Во Кабул поставени 400 звучници да се поттикне слушање молитва на оџите


Четиристотини нови звучници се поставени во авганистанскиот главен град Кабул во обид да се охрабрат верниците да присуствуваат на молитвите, јавија денеска западни медиуми, повикувајќи се на информации од талибанската влада. „За време на претходната управа, звучниците беа отстранети и жителите не можеа да го слушнат повикот за молитва за муслиманите”, објави на Твитер Министерството …

Во Кабул поставени 400 звучници да се поттикне слушање молитва на оџите Read More »

СП2022: Шпанија со високи 7:0 против Костарика


Шпанија ја забележа најубедливата победа во досегашниот тек на Светското првенство во Катар, совладувајќи ја вечерва Костарика со 7-0 (3-0) во рамки на воведното коло во групата Е. Серијата голови ја отвори Дани Олмо во 11 минута по што Шпанија до полувремето ги реши сите дилеми околу победникот со головите на Марко Асенсио (21) и Феран Торес …

СП2022: Шпанија со високи 7:0 против Костарика Read More »

Тревога во Киев по голем број експлозии, најмалку еден загинат


Повеќе експлозии се слушнаа денеска во Киев, каде се огласија сирените за воздушен напад. „Погоден е еден од инфраструктурните објекти во главниот град. „Останете во засолништа! Воздушната тревога продолжува“, напиша на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко. Кличко не даде повеќе детали. Едно лице загинало кога била погодена двокатна зграда во главниот град на Украина. Има и …

Тревога во Киев по голем број експлозии, најмалку еден загинат Read More »

Стефановиќ поднесе предлог резолуција во Собранието на Србија за воведување санкции против Русија


Потпретседателот на српското Собрание од редовите на опозицијата, Борко Стефановиќ, соопшти дека до Комисијата за надворешни работи испратил предлог резолуција за усогласување на надворешната политика на Србија со политиката на Европската унија, со која се предлага воведување соодветен пакет санкции против Русија, кои Владата би морала веднаш да ги спроведе, јави дописникот на МИА од …

Стефановиќ поднесе предлог резолуција во Собранието на Србија за воведување санкции против Русија Read More »

Препознајте ги симптомите на мозочен удар


Препознавањето на симптомите на мозочен удар, адекватното и навременото згрижување на пациентот се од клучно значење за спречување на најлошите последици од оваа болест. Симптоми што укажуваат на мозочен удар се: пореметување на движењата на едната страна од телото, слабост, несмасност, одземање на функцијата на едната рака или нога, трнење на едната страна од лицето …

Препознајте ги симптомите на мозочен удар Read More »

Спину: Половина Молдавија остана без струја


Руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа прекин на испорака на струја во половина Молдавија, изјави денеска вицепремиерот Андреј Спину. – „Молделектрика“ работи на обновување на напојувањето на повеќе од 50 отсто од државата со електрична енергија, рече Спину. Полицијата и молдавската компанија која снабдува електрична енергија на југот и центарот на земјата …

Спину: Половина Молдавија остана без струја Read More »

Маж од Велешта со прострелни рани примен во струшката болница


Педесет и петгодишно лице од Велешта денеска е примено во струшката болница со две прострелни рани во градниот кош. Случајот во полиција го пријавил лекар од Општата болница во Струга. – Во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, со прострелна рана е примен Д.Б. (55) од струшкото село Велешта. Полицијата врши …

Маж од Велешта со прострелни рани примен во струшката болница Read More »

Расправа за Буџетот: Да немаше енергетска криза, дефицитот ќе беше помал


 Собраниската Комисија за финансирање и буџет доцна попладнево ја заврши денешната расправа за Предлог-буџетот за 2023 година, а продолжението на 52-та седница е закажано за в петок во 11 часот. За опозицијата буџетот не е развоен туку инфлациски, кризата не е увезена, а за лошата економска состојба на државата е највиновна Владата. За пратениците од владејачкото мнозинство …

Расправа за Буџетот: Да немаше енергетска криза, дефицитот ќе беше помал Read More »

Спасовски: Зајакнување на соработката со земјите во регионот и ЕУ во справувањето со миграцијата е меѓу приоритети на МВР


Меѓу главните приоритети на МВР во делот на миграцијата е продлабочување и одржување на меѓународната соработка со земјите од регионот, со земјите на транзит и со земјите на потекло, со агенциите на ЕУ и други релевантни меѓународни организации, како и преку активно учество во бројни меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси, истакна денеска министерот …

Спасовски: Зајакнување на соработката со земјите во регионот и ЕУ во справувањето со миграцијата е меѓу приоритети на МВР Read More »

Евростат: Од почетокот на година речиси двојно намален европскиот увоз на енергија од Русија


 Пред нападот врз Украина Европска Унија увезувала помеѓу 26 и 7,6 отсто од вкупниот увоз на енергија од Русија, соопшти Евростат. Помеѓу првиот и вториот квартал, увозот на енергија, пред се на гас и нафта, е драстично намален, а трендот на намалување продолжи и во третиот квартал. Севкупно, од првиот до третиот квартал, уделот на …

Евростат: Од почетокот на година речиси двојно намален европскиот увоз на енергија од Русија Read More »

СП2022: Германците во знак на протест ги покрија устите


Германските фудбалски репрезентативци со рацете ги покрија своите усти за време на групното фотографирање пред денешниот натпревар на Светското првенство во Катар против Јапонија, одговарајќи на тој начин на заканите од ФИФА за санкции поради капитенските ленти со натписот „Една љубов“ (One love). Сите германски играчи се приклучија кон гестот пред десетици фоторепортери пред воведниот натпревар во …

СП2022: Германците во знак на протест ги покрија устите Read More »

Во сите образовни системи во регионот постојат стереотипи за соседите


Многу е важно сите да го признаеме фактот дека постојат стереотипи за нашите соседи во рамки на сите образовни системи во регионот. Затоа нема подобар начин еден човек да се развива од тоа да студира во една мултикултурна средина и да го разменува она што го научил со своите другари и колеги. На овој начин …

Во сите образовни системи во регионот постојат стереотипи за соседите Read More »

УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера


 На Хаити сè поголем број деца заболуваат од колера поради зголемената неухранетост, соопшти денеска УНИЦЕФ. Околу 40 отсто од случаите на заразени со колера во државата се деца. Притоа, девет од 10 случаи се пријавени во области каде владее гладот. – Сега ситуацијата е покомплицирана отколку порано, затоа што речиси половина од заболените од колера …

УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера Read More »

Намалување на енергетската сиромаштија во Град Скопје – Енергија за тебе


Поради потребата од отворено дискутирање за проблемот со зголемениот број на домаќинства кои се соочуваат со „енергетската сиромаштија“, здружението МАЦЕФ Скопје активно работи на спроведување на проектот „Намалување на енергетската сиромаштија во Град Скопје – Енергија за тебе“. – Спроведувањето на проектот „Енергија за тебе“ се јави како неопходност заради се поголемиот број на домаќинства …

Намалување на енергетската сиромаштија во Град Скопје – Енергија за тебе Read More »

Приватните превозници чекаат средба со Арсовска


Приватните превозници од „Слобода превоз” и „Макекспрес” денеска се собраа пред Градот Скопје и побараа средба со градоначалничката на Градот, Данела Арсовска. Целта е како што велат, да го искажат незадоволството од состојбата во која се наоѓаат сега. -Јас сум прв меѓу еднаквите. Дојдовме денеска да побараме средба со градоначалничката, со цел да ја информираме …

Приватните превозници чекаат средба со Арсовска Read More »

Ученик нападнал соученик во приватно училиште во Карпош


Скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.  На 22.11.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(54) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот во приватно училиште на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик, соопштија од МВР. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен …

Ученик нападнал соученик во приватно училиште во Карпош Read More »

Хил: Прашањето за регистерските таблички на Косово треба да се одложи за една година


 Прашањето за регистарските таблички во Косово треба да се одложи за една година и да се посвети внимание на решавање на клучните прашања, порача американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил, јави дописникот на МИА од Белград. Одговарајќи на новинарски прашања, Хил изјави дека е неопходно да се изнајдат долгорочни решенија во Косово и дека таа …

Хил: Прашањето за регистерските таблички на Косово треба да се одложи за една година Read More »

И Годо ќе дојде во Скопје, ама автoбус никако


Приватните превозници од јавниот градски сообраќај во Скопје, кои имаа за задача да ги надополнат линиите од автобускиот сообраќај за скопјани да можат навремено да стигнат на работа, во училиште, на лекар, не се во функција. Автобуси на ЈСП, сега во обратна улога, требаше да ги надополнат овие линии, но граѓаните на главниот град деновиве …

И Годо ќе дојде во Скопје, ама автoбус никако Read More »

Андонов апелира сите заедно да заштедиме денес, за да имаме утре


Со почитување на препораките минатиот месец во споредба со истиот месец лани, државните институции успеале да заштедат 24 проценти од електричната енергија. Владата заштедила вкупно 32 отсто на електрична енергија, информираше на денешната прес-конференција Виктор Андонов, соработник на Владата за енергетика. – Во месец септември, во споредба со истиот месец лани имавме 20 проценти заштедена електрична енергија, …

Андонов апелира сите заедно да заштедиме денес, за да имаме утре Read More »

Учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ можат безбедно да стигнат во училиште


Глувите и наглувите ученици од ДУЦОР „Партенија Зографски“ од општина Гази Баба можат безбедно да стигнат во училиште. Булеварот „Александар Македонски“ доби семафори, а претходно на делот со фреквентната улица „Благоја Стефковски“ беа поставени лежечки полицајци, знаци и вибрациски ленти за намалување на брзината. Ова е резултат на барањата на глувите и наглувите ученици од …

Учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ можат безбедно да стигнат во училиште Read More »