Мицотакис најави вонредна помош за пензионерите кои не добија зголемување на пензиите


Доделување вонредна помош од 200 до 300 евра за пензионерите кои не добиле зголемување на пензиите на почетокот на годинава, најавил премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Новата владина мерка, Мицотакис ја соопштил за време на прес-конференцијата во Козани, рекол дека се проценува дека на речиси 300 милиони евра и објаснил …

Мицотакис најави вонредна помош за пензионерите кои не добија зголемување на пензиите Read More »

Дачиќ: Србија ги отфрла инсинуациите за вмешаност на нејзините граѓани во дестабилизацијата на Молдавија


Србија одлучно отфрла каква било инсинуација за потенцијална вмешаност на нејзини граѓани во можни насилни настани во Молдавија, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во телефонски разговор со молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску. Во врска со вчерашната изјава на молдавската претседателка Маја Санду дека Москва планира да ја дестабилизира Молдавија …

Дачиќ: Србија ги отфрла инсинуациите за вмешаност на нејзините граѓани во дестабилизацијата на Молдавија Read More »

ОН упатија итен повик за помош за Сирија од околу 400 милиони долари


Обединетите нации упатија апел за 397 милиони долари за помош на жртвите од земјотресот во Сирија, каде се загинати илјадници луѓе, а на милиони други им треба итна помош. – Денеска објавувам дека ОН упатија хуманитарен апел за 397 милиони долари за населението погодено од земјотресот во Сирија. Тоа ќе биде доволно за три месеци, …

ОН упатија итен повик за помош за Сирија од околу 400 милиони долари Read More »

Лажна е пријавата за наводно поставена експлозивна направа, завршија потребните проверки


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска, во 16.15 часот завршија потребните проверки во врска со денешната пријава со закана за поставена експлозивна направа, по добиените пораки на приватни електронски адреси на 14 професори, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки …

Лажна е пријавата за наводно поставена експлозивна направа, завршија потребните проверки Read More »

ЕВН Хоме: Исклучувањето на корисниците се користи само како крајна мерка


ЕВН Хоме секогаш го користи исклучувањето на корисниците само како крајна мерка. Во врска со исклучувањето на заедничката потрошувачка во кулата Б од Џевахир, до сопственикот на броилото навремено било испратено опомена пред исклучување. Законска обрска на управителите на зградите, а особено на такви висококатници, е да имаат обезбедено агрегат за лифтовите, бидејќи прекини во …

ЕВН Хоме: Исклучувањето на корисниците се користи само како крајна мерка Read More »

Ангелов: Снемало струја во кула на Џевахир, неофицијално бремена жена останала заглавена во лифт


Апелираме до ЕВН и до управителите на зградите да не се повтори исклучување на струја во висококатниците, бидејќи постои можност да дојде до несакани последици за луѓето кои би останале заглавени во лифтовите, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, откако утринава била исклучена струјата во кулата Б …

Ангелов: Снемало струја во кула на Џевахир, неофицијално бремена жена останала заглавена во лифт Read More »

Вертикални соларни панели може да ги спасат фармите


Калифорниската компанија „Санстал“ ги претстави своите вертикални соларни панели под назив „санзаун“, кои можат да се користат на постоечките полиња и обработливо земјиште, без да се жртвуваат заради чистата зелена енергија. Нивните соларни панели се поставуваат главно како конвенционалните соларни системи, а разликата е во тоа што новиот систем користи бифацијални соларни модули, а цела …

Вертикални соларни панели може да ги спасат фармите Read More »

На 14 професори во едно училиште пратен мејл со дојава за бомба


Денеска,  во 13.54 часот на приватни електронски адреси на 14 професори е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училишта. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЕП забрани продажба на нови бензински и дизел автомобили


Европскиот парламент денеска одобри забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили што испуштаат јаглерод диоксид до 2035 година, со цел тие да се тргнат од патиштата на континентот до средината на векот. Земјите-членки на Европската унија веќе го одобрија законодавството и сега формално ќе го прифатат како закон на претстојниот министерски состанок, и …

ЕП забрани продажба на нови бензински и дизел автомобили Read More »

Издадени 307 одобренија за градење во декември лани


Во декември лани издадени се 307 одобренија за градење, што е за 18,8 проценти помалку во однос на декември 2021 година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.102 131.000 денари, што е за 85,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, …

Издадени 307 одобренија за градење во декември лани Read More »

Регистрирани повеќе од 420 случаи на злоупотреба во Католичка епархија во Есен


Студија за сексуална злоупотреба во Католичката епархија Есен, Германија документираше 423 случаи на сексуална злоупотреба, многу повеќе отколку што претходно што се мислеше. Институтот ИПП, со седиште во Минхен, идентификуваше 201 виновник, главно свештеници од областа и други епархии. Во извештајот, за чија изработка беа потребни три години, анализирани се сите лични досиеја, вклучително и …

Регистрирани повеќе од 420 случаи на злоупотреба во Католичка епархија во Есен Read More »

Нови дојави за бомби во скопски училишта


Учениците од гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Никола Карев“ денеска биле евакуирани, откако пристигнале дојави за бомби, објавија медиумите. Продолжуваат заканите за експлозивни направи, откако и минатата недела имаше пријави на повеќе локации низ Скопје за бомби. Повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на денот.

Уште еден земјотрес во Романија


Силен земјотрес ја погоди и Романија. Според првичните инфорации, потресот бил со јачина од 5,7 степени по Рихтеровата скала. Земјотресот е во близина на градот Фратеши. Земјотресот е регистриран во 13.16 часот на длабочина од 10 км. По него следуваше уште еден, послаб, со јачина од 3,9 степени, а потоа и трет со јачина од …

Уште еден земјотрес во Романија Read More »

Инфлацијата во јануари 17,1 отсто на годишно ниво и 0,1 отсто на месечно


Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 0,1 процент, а цените на мало бележат намалување од 0,4 проценти.  Пораст …

Инфлацијата во јануари 17,1 отсто на годишно ниво и 0,1 отсто на месечно Read More »

Граѓаните алармираа за оштетен потпорен ѕид на Кале, но ненадлежни се и општината и градот


Екипи на Општина Центар извршиле увид во стабилноста на потпорниот ѕид на улицата „Лазар Личеноски“ на Кале за кој, како што информира градоначалникот Горан Герасимовски, стигнале предупредувања од граѓани дека може да се сруши. Станува збор за потпорен ѕид кој е дел од скалите кои водат од улицата „Лазар Личеноски“ до локацијата на Француски гробишта …

Граѓаните алармираа за оштетен потпорен ѕид на Кале, но ненадлежни се и општината и градот Read More »

КСОМ бара платата да се исплаќа до 5-ти во месецот


За да не доцнат повеќе платите и за нивна редовна исплата, од Конфедерацијата на синдикалните организации бараат платата да се исплаќа до 5-ти во месецот, а не како досега до 15-ти.  – Плати сѐ уште нема. Платите доцнат во здравството, образованието, јавните претпријатија и други институции. Ние како Конфедерација на синдикални организации, имаме доставено барање, …

КСОМ бара платата да се исплаќа до 5-ти во месецот Read More »

Платете ги заостанатите сметки за „Водовод“ без камати и на рати


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека од утре, 15.02.2023 започнува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање.  Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15.02.2023 заклучно до 31.03.2023.  – Ги повикуваме сите корисници кои …

Платете ги заостанатите сметки за „Водовод“ без камати и на рати Read More »

Катар донира монтажни куќи користени за Мундијалот за преживеаните од земјотресот во Турција


Катарскиот Фонд за развој најави дека преку донација ќе им помогне на преживеаните во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција да најдат привремено засолниште во 10.000 монтажни објекти, што беа користени за време на Светското првенство во фудбал. Околу 1,4 милиони фудбалски навивачи беа сместени во монтажни куќи за време на Мундијалот, што се одржа …

Катар донира монтажни куќи користени за Мундијалот за преживеаните од земјотресот во Турција Read More »

Црвениот крст ги прати првите камиони со помош за Турција и за Сирија


Хуманитарната помош собрана од страна на Црвениот крст на Северна Македонија денеска тргнува кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник ги зафати Турција и Сирија. Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, информираше дека до денеска собрани се вкупно 25.120.773 денари парична помош, и два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства …

Црвениот крст ги прати првите камиони со помош за Турција и за Сирија Read More »

Утре започнува реконструкцијата на „Ленинова“


Утре, започнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митролополит Теодосиј Гологанов“. Со проектот за реконструкција ќе се постави нов горен и долен строј на асфалт, целосна замена на водоводната и атмосферска канализациона мрежа, ќе се реконструираат старите и оштетени тротоари, ќе се воведе резидентен паркинг по цела …

Утре започнува реконструкцијата на „Ленинова“ Read More »