Тешко повредена работничка во Скопје


Со тешки телесни повреди се здобила Т.П.(64) од Скопје додека извршувала работни задачи во фирма на подрачје на Кисела Вода. Како што соопшти МВР, Т.П. била донесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди. Од полициски службеници од СВР Скопје бил известен Трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Царовска: Со новиот закон обезбедуваме учебници во аудио-формат и со Брајово писмо


 Правото на образование е основно човеково и уставно загарантирано право на секој поединец и тоа мора да му биде овозможено. За актуелната Влада и МОН оваа цел е врвен приоритет и ние сме максимално насочени кон обезбедување целосно инклузивно образование. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн средбата со здруженијата …

Царовска: Со новиот закон обезбедуваме учебници во аудио-формат и со Брајово писмо Read More »

Филипче: Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува


Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, веќе повеќе денови по ред се намалуваат, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче, по редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите. На состанокот, била анализирана состојбата со Ковид-19 во изминатите 24 часа. …

Филипче: Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува Read More »

Србија и Хрватска со висок број заразени, во БиХ починаа уште 81 пациент


Во последните 24 часа во Хрвастска забележани се 2.885 новозаразени, а активни се вкупно 16.116. Од нив, 2.229 пациенти се лекуваат во болница, а 226 на респиратор. Починаа 46 пациенти или вкупно досега 6.738. Од почетокот на епидемијата во Хрватска со корона вирус се заразија 316.308, а оздравеа 293.454 лица. Тестирани се вкупно 1.734.234, а …

Србија и Хрватска со висок број заразени, во БиХ починаа уште 81 пациент Read More »

Собранието ја заврши расправата по Предлог-законот дел од Шар Планина да се прогласи за Национален парк


Собранието го заврши општиот претрес по Предлог-законот дел од Шар Планина да се прогласи за Национален парк, во прво читање, во рамките на 39 седница. Гласањето ќе биде дополнително закажано. Пратениците од опозицијата и од владејачкото мнозинство се согласија дека е потребно да се донесе ваков закон, односно дел од Шар Планина да се прогласи …

Собранието ја заврши расправата по Предлог-законот дел од Шар Планина да се прогласи за Национален парк Read More »

Шилегов за објектот „Гранд“: Просторот треба да доживее промена


„Прашање на естетика е дали го личи градот таму да има повеќе висококатници. Тоа што мене ми пречи е дека во центарот на градот имаме буквално дупка“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, коментирајќи ги случувањата со изградата на зградите спроти хотелот „Холидеј ин“, кој што доколку се одобри дозволат за градба, ќе се вика …

Шилегов за објектот „Гранд“: Просторот треба да доживее промена Read More »

Состанок на Граѓанскиот инспекциски совет отворен за јавноста


Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС) денеска, на Денот на Планетата Земја, одржа состанок отворен за јавноста, еден месец од јавната промоција на Денот на водите, 22 март, а во склад со договорените месечни состаноци во полн состав. Во меѓувреме, како што посочуваат од „Зелен институт“, се работеше на внатрешната структура во работни групи, според приоритетните потреби во …

Состанок на Граѓанскиот инспекциски совет отворен за јавноста Read More »

Нуредини: На Денот на планетата Земја имаме практични примери на политките за одржлив развој и здрава животна средина


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини од тетовско Теново каде се пушти во употреба фотонапоска централа на Денот на планетата земја – 22 Април тоа го оцени како вистинската порака како треба да се грижиме за планетата. Користењето на обновливи извори на енергија како оваа централа, според него, е примерот како се подобрува животната средина.   –Оваа централа која е обновлив …

Нуредини: На Денот на планетата Земја имаме практични примери на политките за одржлив развој и здрава животна средина Read More »

Русија ја повлекува војската од границата со Украина


Русија и нареди на Врховната воена команда утре да го започне процесот на враќање на војниците во нивните постојани бази во земјата, со образложение дека успешно е извршен „брзиот преглед“ на состојбата на силите на југ и запад, близу границата со Украина, јави руската новинска агенција РИА. „Верувам дека целите за брз преглед на состојбата …

Русија ја повлекува војската од границата со Украина Read More »

Шведска го одложува планот за ублажување на анти-ковид мерките


Шведска, која за време на пандемијата ја избегнуваше мерката за заклучување, ќе го одложи импровизираниот план за ублажување на некои ограничувања поради сегашното високо ниво на новозаразени, соопшти денеска Владата во Стокхолм. Шведска е во третиот бран од епидемојата на коронавирусот, а бројот на пациенти кои се лекуваат во одделите за интензивна нега е на …

Шведска го одложува планот за ублажување на анти-ковид мерките Read More »

Заев: Скопје треба да продолжи да се гради, но со мерка


Премиерот Зоран Заев, во коментар на реакциите и барањата за и против изградбата на висококатници спроти Холидеј Ин во Општина Центар, денеска порача дека Скопје треба да продолжи да се гради, но со мерка, со почитување на законите за урбанистичко планирање и за градење. Тој потенцираше и дека е важна усогласеноста на Генералниот и деталниот …

Заев: Скопје треба да продолжи да се гради, но со мерка Read More »

Заев: Околу 750 вработени според Рамковен договор веќе распоредени, директорите да не прават отпор


 Околу 750 лица вработени според Рамковен договор се веќе распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности, постапка за засновање работен однос, префрлување на соодветните финансии од една институција на друга. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека верува дека сите институции ќе ја спроведат одлуката. Тој посочи дека сака …

Заев: Околу 750 вработени според Рамковен договор веќе распоредени, директорите да не прават отпор Read More »

ЕК нема да купи дополнителни 100 милиони вакцини на Астра Зенека


Европската комисија денеска соопшти дека нема да ја спроведе опцијата за купување 100 милиони дополнителни вакцини против Ковид-19 на Астра Зенека, што е вклучена во актуелниот договор за набавка што ЕУ го има со оваа компанија. Портпарол на ЕК на прес-конференција рече дека рокот за спроведување на оваа опција е веќе истечен и оти ЕУ не планира …

ЕК нема да купи дополнителни 100 милиони вакцини на Астра Зенека Read More »

ДКСК до ЈО со иницијатива за истражни дејствија за донесувањето на ДУП „Голем ринг“


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница му предложи на Јавното обвинителство да ги преземе сите истражни дејствија, да ги обезбеди сите неопходни докази, да ги утврди сите релевантни факти и да донесе законита и правична јавно – обвинителска одлука во однос на реализација на ДУП „Голем ринг“  јужен дел исток, што …

ДКСК до ЈО со иницијатива за истражни дејствија за донесувањето на ДУП „Голем ринг“ Read More »

Нов предизвик на ФИТР: „Стартап херои”- Од супер идеја до супер маркет 


Можност за малите стартап претпријатија за комерцијален пласман на нивниот производ  За прв пат во земјата, Фондот за иновации и технолошки развој започнува еден поинаков предизвик, насловен како „Стартап херои“ , прв проект кој се спроведува во рамките на Програмата за корпоративна иновативност. Предизвикот се реализира во соработка со Тинекс а поддржан е од Програмата …

Нов предизвик на ФИТР: „Стартап херои”- Од супер идеја до супер маркет  Read More »

(Во живо) Прес на Заев, Бектеши и нуредини


Премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини присуствуваат на официјалното пуштање во употреба на фотонапонска централа во селото Теново, општина Брвеница. Проследете ја во живо:  

Роверот на Марс направи кислород по првпат


Роверот „Упорност“ на НАСА, на Марс зеде јаглерод-диоксид од атмосферата на Марс и го претвори во кислород. Ова е прва ваква трансформација направена на друга планета, објави американската Воздушно-вселенска агенција. – Ова е клучен прв чекор кон претворање на јаглерод-диоксид во кислород на Марс, рече вчера Џим Ројтерс, еден од помошниците директори на НАСА. Експериментот …

Роверот на Марс направи кислород по првпат Read More »

Благо зголемување на бројот новозаразени во Белгија


 И покрај период на стабилизација во Белгија откако беа донесени нови рестриктивни мерки на крајот на март, земјата повторно бележи мало зголемување на бројот на новозаразени, јави дописничката на МИА од Брисел. Нејасно во овој момент дали растот на бројката на новозаразени се должи само на тоа што се ефектуираат повеќе тестови, или дали за …

Благо зголемување на бројот новозаразени во Белгија Read More »

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, нема внатрешно ширење на вирусот меѓу децата


 Состојбата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот во градинките е стабилна. Според податоците со кои располагаме, се покажа дека со почитување на мерките и протоколите се спречува внатрешно ширење на вирусот. Минатиот петок се забележани 34 нови позитивни вработени и само осум позитивни деца, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.  Тврдењето …

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, нема внатрешно ширење на вирусот меѓу децата Read More »

Осомничениот за криумчарење мигранти, кој избега утрово е фатен


Приведено лицето кое утринава и избега на полицијата, додека беше спроведувано до Кривичниот суд за одржување на судски процес, информираат од Министерството за правда за ТВ21. Станува збор за лице осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Основниот Кривичен суд Скопје во однос на одредени медиумски натписи дека „Осомничено …

Осомничениот за криумчарење мигранти, кој избега утрово е фатен Read More »