Србија и Хрватска со висок број заразени, во БиХ починаа уште 81 пациент
Во последните 24 часа во Хрвастска забележани се 2.885 новозаразени, а активни се вкупно 16.116.
Од нив, 2.229 пациенти се лекуваат во болница, а 226 на респиратор. Починаа 46 пациенти или вкупно досега 6.738.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска со корона вирус се заразија 316.308, а оздравеа 293.454 лица.
Тестирани се вкупно 1.734.234, а денеска 10.537.
До вчера вакцинирани се 578.273 лица.
Во БиХ и денеска многу починати со Ковид-19
Епидемиолошката ситуација во Босна и Херцеговина и понатаму е неповолна, каде потврдени се 1.256 нови случаи на зараза, а починаа 81 пациент.
Бројот новозаболени е приближен на оној забележан во средата, но бројот починати е нешто повисок. Во Босна и Херцеговина од почетокот на епидемијата починаа 8.088 лица со Ковид-19.
Здравствените власти повикуваа да се почитуваат мерките, затоа што масовна вакцинација се уште нема.
Федерацијата одлучи дека ноќниот полициски час во тој ентитет и понатаму ќе биде на сила, но во Сараево, каде бројот новозаразени константно се намалува, повторно е допуштена работа на угостителските објекти каде гости може да се послужуваат на терасите.
Работното време сепак е ограничено до 20 часот.
На инво на држава бројот новозаразени на 100.000 жители е нешто повисок од 188, но во Федерацијата состојбата е нешто полоша, па таму инциденцата изнесува 205.
Во Србија повеќе од 2.700 заразени
Според последните податоци, во Србија се забележани 2.719 новозаразени, а починаа 35 пациенти.
На респиратор има 2019 пациенти. Тестирани биле 14.544 лица.
Министерот за здравство Златибор Лончар, рече дека бројките паѓаат, но дека треба да бидат внимателни и да се придржуваат кон мерките за да се стави епидемијата под контрола. Секако, треба да продолжи и вакцинацијата.