На возач му се слошило, излетал од патот, констатирана смрт од Итната помош


Шеесетгодишник од тетовско Теарце починал додека управувал возило по што излетал од патот. Несреќата се случула утринава околу 6 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Слатино. -Во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај с.Слатино, патничко моторно возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно машко лице од с.Теарце, излетало надвор од …

На возач му се слошило, излетал од патот, констатирана смрт од Итната помош Read More »

Од Караманмараш – градот разурнат од земјотресот – потекнува турскиот сладолед


Турскиот сладолед, што не се топи, а со кој илјадници туристи, сега речиси низ цел свет се забавуваат при неговото сервирање, потекнува од Караманмараш, градот што пред седум дена беше разунат од силниот земјотрес. Во репортажите за овој турски град стои дека илјадници луѓе го посетуваат градот поради неговиот сладолед, што на турски се вика …

Од Караманмараш – градот разурнат од земјотресот – потекнува турскиот сладолед Read More »

Средношколец повредил тројца ученици во Казахстан со секира и нож


Во Петропавловск, град на северот на Казахстан, средношколец повредил тројца ученици со секира и нож. Според регионалниот портал Петропавловск њуз, средношколец, за кој се верува дека е психијатриски пациент, донел секира и нож во училиштето и ги нападнал учениците пред почетокот на наставата, при што повредил две момчиња и едно девојче. Одделот за образование на регионот Северен Казахстан соопшти дека две деца се сместени во детска болница …

Средношколец повредил тројца ученици во Казахстан со секира и нож Read More »

Ивановски напредува на АТП листата, прв пат меѓу најдобрите 500 тенисери


 Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи да се искачува на АТП ранг-листата на која од денеска за прв пат во кариера се наоѓа меѓу најдобрите 500 тенисери. Младиот 18-годишен Ивановски на најновата ранг-листа е позициониран на 494 место, напредувајќи за десет места во однос на претходното рангирање. Ивановски изминатиот период настапи на четири фјучерс турнири во Тунис, на кои два пати дојде до …

Ивановски напредува на АТП листата, прв пат меѓу најдобрите 500 тенисери Read More »

Канзас Сити со неверојатен пресврт триумфираше во 57. Супербоул


Канзас Сити ја освои титулата во американската професионална НФЛ лига, триумфирајќи синоќа во 57. издание на Супербоул, а до својата втора титула во последните четири години дојде со голем пресврт во второ полувреме и тесна победа над Филаделфија Иглс од 38-35 на стадионот „Стејт Фарм“ во Глендејл предводен од нивниот најдобар играч сезонава Патрик Махоунс. …

Канзас Сити со неверојатен пресврт триумфираше во 57. Супербоул Read More »

Шефот на хрватскиот тим во Турција: Украинските колеги биле нападнати, се пука, се краде


На спасувачките екипи во Турција сѐ поголем проблем им предизвикуваат судирите на локалното население, со користење на огнено оружје, кражби и интервенции на војската, потврди за хрватските медиуми телефонски, командантот на хрватскиот тим спасувачи. Тој вели дека тешко е да се работи без придружба од полицијата или војската и дека во близина каде работел хрватскиот …

Шефот на хрватскиот тим во Турција: Украинските колеги биле нападнати, се пука, се краде Read More »

Емисиите на плаг-ин хибридните автомобили се три пати повисоки отколку што покажуваат официјалните тестови


Австриски истражувања покажаа дека официјалните лабораториски тестови драматично ги потценуваат емисиите на plug-in хибридните автомобили во споредба со тестовите во „реалниот свет“. Истражувањето ја доведува во прашање ефикасноста на plug-in хибридните возила, бидејќи тестовите спроведени на Универзитетот во Грац во Австрија за потребите на групата Transport & Environment, која се залага за „чист“ транспорт, откриваат …

Емисиите на плаг-ин хибридните автомобили се три пати повисоки отколку што покажуваат официјалните тестови Read More »

„Мета“ подготвува нов бран отпуштања


Американската компанија „Meta platforms“, сопственик на Фејсбук, го одложи финализирањето на буџетот за неколку тимови како подготовка за нова рунда отпуштања, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Двајца вработени во Мета за весникот велат дека во последните недели не е јасно колкав ќе биде буџетот и идниот број на вработени. „Мета“ на почетокот на овој месец објави …

„Мета“ подготвува нов бран отпуштања Read More »

Зошто сè повеќе непушачи заболуваат од рак на белите дробови?


Ракот на белите дробови е водечка причина за смрт од рак кај жените, а податоците покажуваат дека повеќе жени умираат од овој тип на рак отколку од рак на дојка, јајчници и дебелото црево. Американското здружение за бели дробови наведува дека стапките на рак на белите дробови се зголемиле за 79 отсто кај женската популација …

Зошто сè повеќе непушачи заболуваат од рак на белите дробови? Read More »

„Google maps“ добиваат импресивно 3D искуство за пет градови


Функцијата „Immersive View“ која прв пат е претставена минатата година, сега ќе биде достапна за „Google maps“ во пет градови ширум светот. „Immersive View“ комбинира милијарди „Street View“ снимки од воздух, овозможувајќи им на корисниците да го гледаат квартовите како да летаат над нив, а потоа можат да се спуштат до ниво на улицата за …

„Google maps“ добиваат импресивно 3D искуство за пет градови Read More »

По 35 години отворен граничен премин: Камиони со помош од Ерменија пристигнаа во Турција


Граничниот премин меѓу Ерменија и Турција беше отворен денеска за прв пат по 35 години за да се овозможи хуманитарна помош, изјави турски официјален претставник, пренесува Франс прес. Пет камиони со помош, вклучувајќи храна, вода и лекови, пристигнаа во Турција од граничниот премин Аликан, објави на Твитер Сердар Килич, специјалниот претставник на Турција за дијалог …

По 35 години отворен граничен премин: Камиони со помош од Ерменија пристигнаа во Турција Read More »

Албанија и во јануари бележи благ пад на инфлацијата


Трет месец по ред нивото на инфлација во Албанија бележи благо опаѓање. Според податоците на државниот Институт за статистка, ИНСТАТ, нивото на инфлација, минатиот месец изнесувала 7,1 отсто, следејќи го трендот на намалување, од 7,4 отсто колку што беше во декември, односно 7,9 во ноември. -Текот на овој показател се чини дека е диктиран од состојбата во …

Албанија и во јануари бележи благ пад на инфлацијата Read More »

Русите мора да го заземат Бахмут, но не сме ни блиску до тоа, вели шефот на Вагнер


– Евгениј Пригожин, сопственик на платеничката група Вагнер, истакна дека руските сили мора да го освојат украинското упориште Бахмут за да продолжат со нивната воена операција, но призна дека украинските трупи пружаат жесток отпор. Руските сили се обидуваат да го опкружат и заземат Бахмут, град во источниот регион Донбас кој стана централно место на украинскиот …

Русите мора да го заземат Бахмут, но не сме ни блиску до тоа, вели шефот на Вагнер Read More »

Шефот на СЗО пристигна во Сирија со 37 тони помош


Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска пристигна во сирискиот град Алепо, кој беше погоден од земјотрес, јавија светските новинарски агенции. Тедрос „пристигна на аеродромот во Алепо за да ги посети болниците и засолништата во тој град со министерот за здравство на Сирија и гувернерот на Алепо“, соопшти сириската агенција Сана, пренесува …

Шефот на СЗО пристигна во Сирија со 37 тони помош Read More »

Финскиот претседател верува дека Финска и Шведска ќе влезат во НАТО до лето


Финскиот претседател, Саули Нинисте, денеска изјави дека верува оти Финска и Шведска ќе бидат примени во НАТО во јули и посочи дека сака САД да ја притиснат Турција да ги одобри барањата за членство што ги поднесоа две држави. Нинисте изјави дека доколку се пролонгира решавањето на проблемот, ќе се доведе во прашање целиот процес …

Финскиот претседател верува дека Финска и Шведска ќе влезат во НАТО до лето Read More »

Во пожар изгоре маж во Крушеани


Пронајдено безживотно изгорено тело во куќа во општина Кривогаштани, информираат од полицијата. На 10.02.2023 во 10.20 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Крушеани, Општина Кривогаштани настанал пожар во куќа, сопственост на Ц.П.(43), лице со здравствени проблеми, во кој целосно е опожарен инвентарот во куќата и кровната конструкција. При увидот, во една просторија пронајдено …

Во пожар изгоре маж во Крушеани Read More »

Лајонел Ричи ќе настапи на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети


Светската музичка ѕвезда Лајонел Ричи ќе настапи на концерт по повод дводневната церемонија на крунисување на новиот британски крал Чарлс Трети, на 7 мај во замокот Виндзор, пишува весникот „Сан“. Американскиот пејач е долгогодишен пријател и обожавател на британскиот крал (74) и е еден од амбасадорите на The Prince’s Trust, добротворна организација основана во 1976 …

Лајонел Ричи ќе настапи на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети Read More »

Фатен затвореник кој денеска избегал од затвор


Денеска , во 14.20 часот на ул.”Маџари”, на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Џ.Д.(24) од Скопје. За него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир, каде во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје …

Фатен затвореник кој денеска избегал од затвор Read More »

Штрајк на контролорите на летање на аеродромот Орли во Париз, откажани многу летови


На аеродромот во Париз – Орли денеска беа откажани многу летови поради ненајавен штрајк на контролорите на летови како дел од протестното движење против пензиските реформи во Франција. Француската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека побарала од авиокомпаниите да го намалат распоредот на летови за 50 отсто, почнувајќи од 13 часот денеска. Другиот меѓународен аеродром …

Штрајк на контролорите на летање на аеродромот Орли во Париз, откажани многу летови Read More »

Смртниот биланс од земјотресите во Сирија и Турција надмина 25 илјади лица


Земјотресите со епицентар во Караманмарас беа трипати посилни и поразорни од претходната, најголемата катастрофа во 1999 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган при посетата на Дијарбекир, пренесува Анадолија. Земјотресот окарактеризиран како „катастрофа на векот“ е почувствуван на површина од илјада километри, а, како што рече Ердоган, предизвикал уништување на површина од 500 километри. …

Смртниот биланс од земјотресите во Сирија и Турција надмина 25 илјади лица Read More »