Полицискиот час го прекршиле 21 лице, 372 санкции за неносење маска


 Од 23.00 часот (07.05.2021) до 5 часот (08.05.2021) полицискиот час не го почитувале 21 лице. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 372 прекршоци. Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени …

Полицискиот час го прекршиле 21 лице, 372 санкции за неносење маска Read More »

Кибер напад врз најголемата американска компанија за пренос на нафта


Најголемата американска компанија за пренос на преработена нафта во САД, „Колонијал пајплајн“ ги прекина сите свои операции поради хакерски упад, соопшти седиштето на компанијата. Во соопштението се вели дека нападот е откриен на крајот на неделава, дека сите системи се затворени и дека интернетот е исклучен за да се реши проблемот. Компанијата ангажирала експертска фирма …

Кибер напад врз најголемата американска компанија за пренос на нафта Read More »

Охридско Езеро и Студенчишко Блато номинирани како трето и најголемо Рамсар место во државата


Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светска Рамсар листа, нашата држава, по Преспанското и Дојранското Езеро го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр.2449. Подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25 205 хектари. Со него ќе се …

Охридско Езеро и Студенчишко Блато номинирани како трето и најголемо Рамсар место во државата Read More »

СЗО: Бројот на заразени со корона вирусот расте деветта недела по ред


Бројот на заразени со корона вирусот во светот се зголемува деветта недела по ред, додека бројот на смртни случаи е поголем веќе шеста недела по ред, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) на информативна седница за земјите-членки. – Повеќе случаи на Ковид-19 се пријавени ширум светот во последните две недели …

СЗО: Бројот на заразени со корона вирусот расте деветта недела по ред Read More »

Лидерите на ЕУ сметаат дека клучниот проблем е производството и забраната за извоз на вакцини, а не интелектуалната сопственост


Лидерите на Европската унија денеска изјавија дека клучните пречки за масовно доставување на вакцини против коронавирус не се правата на интелектуална сопственост, туку забраните за извоз и недоволниот капацитет за нивно производство. На дводневниот Социјален самит на ЕУ, што почна денеска во Порто, лидерите наведоа дека треба прво да се решат овие прашања пред да …

Лидерите на ЕУ сметаат дека клучниот проблем е производството и забраната за извоз на вакцини, а не интелектуалната сопственост Read More »

Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба


Северна Македонија има недостатог од домашна продукција. Сведоци сме на информативни, културни и едукативни содржини во македонскиот етер на други јазици, од други држави. Медиумскиот фонд, од каде би се издвојувале средства за истражувачки медиумски проекти и средства за проекти од јавен интерес, би помогнал во продукција на македонски јазик и на јазиците што се …

Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба Read More »

Донаторите за Заеднички регионален пазар на Западен Балкан го одржаа првиот состанок


Донаторите за Заеднички регионален пазар и за Зелените региони на Западен Балкан денеска го одржаа првиот координациски состанок во организација на Регионалниот совет за соработка – РСС од Сараево. Како што стои во соопштението, на онлајн состанокот на кој учествувале и министри од владите во регионот, претставници на Европската комисија(ЕК), на ЦЕФТА, на меѓународни финансиски …

Донаторите за Заеднички регионален пазар на Западен Балкан го одржаа првиот состанок Read More »

(Видео) Невреме на Јадранот: Град, молњи, грмотевици


Студен фронт донесе силно влошување на времето на копно и на северен Јадран. Посилно молскавично невреме со град зафати голем дел од Истра, Хрватска, од Умаг преку централна Истра се до источниот брег. Nevrijeme s tučom u PazinuVideo: Kristijan Frančin pic.twitter.com/7OgAaS3i4c — Neverin (@neverinhr) May 7, 2021 Имаше изразена активност со грмотевици, а во овој …

(Видео) Невреме на Јадранот: Град, молњи, грмотевици Read More »

Холштајн: За Берлин е незамисливо ЕУ да даде зелено светло за Тирана, а не и за Скопје


За Германија е незамисливо да се даде зелено светло за преговори со ЕУ само за Албанија, а не и за Северна Македонија, вели германската амбасадорка во Скопје, Анке Холштајн. – За решавачки насоки во процесот на проширување на ЕУ потребна е согласност од сите земји-членки. Исто како што преговарачката рамка може да биде само едногласно прифатена, датум …

Холштајн: За Берлин е незамисливо ЕУ да даде зелено светло за Тирана, а не и за Скопје Read More »

Се врши притисок врз советниците од Општина Центар за локацијата кај поранешна „Треска“


Општина Центар соопшти дека на вчерашната седница на Советот, во прилог на допис доставен од Агенцијата за планирање на просторот, било изнесено и известување од инвеститорите и сопствениците на земјиштето кај „Треска“ со закана за кривични пријави против советниците и градоначалникот ако ја продолжат постапката за тендер и ако ги суспендираат постојните урбанистички планови. Како …

Се врши притисок врз советниците од Општина Центар за локацијата кај поранешна „Треска“ Read More »

Најдени двајца починати во нивниот дом во Скопје


  Во четвртокот, во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на ул.„Босна и Херцеговина“ биле пронајдени починати А.М.(58) и С.М.(57). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција.

Неготинец загина откако се превртел со трактор


Утрово во 7.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на локалниот пат Неготино – с.Курија, Т.П.(58) од Неготино, управувајќи трактор, изгубил контрола, се превртел и починал на местото на незгодата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен …

Неготинец загина откако се превртел со трактор Read More »

Уреден зелен плоштад кај „Млин Балкан“


  Скопјани од денеска можат да се релаксираат и да се дружат на отворено на уште еден уреден зелен сквер, кај поликлиниката „Идадија“, во центарот на Градот. На локацијата кај „Млин Балкан“ целосно се преуредени површините на предниот и на задниот парк. Делот на паркот кој е лоциран пред амбулантата е уреден за максимално да …

Уреден зелен плоштад кај „Млин Балкан“ Read More »

Доделени првите 11 грантови за жените од руралните средини со цел зајакнување и унапредување на нивната положба во државава


Потпишани првите 11 од вкупно 250 договори за грант наменети за жените од руралните средини во вредност од 3.000 евра, со цел поддршка, зајакнување и унапредување на нивната положба во државава. – Денеска 10 од вкупно 50 наши сограѓанки жени кои со својата работа учествуваат во развојот на земјоделството со својата сопствена иницијатива ќе добијат …

Доделени првите 11 грантови за жените од руралните средини со цел зајакнување и унапредување на нивната положба во државава Read More »

Бугарскиот парламент не ја прифати одлуката за набавка на руската вакцина


Членовите на 45-тиот Парламент на Бугарија, за време на нивната последна седница, ја отфрлија предлог-одлуката за снабдување на руската вакцина против коронавирус „Спутник V“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, предлогот беше поднесен од пратениците на БСП, кои инсистираа на тоа во минатиот бугарски парламент, но и тогаш не беше поддржан. Според Бугарската …

Бугарскиот парламент не ја прифати одлуката за набавка на руската вакцина Read More »

Николовски: Со Законот за потекло на имот го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот


Формираната работна група започнува со подготовка на Законот за потекло на имот, што првпат се воведува во нашата држава и со кој го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот, спречуваме оштетување на буџетот и незаконско богатење врз грбот на граѓаните, вели заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, …

Николовски: Со Законот за потекло на имот го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот Read More »

Денеска се регистрирани 234 новозаразени, починале 25 пациенти, оздравеле 786


Во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на Ковид 19 во: -Скопје 83 -Куманово 27 -Битола 16 -Тетово 14 -Струмица 13 -Штип и Виница по 9 -Кичево 7 -Прилеп и Велес по 6 -Гостивар, Струга и Кочани по 5 -Охрид 4 -Радовиш, Крушево и Демир Хисар по 3 …

Денеска се регистрирани 234 новозаразени, починале 25 пациенти, оздравеле 786 Read More »

Во близина на мостот „Гемиџии“ во Велес извлечен човечки труп од реката Вардар


 Во близина на мостот „Гемиџии“, во реката Вардар денеска околу пладне бил пронајден човечки труп за што било пријавено во СВР Велес, кои со асистенција на пожарникарите од ТППЕ Велес го извадиле телото од реката. Еден од пожарникарите кој учествувал во неговото извлекување за МИА информира дека трупот бил во поодмината фаза на распаѓање. По …

Во близина на мостот „Гемиџии“ во Велес извлечен човечки труп од реката Вардар Read More »

Законските решенија за легализација на дивоградби поддржани од матичната собраниска комисија


Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска ги поддржа предложените измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти, во прво читање, со кои се пролонгира за пет години примената на овој закон, како и Предлог законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка, а кој пак овозможува легализација на …

Законските решенија за легализација на дивоградби поддржани од матичната собраниска комисија Read More »

Филипче повторно побара опозицијата да не го кочи законот за изградба на нов клинички


Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја повика опозицијата да го одблокира донесувањето на новиот Закон за клинички центар, за кој има поднесено 2.000 амандмани, бидејќи граѓаните заслужуваат нов и модерен клинички центар каде што на едно место ќе ги добиваат сите здравствени услуги, што е тренд во светот. Тој рече дека од членот на …

Филипче повторно побара опозицијата да не го кочи законот за изградба на нов клинички Read More »