Земјотрес од 6 степени во Кина, загинаа тројца


Најмалку три лица загинаа, а  повеќемина се повредени во земјотрес со јачина од 6,0 степени во провинцијата Сечуан во југозападна Кина, јавија државните медиуми.

Според Ксинхуа, земјотресот се случил во округот Лучијан на длабочина од 10 километри.

Според извештајот на агенцијата, 1.221 куќа се урнати, повеќе од 3.000 се сериозно оштетени, а акцијата за спасување е во тек.

Властите соопштија дека активирале одговор од втор степен, втор највисок одговор на итни случаи во Кина.

Според Ројтерс, градот Лужоу го активирал првиот степен на одговор при итни ситуации.

Земјотреси често се случуваат во западна Кина.

Сечуан беше погоден од земјотрес со јачина од 7,9 степени во мај 2008 година, во кој загинаа речиси 90.000 луѓе.