Четири лица во Италија починаа од ретки згрутчувања во крвта по вакцинирањето со „АстраЗенека“, покажа извештајот на националната фармацевтска агенција АИФА објавено е денеска. Според овој извештај, различни нуспојави потврдени се кај 0,5 отсто од 9 милиони дози вбризгани меѓу 24 јануари и 26 март и тоа со примена на вакцини од три производители – …

Во Италија четири лица починаа по вакцинирањето со „АстраЗенека“ Read More »

Фајзер ја брани цената на својата вакцина


 Шефот на „Фајзер“ Алберт Бурла денеска изјави дека вакцината на компанијата против Ковид-19, која е меѓу најскапите на пазарот, не е поскапа од цената на храната и нема да се продава во сиромашните земји со профит. Шефот на американската компанија ја бранеше цената на дозите за кои рече дека спасија животи и може да им помогнат на земјите да …

Фајзер ја брани цената на својата вакцина Read More »

Ова се фотографиите на годината по избор на World Press Photo


  Данскиот фотограф Мадс Нисен добитник е на главната награда на угледниот натпревар World Press Photo за 2021 година, за снимката на постара жена во Бразил во прегратка на медицинска сестра, а фотографијата ги освои членовите на жирито со својата порака за надеж. Нисен, главната награда на натпреварот ја доби затоа што со својата камера …

Ова се фотографиите на годината по избор на World Press Photo Read More »

„Тие се светска закана“ – дозволија вирусот да се шири


Огранизацијата Лекари без граници ја критикуваше бразилската влада поради немарен пристап во борбата против корона вирусот. Таа организација ја обвини валдата во Бразил дека поради неа земјата се нашла во хуманитарна катастрофа, за која сметаат дека ќе се зајакне следната седмица. „Мора да бидам многу јасен: немарноста на бразилската влада ги чинеше животи на граѓани“, …

„Тие се светска закана“ – дозволија вирусот да се шири Read More »

Норвешка ја одложува одлуката за употреба на вакцината „АстраЗенека“


  На Норвешка и треба повеќе време да процени дали да продолжи да ја користи вакцината „АстраЗенека“ или да ја исклучи од програмата за вакцинација, рече во четвртокот министерот за здравство, Бен Хоje. Норвешкиот институт за јавно здравје препорача да се запре употребата на „АстраЗенека“, но на владата и требаат повеќе информации пред да се …

Норвешка ја одложува одлуката за употреба на вакцината „АстраЗенека“ Read More »

Франција го помина прагот од 100.000 мртви од Ковид-19


Франција го помина прагот од 100.000 мртви од Ковид-19, јави дописникот на МИА. Франција денеска го помина прагот од 100.000 мртви од почетокот на епидемијата со Ковид-19, во средината на третиот бран што се уште трае и ги остава отворени прашањата за повторно отворање на земјата од средината на мај. Преминувајќи ја оваа гранична бројка, …

Франција го помина прагот од 100.000 мртви од Ковид-19 Read More »

Се самозапали маж на париската метро станица Пигал во Париз


Маж попладнево се самозапали на станицата Пигал, во Париз, а еден патник интервенирал со апарат за гаснење пожар, јави дописникот на МИА. Сообраќајот на линијата 2 е во прекин меѓу Барбес-Рошешуар и Шарл-де-Гол-Етоал, соопшти РАТП.   На плоштадот Пигал, во близина на метро станицата, присутни се пожарникари и полиција. Според еден сведок, од еден од …

Се самозапали маж на париската метро станица Пигал во Париз Read More »

Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд се повика на Петиот амандман и одбива да сведочи


Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, кому се суди за убиството на Џорџ Флојд, на денешното рочиште од предметот што се води во локалниот суд се повика на Петтиот амандман и се изјасни дека не сака да сведочи за време на судењето. Шовин беше категоричен дека е тоа неговата одлука, пишува Си-Ен-Ен. Во судот во …

Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд се повика на Петиот амандман и одбива да сведочи Read More »

Архитекти дадоа поддршка за проектот „Гранд“ Скопје


По вчерашната јавна презентација на проектот „Гранд“ Скопје предвиден на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј Ин“, со свои реакции до медиумите и поддршка на проектот се јавија архитектите Драгољуб Доновски и  Веселинка Герасимова-Петровска и шумарскиот инженер Ѓорѓи Самарџиев. Архитект Драгољуб Доновски, кој има голема референтна листа на проектирани и изведени објекти од станбената и деловно-комерцијалната …

Архитекти дадоа поддршка за проектот „Гранд“ Скопје Read More »

Груби: Процесот на прераспределба на админстративците оди по планот, нема отпор за нивно примање


Досега околу 650 прераспоредени административци започнаа со работа на нивните нови работни места, а за околу 500 во тек е процесот на реализација на распределбата изјави денеска првиот вицепремиер и министер за полиитчки систем Артан Груби при денешната посета на увид на градежни работи на автопатот Скопје-Блаце. – Многу сме задоволни и Владата и јас. …

Груби: Процесот на прераспределба на админстративците оди по планот, нема отпор за нивно примање Read More »

Речиси 3.000 новозаразени во Србија, починаа 35


  Во Србија денеска регистрирани се 2.971 случаи со корона вирус. Од ковид-19 починаа 35 заболени. Направени биле 14.565 тестови. Во болница се лекуваат 7.341 пациенти, додека на респиратор се 259. Досега во Србија се регистрирани 654.870‬ случаи со корона вирус, а битката со вирусот ја изгубија 5.881 пациент.