Брнабиќ ја повика БиХ да се приклучи на иницијативата Отворен Балкан, а Црна Гора да се вклучи повеќе


Српската премиерка Ана Брнабиќ ја повика Босна и Херцеговина да размисли за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан, наведувајќи дека иницијативата нема никаква врска со политика, туку дека ќе придонесе за намалување на тензиите. „Ги замолувам сите од Босна и Херцеговина да размислат за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан. Тоа нема никаква врска со политика, освен …

Брнабиќ ја повика БиХ да се приклучи на иницијативата Отворен Балкан, а Црна Гора да се вклучи повеќе Read More »

Околу 40 студенти од Универзитетот во Луцерн заедно со експерти бесплатно ќе менторираат компании од источниот регион


Околу 40 студенти од швајцарскиот Универзитет во Луцерн заедно со експерти ќе им помогнат на стартап компании, мали и средни претпријатија од источниот регион, да го развијат својот бизнис. Деканот на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Сашко Коцевски изјави дека станува збор за девет компании што ќе добијат бесплатна менторска поддршка …

Околу 40 студенти од Универзитетот во Луцерн заедно со експерти бесплатно ќе менторираат компании од источниот регион Read More »

Во Албанија зголемен бројот на заразени со ХИВ/СИДА, само во еден месец заразени осум лица


Според официјалниот извештај на Заводот за јавно здравје на Албанија, во првиот квартал од годинава и тоа само во период од еден месец потврдени се осум нови случаи со ХИВ/СИДА, од нив петмина мажи и три жени. Петмина од заразените се од Тирана, двајца од Елбасан и еден од Берат. – Оваа полово пренослива болест …

Во Албанија зголемен бројот на заразени со ХИВ/СИДА, само во еден месец заразени осум лица Read More »

Тестирањето ТИМСС прва жртва на штрајкот на Државниот испитен центар


Тестирање ТИМСС (TIMSS – Trends in International Mathematics and Science Study), кое почна на 3 април, а во кое се опфатени 150 основни училишта од државата и до крај на наставната година треба бидат тестирани околу 4.900 ученици на македонски и на албански јазик, денеска не се одржа, во училиштата во кои беше закажано, затоа …

Тестирањето ТИМСС прва жртва на штрајкот на Државниот испитен центар Read More »

Одложена и денешната седница за избор на претседател на Судскиот совет


  Нема решение на повидок како ќе се отплеткува заплетканата ситуација во Судскиот совет. Минатата недела, по скандалозното разрешување на претседателката Весна Дамева, беше одложена една седница за избор на нејзин наследник, а денеска се одкложи уште една седница. Причините не се јасни, освен што има кусо сооопштение. „Судскиот совет на Република Северна Македонија известува …

Одложена и денешната седница за избор на претседател на Судскиот совет Read More »

Следните денови облачно со дожд, в петок сончево и потопло


Под влијание на циклонска активност утре и в четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се намали. Како што информира УХМР, в петок …

Следните денови облачно со дожд, в петок сончево и потопло Read More »

Турција предничи во светот според сопственоста на дигитални валути, Аргентина веднаш зад неа


Нестабилните криптовалути стануваат, по се изгледа, сигурни засолништа за капиталот во некои делови од светот, како што се Аргентина и Турција, каде високата инфлација и падот на локалните валути ги принудија граѓаните да бараат спас во дигиталните пари, наведува Хина. Во однос на сопственоста на дигиталните валути во светот, Турција предничи со удел од 27,1 …

Турција предничи во светот според сопственоста на дигитални валути, Аргентина веднаш зад неа Read More »

Подигната борбената готовност на белоруската армија


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека во последно време се зачестени случаите на диверзанти кои ја пробиваат белоруската граница, поради што побарал детални предлози од безбедносните сили за борба против оваа ситуација. „Не можевме да ја одложиме оваа средба. Ситуацијата нè принудува да реагираме. Затоа на владата и на безбедносните структури им беше наредено …

Подигната борбената готовност на белоруската армија Read More »

Искршена новата спомен-плоча кај Вејце поставена од Левица


Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце, а беше поставена таму на 28 април од страна на политичката партија Левица. На фотографијата објавена од оваа партија се забележува дека уништени се цвеќињата и свеќници, а стои само плочата со имињата оставена од Одборот на …

Искршена новата спомен-плоча кај Вејце поставена од Левица Read More »

Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение од денеска во Кавадарци


Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта, од денеска е обезбеден од локалната самоуправа во Кавадарци, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.   – Ова значи официјално реализирање на ветениот проект ,,Оброк за секое дете”, што беше дел од предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев. Проектот ќе трае …

Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение од денеска во Кавадарци Read More »

(Во живо) Почеток на кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“


Во просториите на EU House Skopje, ќе организираме медиумски бранч, по повод отпочнувањето на кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан “. Кампањата има за цел да ја подигне свеста за можностите создадени од партнерството ЕУ – Западен Балкан. За време на настанот, ќе имате можност да слушнете презентации од двајцата …

(Во живо) Почеток на кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“ Read More »

Challenge Day – Најталентираните ќе добијат стипендија до 70 отсто во СЕДЦ


Сивус едукативен и развоен центар го организира традиционалниот  „Challenge Day“, каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност дa добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области. Настанот ќе се одржи на 6 мај, сабота, од 13 до 16 часот во просториите на едукативниот центар во Скопје и Охрид. Пријавувањето за овој настан …

Challenge Day – Најталентираните ќе добијат стипендија до 70 отсто во СЕДЦ Read More »

Шеќерот е за 61 отсто поскап од лани


Еуростат објави дека цените на шеќерот во Европската Унија се зголемени за 61 отсто во февруари и март 2023 година во споредба со истиот период од претходната година. Најголем пораст е забележан во Чешка (98 отсто), Естонија (97 отсто), Полска, Германија и Латвија, додека помал пораст на цените е забележан во Унгарија (17 отсто), Луксембург …

Шеќерот е за 61 отсто поскап од лани Read More »

Нов дигитален киоск за наплата на фактури на ЈП „Водовод и канализација“ во Сити мол


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје постави нов самоуслужен дигитален киоск за наплата на фактури во Сити мол. Киоскот за наплата на фактурите за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати, информираат денеска од ова претпријатие. – Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку …

Нов дигитален киоск за наплата на фактури на ЈП „Водовод и канализација“ во Сити мол Read More »

Импресивни сцени од Јадранот: Јато китови снимени во близина на Вис


Видеото кое беше споделено на YouTube каналот Morski.hr прикажува група од десет китови во близина на островот Вис во Хрватска. Иако појавата на китови во Јадранот не е толку изненадувачка, она што е невообичаено е што јато од десетина од нив е снимено во водите кај Вис. Видеото го снимил Стефан Торес, а за Morski.hr …

Импресивни сцени од Јадранот: Јато китови снимени во близина на Вис Read More »

Телефонски разговор Османи – Кулеба: Се приклучуваме на формирањето Специјален трибунал за агресијата врз Украина


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска телефонски разговарал со шефот на дипломатијата на Украина Дмитро Кулеба. Османи го информирал Кулеба за одлуката Северна Македонија да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина. – Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата континуирана поддршка за …

Телефонски разговор Османи – Кулеба: Се приклучуваме на формирањето Специјален трибунал за агресијата врз Украина Read More »

Доколку патувате низ Австрија, внимавајте! Некои сообраќајни казни се двојно поскапи


Во Австрија од вчера, односно од 1 мај драстично се зголемени казните за одредени сообраќајни прекршоци на патиштата во однос на претходните. Така, наместо досегашните 50 евра, казната за користење мобилен телефон при возењее изнесува 100 евра. Доколку не ја платите казната на лице место, ќе треба да платите 140 евра подоцна по пријавувањето на …

Доколку патувате низ Австрија, внимавајте! Некои сообраќајни казни се двојно поскапи Read More »

„Кумот на вештачката интелигенција“ поднесе оставка од Гугл: „Опасностите од ВИ се застрашувачки“


Човекот што многумина го нарекуваат кум на вештачката интелигенција ја напушти својата работа и предупреди на „сè поголемата опасност од развојот на полето на вештачката интелигенција“. Џефри Хинтон (75) во интервју за Њујорк Тајмс најави дека се повлекува од Гугл, велејќи дека сега се кае за својата работа. Тој за Би-би-си изјави дека некои од …

„Кумот на вештачката интелигенција“ поднесе оставка од Гугл: „Опасностите од ВИ се застрашувачки“ Read More »

Индустриското производство во март зголемено за 1,3 отсто


Индустриското производство во март годинава во однос на март лани е зголемено за 1,3 отсто. Во првите три месеци од 2023, пак,  во спроредба со истиот квартал лани бележи раст од 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2023 година, во …

Индустриското производство во март зголемено за 1,3 отсто Read More »

Во Софија протест на обвинители, судии и истражители


 Обвинители, истражители и судски службеници во Бугарија денеска ќе протестираат пред судовите низ државата. Судиите спонтано се одлучија на таков чекор по обидот за атентат врз главниот бугарски обвинител Иван Гешев. Според нив нападот врз правдата и националната безбедност е без преседан по својата дрскост и размери. Според бугарските медиуми протестот ќе почне во 11 …

Во Софија протест на обвинители, судии и истражители Read More »