Кина целосно вакцинираше над една милијарда жители против Ковид-19


Кинеската Влада денеска соопшти дека целосно се вакцинирани повеќе од една милијарда луѓе во земјата против Ковид -19, односно над 70 проценти од нејзиното население. Најнаселената држава во светот (1,4 милијарди жители), каде што новиот коронавирус што ја предизвикува оваа заразна болест се појави на крајот на 2019 година, инјектираше вкупно 2,16 милијарди дози вакцини …

Кина целосно вакцинираше над една милијарда жители против Ковид-19 Read More »

Утре натпросечно топло, за викендот врнежи


УХМР најавува дека времето утре ќе биде натпросечно топло, а во западните делови ќе дува засилен западен ветер, со брзина и од над 70 километри на час, што ќе продолжи и во следните денови. Во сабота ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во …

Утре натпросечно топло, за викендот врнежи Read More »

МНР: Нови КОВИД-19 правила за влез во Швајцарија, Белгија и Австрија


Министерството за надворешни работи информира дека Швајцарија, Белгија и Австрија имаат нови Ковид-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји. Нашите граѓани може слободно да патуваат во Швајцарија, но само со потврда за примени две дози од вакцина и пополнет онлајн формулар, додека за тие што патуваат во Белгија и Австрија е задолжителен карантин, …

МНР: Нови КОВИД-19 правила за влез во Швајцарија, Белгија и Австрија Read More »

Жител на Тетово приведен поради пуштање во оптек на фалсификувана банкнота од 100 евра


Полицијата од Тетово приведе жител на градот под обвинение дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 септември во 22:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот Б.К. (58) поради сомнение за сторено кривично …

Жител на Тетово приведен поради пуштање во оптек на фалсификувана банкнота од 100 евра Read More »

ДЗС: Попишани вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови


Вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, информираат денеска од Државниот завод за статистика. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Во Хрватска регистрирани 1.369 новозаразени, починаа деветмина


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.369 нови случаи со корона вирус, па бројот на активни изнесува 7.643. Меѓу нив 628 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 72. Починаа уште девет пациенти од последиците на Ковид-19. Досега во Хрватска се регистрирани 388.260 заразарни, починаа 8.472, оздравеа 372.145. Тестирани се вкупно 2.695.369 …

Во Хрватска регистрирани 1.369 новозаразени, починаа деветмина Read More »

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од две места на најновата ранг-листа на ФИФА


Македонската репрезентација назадуваше две места на ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација, објавена денес. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 74. место (две места послабо од август), откако септемврискиот циклус од Мундијалските квалификации го завршија без пораз, но не забележаа ниту победа на средбите со Ерменија, Исланд и со Романија. Од ривалите на „рисовите“ во квалификациите за …

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од две места на најновата ранг-листа на ФИФА Read More »

Судот во Џакарта обвини највисоки функционери за загадувањето


Судот во главниот град на Индонезија, Џакарта, денеска соопшти дека властите несовесно пропуштиле да воспостават соодветни стандарди во врска со загадувањето на воздухот, одлучувајќи во корист на граѓанската група што ја поднела тужбата. Поднесена е правна тужба во врска со загадувањето на воздухот против индонезискиот претседател Џоко Видодо, неколку министри во кабинетот и истакнати локални …

Судот во Џакарта обвини највисоки функционери за загадувањето Read More »

„One cable“ во индустриската зона „Сарај“ инвестиција вредна три милиони и 30 вработени


Економската активност во земјава расте и во услови на пандемија, а приватните инвестиции, како оваа, се потврда за довербата што ја градиме со бизнис заедницата и за предвидливиот, стабилен деловен амбиент за вложувања, рече премиерот Зоран Заев по посетата на фабриката „One cable“ за производство на кабли во индустриската зона „Сарај“. Како што истакна Заев, …

„One cable“ во индустриската зона „Сарај“ инвестиција вредна три милиони и 30 вработени Read More »

Путин во изолација: Десетици луѓе околу мене се болни од Ковид-19


Рускиот претседател Владимир Путин, принуден да се изолира поради случаи на коронавирус меѓу оние што стапија во контакт со него, рече дека има „неколку десетици“ заразени со Ковид-19 околу него. „Знаете дека, за жал, бев принуден да ја откажам посетата на Душанбе во последен момент. Многу ми е жал, но причината е што, како што …

Путин во изолација: Десетици луѓе околу мене се болни од Ковид-19 Read More »

Секое десетто дете по земјотресот во Загреб покажува симптоми на анксиозност и депресија


 Едно од десет деца покажува симптоми на анксиозност и депресија, а едно од седум деца има посттрауматско стресно нарушување предизвикано од земјотресите, покажува најновото истражување спроведено во Загреб, јави Хрватската радио-телевизија. Градската институција „Поликлиника за заштита на деца и млади“ на примерок од 22 илјади деца спроведе истражување за менталното здравје на децата и младите …

Секое десетто дете по земјотресот во Загреб покажува симптоми на анксиозност и депресија Read More »

(Во живо) Заев во индустриската зона „Сарај“


Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот  и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска ќе ја посетат производствената фабрика од индустриска дејност „One cable“ во Општина Сарај, најави владината прес-служба.   Инвестицијата во индустриска зона „Сарај“ …

(Во живо) Заев во индустриската зона „Сарај“ Read More »

Земјотрес од 6 степени во Кина, загинаа тројца


Најмалку три лица загинаа, а  повеќемина се повредени во земјотрес со јачина од 6,0 степени во провинцијата Сечуан во југозападна Кина, јавија државните медиуми. Според Ксинхуа, земјотресот се случил во округот Лучијан на длабочина од 10 километри. Според извештајот на агенцијата, 1.221 куќа се урнати, повеќе од 3.000 се сериозно оштетени, а акцијата за спасување …

Земјотрес од 6 степени во Кина, загинаа тројца Read More »

Курц: Пандемијата помина, освен за невакцинираните


Пандемијата за вакцинираните помина, но сега имаме пандемија на невакцинираните, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц. „Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз“, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“. Тој посочи дека многумина се …

Курц: Пандемијата помина, освен за невакцинираните Read More »

(Видео) „Спејс икс“ успешно полета во орбитата со четворица цивили


Со ракетата „Спејс икс“ на Илон Маск во вселената полетаа првите четворица вселенски туристи – цивили. Мисијата „Inspiration 4″ е првата која се одвива во орбитата на Земјата без професионални астронаути. Летот на ракетата „Спејс икс“, која стартуваше денеска во два часот утрото по средноевропско време од Кејп Канаверал во Флорида, е изнајмен од американскиот …

(Видео) „Спејс икс“ успешно полета во орбитата со четворица цивили Read More »

Макрон: Го убивме водачот на Исламска држава во Сахара


  Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека припадниците на француската војска го убиле лидерот на Исламска држава во Голема Сахара, Аднан Абу Валид ал-Сахрави. Макрон на Твитер оцени дека тоа е уште еден успех во борбата против терористичките групи во Сахел, област меѓу Сахара на север и суданската савана на југ. Тој не ја откри …

Макрон: Го убивме водачот на Исламска држава во Сахара Read More »

Автомобил се запали во скопската населба Аеродром


Во населбата Аеродром вечерва околу 19 часот се запалил автомобил на паркинг на улицата „Методија Шаторов Шарло“, а во гаснењето на пожарот интервенирале од противпожарната единица на град Скопје. Владимир Симоновски, командант на противпожарната единица во Скопје, за МИА изјави дека не постоела опасност за жителите во зградата, како и дека по брза реакција состојбата била веднаш регулирана.

Намалувањето на бројноста на судиите штетно ќе се одрази врз функционалноста на судскиот систем


Пред Судскиот Совет стои предизвикот за кадровско пополнување на судовите, како со судии, така и со администрација, особено заради фактот дека следува период во кој многумина судии ќе ги исполнат условите за пензионирање, па како итност се отвора прашањето за избор на нови судии. Тоа го истакна претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, на конференцијата …

Намалувањето на бројноста на судиите штетно ќе се одрази врз функционалноста на судскиот систем Read More »

Македонските предизвици кон ЕУ се предизвици за самата Унија


Политиката на проширување со земјите од Западниот Балкан е од особена важност за адресирање на прашањата кои ја засегаат иднината на Европа, потенцираше вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој попладнево во Солун, се обрати на специјалната дискусија за европската перспектива на регионот „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“, иницирана од страна …

Македонските предизвици кон ЕУ се предизвици за самата Унија Read More »

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во северозападните делови од земјава


Земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија на 170 километри северозападно од Скопје денеска е регистриран во 14 часот и 26 минути, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. -Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.2, а беше почувствуван од населението во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти …

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во северозападните делови од земјава Read More »