Осомничениот за криумчарење мигранти, кој избега утрово е фатен


Приведено лицето кое утринава и избега на полицијата, додека беше спроведувано до Кривичниот суд за одржување на судски процес, информираат од Министерството за правда за ТВ21.

Станува збор за лице осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот.

Основниот Кривичен суд Скопје во однос на одредени медиумски натписи дека „Осомничено лице избегало од Кривичниот суд“, претходно ја информира јавноста дека станува збор за настан што се случил надвор од Судот, а не во неговите просториите, за што е задолжена затворската полиција.

– Имено, се работи за обвинет кој бил спороведен во Судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело – Криумчарење мигранти.  При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки како и протоколи за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, појаснуваат од Кривичен суд.

Инаку, бегалецот беше донесен утрово од притвор, а е осомничен за криумчарење на мигранти. Сега, покрај за делото кое му беше ставено на товар, кривично ќе се гони и за делото обид за бегство. Воедно, ќе се испитуваат и околностите под кои се случи бегството и евентуалната одговорност.