АПИС и „Сакам да работам“ бараат јавна расправа за измените на Законот за игри на среќа


Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ бараат да се одржи јавна расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет за измените на Законот за игри на среќа, за да се соочат аргументите. Тие сметаат дека предложените законски измени содржат дискриминаторски противуставни …

АПИС и „Сакам да работам“ бараат јавна расправа за измените на Законот за игри на среќа Read More »

Коце Трајановски еден од потенцијалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за скопски градоначалник


Коце Трајановски е едно од имињата кое се мери на анкетите за кандидат за градоначалник за Град Скопје, откри денска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски повтори дека многу скоро, до средината на овој месец, ќе бидат соопштени дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локлани избори. Се преговара, рече, за коалиција, но не само …

Коце Трајановски еден од потенцијалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за скопски градоначалник Read More »

Лицата болни од целебрална фиброза апелираат за потребата од лекот Калидеко, министерот Филипче уверува дека ќе го имаат следната недела


Лицата болни од цистична фиброза информираат дека се во лоша здравствена состојба, откако се потроши лекот Калидеко, кој им овозможуваше да можат да функционираат без да ги чувствуваат последиците од ова заболување. Тие велат дека откако го нема лекот губат тежина, не можат да јадат, ниту пак да се движат. – Без лекот сум многу …

Лицата болни од целебрална фиброза апелираат за потребата од лекот Калидеко, министерот Филипче уверува дека ќе го имаат следната недела Read More »

ДЗР го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на Македонија за 2020 година


Државниот завод за ревизија на веб страницата го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на Република Северна Македонија за 2020 година. – Од извршената анализа на извештаите за пријавени обврски заклучно со декември 2020 година, ревизијата констатира дека од вкупно 1.380 субјекти, во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските (ЕСПЕО) податоци имаат доставено …

ДЗР го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на Македонија за 2020 година Read More »

Лагард: Закрепнувањето на еврозоната од корона кризата и натаму кревко


Економијата во еврозоната почнува да се опоравува од падот предизвикан од пандемијата на коронавирусот, но закрепнувањето и натаму е кревко, изјави денеска претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард.   Претставници на ЕЦБ започнаа дебати за тоа кога треба да ја намалат вредноста на кризната програма за откуп на обврзници, преку која од почетокот …

Лагард: Закрепнувањето на еврозоната од корона кризата и натаму кревко Read More »

Бекеле го откажа учеството на Олимпијадата во Токио


 Кенениса Бекеле, трикратен олимписки шампион во трчање на 5.000 и 10.000 метри нема да биде дел од Олимписките игри во Токио. Триесет и осумгодишниот ветеран во последно време учествува на комерцијални маратони, но одби да се натпреварува во националните квалификации, велејќи дека настапот во Јапонија не одговара на неговиот распоред. Пред само две години – …

Бекеле го откажа учеството на Олимпијадата во Токио Read More »

Аеродром воспостави соработка со општини во регионот


 Претставници на Општина Аеродром во изминатите три дена посетија неколку градови во Западен Балкан и воспоставија контакти и меѓуопштинска соработка со неколку општини во регионот. Остварени се средби во Елези Хан во Косово – за реализација на ЕУ-проектот за меѓугранична соработка; Шенгин во Албанија – за размена на културни вредности, Подгорица во Црна Гора – за …

Аеродром воспостави соработка со општини во регионот Read More »

Двајца возачи загинале во сообраќајка кај превојот Ѓавато


 Двајца возачи загинале во сообраќајка што вчера вечер се случила на  магистралниот пат Битола-Ресен, кај превој „Ѓавато“, во близина на мостот над село Кажани. Како што информираат од МВР, вчера во 22:40 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) …

Двајца возачи загинале во сообраќајка кај превојот Ѓавато Read More »

Вардар ги доби ривалите во ракометната Лигата на шампиони


 Македонскиот ракометен шампион Вардар денес ги дозна противниците во групната фаза од Лигата на шампионите. Ждрепката сакаше Вардар да игра во А-групата заедно со: Пик Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Монпеље, Загреб и Елверум. Во Б-групата се најдоа: ПСЖ, Барселона, Порто на Никола Митрески, Киелце, Флензбург, Веспрем на Дејан Манасков, Динамо Букурешт и Мотор Запорожје. …

Вардар ги доби ривалите во ракометната Лигата на шампиони Read More »

Пендаровски: Време е за рестартирање во регионот и нова синергија од САД и ЕУ


Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски побара од САД и Европската унија да им помогнат на земјите од Западен Балкан да се воспостави нова синергија и рестартирање на регионот, како и заедничка соработка. На панел дискусијата „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан“, која денеска се одржува во Охрид во рамките …

Пендаровски: Време е за рестартирање во регионот и нова синергија од САД и ЕУ Read More »

Казнен налог од 2.000 евра за фалсификување ПЦР тест


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје. -На 28 мај, 49-годишната обвинета се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на …

Казнен налог од 2.000 евра за фалсификување ПЦР тест Read More »

Конзервативците на Меркел ја зголемуваат предноста во анкетите пред изборите во Германија


Расте поддршката за конзервативниот сојуз на германската канцеларка Ангела Меркел пред парламентарните избори во септември, покажува денеска објавеното онлајн истражување на јавното мнение, пренесе ДПА. Во анкетата спроведена од фирмата за истражување на јавното мислење „ЈоуГов“, 30 проценти одговориле дека ќе гласаат за Христијанско-демократската унија на Меркел (ЦДУ) или нејзиниот баварски партнер, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), …

Конзервативците на Меркел ја зголемуваат предноста во анкетите пред изборите во Германија Read More »

Објавен извештајот на Стејт департментот за трговијата со луѓе во светот


Американскиот државен секретар Ентони Бликен го презентираше годишниот извештај на Стејт департментот за трговија со луѓе во светот. Извештајот опфаќа 188 земји и територии, а некои од нив ќе се соочат со потенцијални санкции поради недоволните напори во оваа област. Администрацијата во Вашингтон во извештајот посебно посочи 17 земји кои не прават доволно во борбата против трговијата …

Објавен извештајот на Стејт департментот за трговијата со луѓе во светот Read More »

Дел од Сопиште денеска без вода


Дел од жителите на Општина Сопиште денеска од 10.30 часот имаат прекин во водоснабдувањето. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на улицата „29“ број 39 во Сопиште. Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отсранување на дефект

Разбиена меѓународна нарко мрежа, 38 уапсени во Албанија, Црна Гора, Шпанија и Италија


Италијанските и албанските полициски сили и правосудните органи, денеска, во раните утрински часови спроведоа заедничка операција под кодно име „Душа“, во која се уапсени 38 лица за корупција, злоупотреба на службената положба, перење пари и меѓународна трговија, а запленето е и значително количество наркотици. -Апсењата се извршени во Албанија, Црна Гора, Шпанија и Италија. Апсењата …

Разбиена меѓународна нарко мрежа, 38 уапсени во Албанија, Црна Гора, Шпанија и Италија Read More »

Викендов прв „Јулски коњички турнир“


Во организација на Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија и Коњичкиот клуб Бравадос од Скопје утре на терените во Волково, ќе се одржи „Јулскиот коњички турнир“ и 3. коло од отвореното Државно – првенство во прескокнување на пречки за 2021 година. На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класи А, Б, …

Викендов прв „Јулски коњички турнир“ Read More »

Руси и Чеси ја шпионирале воената вежба на НАТО во Албанија


Албанското обвинителство отворило истрага против двајца руски и петмина чешки државјани за шпионажа на воените вежби на НАТО „Дифендер Јуроп“, пренесува порталот „Албаниан дејли њуз“. Покрената е истрага против руските државјани Георги Буданов и Владислав Черкасов, кои биле во Албанија за време на воените вежби на НАТО во мај-јуни. Според албанската полиција, тие  собирале тајни …

Руси и Чеси ја шпионирале воената вежба на НАТО во Албанија Read More »

Топлотниот бран шок за земјоделските култури


  Натпросечните температури кои ја зафатија земјава предизвикаа шок кај земјоделските култури. Според агрометеоролозите, дехидира зрното кај пченицата која ја немаше постигнато целосната зрелост, а енормно се зголеми и потребата од вода за одржување на вегетацијата кај останатите култури. Од друга страна, ваквите временски услови беа оптимални и овозможија непречена жетва на јачменот која е …

Топлотниот бран шок за земјоделските култури Read More »

Американската војска целосно се повлече од најголемата воена база во Авганистан


Сите американски и коалициски војници го напуштија аеродромот Баграм, најголемата американска воена база во Авганистан, соопшти денеска претставник на Пентагон, јави ДПА. Базата се наоѓа северно од главниот град Кабул и е центар на американските воени операции во последните речиси две децении. Со повлекувањето на американските сили од базата, авганистанските сили ќе бидат одговорни за …

Американската војска целосно се повлече од најголемата воена база во Авганистан Read More »

Нисан вложува над милијарда евра во фабрика за електрични возила во Англија


 Британскиот огранок на јапонската фирма „Нисан мотор корпорејшн“ објави дека ќе вложи 1,18 милијарди евра, со својот кинески партнер „Енвижн АСЕЦ“, за изградба на поголема фабрика за батерии за електрични возила во Сандерленд, северна Англија, и во производство на нов модел на електромобил. Инвестицијата на јапонската компанија, кинескиот партнер и властите на Сандерленд ќе создаде …

Нисан вложува над милијарда евра во фабрика за електрични возила во Англија Read More »