Ова се фотографиите на годината по избор на World Press Photo


 

Данскиот фотограф Мадс Нисен добитник е на главната награда на угледниот натпревар World Press Photo за 2021 година, за снимката на постара жена во Бразил во прегратка на медицинска сестра, а фотографијата ги освои членовите на жирито со својата порака за надеж.

Нисен, главната награда на натпреварот ја доби затоа што со својата камера ја овековечи првата прегратка која по пет месеци изолација успеа да ја оствари 85-годишна жена од дом за стари и неможни во Сао Паоло, во август лани.

Долготрајно изолирана поради пандемијата од корона вирус, таа жена конечно добила прегратка и тоа од медицинска сестра благодарени на пластична заштита.

Рамливост, преживување, но и слимбол на надеж

„Таа симболична слика на Ковид-19 е сеќавање на најчудесниот момент од нашите животи, насекаде. Фотографијата истовремено покажува ранливост, одвоеност и преживување, а воедно е и симбол на надеж“, оцели Кевин Ли, член на жирито.

„За мене тоа е приказна за надеж и љубов во најтешките моменти“, рече авторот Нисен, кој работи за дански „Политикен“. Наградата ја доби во категоријата општа информација во само една снимка. Нисен, кој работи во Копенхаген, награден е од World Press Photo во 2015 година, за снимка од хомосексуална двојка во Русија.

Повеќе од 74.000 фотографии од околу 4.300 фотографи од цел свет пристигнаа на натпреварот, а најдобрите 45 ги именуваа судии. Свеченото доделување на наградите оваа година се одржа онлајн, поради пандемијата.